Зло - што е тоа?

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.731
Поени од реакции
34.306
Според мене главен фактор за зло е болката на луѓето,која во некои случаи делува... bla bla bla

Самите избираме какви ќе бидеме-добри или лоши as simple as that.
kon-tra-dik-tor-na si.

Болката не тера да сме злобни или некој рандом избор, зависно од расположение?
Или пак, бираме да сме повредени за да бидеме злобни? Значи злобата е потсвеест на потиснaти мазохистички желби?

Оkay, you lost me.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
kon-tra-dik-tor-na si.

Болката не тера да сме злобни или некој рандом избор, зависно од расположение?
Или пак, бираме да сме повредени за да бидеме злобни? Значи злобата е потсвеест на потиснти мазохистички желби?

Оkay, you lost me.
Значи:болка се појавува од х причини(на тоа неможеш да влијаеш) е сега,можеш да влијаеш како таа болка ќе се рефлектира на тебе-конструктивно или деструктивно :bilokojzbor: .
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.731
Поени од реакции
34.306
Значи:болка се појавува од х причини(на тоа неможеш да влијаеш) е сега,можеш да влијаеш како таа болка ќе се рефлектира на тебе-конструктивно или деструктивно :bilokojzbor: .
Jeзиво смајли. Него, пак би те контрел. Колку што си знам според мене, болката не се манифестира во зло. Ни приближно, не пак да биде главен виновни.. море, ни осомничен. :)) Неправилно канализирање на особините како омраза, љубомора и се негативно во тој контекст ги прави нашите дела нехумани, во друг збор, злобни.

Сепак, зависно за каква болка се зборува. Намерна, ненамерна, од одмазда и остали нејзини класификации.
Значи, сакав со тропањево канти досега да доловам дека се е релевантно. Јас сум злобен ради занимација, понекогаш природно, понекогаш намерно. Срце си.
:back:
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
изопачена свест и лоши мисли... нешто ни се случило и сме одлучиле да бидеме злобни... шириме злоба... можеби општеството така влијаело врз нас... :toe:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Jeзиво смајли. Него, пак би те контрел. Колку што си знам според мене, болката не се манифестира во зло. Ни приближно, не пак да биде главен виновни.. море, ни осомничен. :)) Неправилно канализирање на особините како омраза, љубомора и се негативно во тој контекст ги прави нашите дела нехумани, во друг збор, злобни.

Сепак, зависно за каква болка се зборува. Намерна, ненамерна, од одмазда и остали нејзини класификации.
Значи, сакав со тропањево канти досега да доловам дека се е релевантно. Јас сум злобен ради занимација, понекогаш природно, понекогаш намерно. Срце си.
:back:
Затоа јас не напишав дека МОРА болката да биде манифестирана како зло.Напишав дека имаме избор и токму тоа неправилно канализирање е избор (зборуваме за сосема здрави психички луѓе).
Видот на болка нема врска дали ние понатаму ќе бидеме добри или лоши.
Сите тие филмови на пример дечко ми ако ме остави и дека јас после тоа ќе бидам опасна и безмилосна кучка без емоции и ќе повредувам се што оди и има “такво“ меѓу нозе за мене се бесмислени.
Секако,ќе бидам повредена ама нема да дозволам таа болка да управува со мене и да се повредувам себеси и другите околу мене.

Конкретно за тебе,не ме бива за психоанализи ама сигурна сум дека не си злобен природно,а кога е намерно тоа е уште еден твој погрешен избор :цвеќенце: .
 
С

Сатори

Гостин
Па, ме интересира, која е вашата дефиниција за зло, кои дела се зли?
Зло.
Зарем сите ние не сме исконски зли?
Нормално дека немам ограничена и целосна дефиниција за злото затоа што не верувам дека постои во чиста форма која што е создадена само за деструкција, барем не во човечка форма.
Со тоа што дефинирам само настани и карактери кои што подложени на различни околности даваат различни резултати, она што на некој му изгледа како зло, мене можеби ќе ми изгледа како очај.
Оној што би успеал да го напише злото на хартија треба да биде чиста добрина сама по себе, а таков тип на добро исто така не верувам дека има во човекот.
-Мислите ли дека на нормален човек, вродено му е препознавањето на она што е зло?
Нормално дека не му е.
Она што човекот го разбира со поимот за добро или лошо е она што го учи во процесот на примарна социјализација и тоа се оние стеги кои што денес го извитоперија либерализмот верувајќи дека нема никакви правила или оние што премногу ги вкорениле во себе па се неспособни за било каква промена.
Доброто и злото се меѓусебно тесно поврзани, едно без друго не би можело, исто како што земјата не би постоела без водата, колку и да се различни и контрадикторни во базата.
-Се водите ли по оние начела кои ги има, на пример, во христијанските десет Божји заповеди (без разлика дали сте верник или не), односно не убивај, не лажи, не кради, не клевети, итн...или пак не прифаќате било какви начела, туку само се прилагодувате на законските норми зошто морате, а ги сметате за наметнати?
Начелата се модифицираат кога ќе се стигне на возраст за иницијација, кога она што се разбира е побитно од она што се предава како наравоучение или традиција, барем кај мене.
Она што морам да го почитувам е закон поради кој што сум заштитена, правните норми, додека моралните, премногу се строги и неадаптибилни за она во што човекот денес се претвори.

:вештерче:
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Злото е потреба на индивидуалци, еден тип на храна. Злото е стремеж, концепција, философија на живот. Ментален склоп е. Поединци веруваат дека треба да имаат зли намери и да функционираат на тој начин. Како што реков еден тип на исполнување внатрешно кога чинат злодела. (не мора да бидат казниви, доволно е да бидат зли во својата природа).
 

Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Злото е отсуство на добро. Искривување, одсуство или недостаток на доброто но не е онтолошка категорија, или просто кажано злото не постои (егзизтира) туку се пројавува онаму каде што отсуствува доброто. Сите луѓе суштински се добри но понекогаш повеќе или помалку пројавуваат зло. :kesa:
 

El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Според мене сите со себе имаме некакво мало количество на злоба. Барем така и учи и секоја древна филозофија, па и денешните. Можам да се сложам со Лејди Сатори и малце да го упростам тоа што го кажа во врска со примарната социјализација. Знаеме дека за едне човек да го изгради својот став и карактер најпрво треба да се социјализира. Чинители на социјализацијата се:
1. Семејството - за да бидеш злобен можно е тоа "да ти е во генот", или пак доколку си сведок или жртва на семејно насилство, домашно воспитание и сл
2. Училиште - не верувам дека во школо учат како треба да бидеш злобен, затоа е препорачано секое дете да поседува редовна настава баш заради тоа што училиштето е спротивното од ЗЛО
3. Група на врсници - е овдека се баш оние почетоци на градење карактер, па ако дете расти со погрешна дружина..... се знае на каде оди
4. Адолсцентност - .....ах тие тинејџерски години..... ќе ти се скара девојката/момчето, ќе паднеш во депресија, ќе го мразиш цел свет и додека да се сетиш ќе направиш непромислен потег. Овие се години кога сакаме се да пробаме искусиме, доживееме па не за џабе се вели дека во пубертетот ни растат рогови ( знак на злоба :icon_bigg)
5. Мас Медиуми - и последно ти се масовните медиуми и кампањи и интернет страници кои не сакаш да ги прочиташ зашто содржат содржини кои го менуваат мислењето кон лошо...
Значи, можеби не сум во право ако гледаме од религиски аспект, зашто ако некој човек е злобен значи дека е опседнат од темна виша сила, но од социолошки и психолошки аспект злобата се појавува во зависност од тоа како индивидуалецот ќе и пристапи на социјализацијата
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Индивидуално и општо зло.

Индивидуалното зло е злото кое поединецот го сфаќа како зло.

Општото зло го прават законите на општеството. Т.е. она што го оправдува општеството е доброто, а она што не го оправдува е всушност злото. Мислите? :)
 
А

Антоние

Гостин
Општеството е на многу начини како холивудски филм.Има добар тип, има лош тип и крај на филмот со порака која ги зацрвстува општествените норми.
Размислете за ова. Класичен холивудски филм. Едноставно е. Не е ни земено како на пример - сите мислат дека се добри и секој има различни мислења и луѓето си прават работи и ситуации едни на други за кои забораваат и на крајот на денот едноставно срања се имаат случено. Не работи тоа така.
Имаш добар тип, имаш лош тип и имаш возвишена порака на крајот која гласи "НАПРЕД АМЕРИКА".
Постои едноставност во целиов систем. Сите мислат дека се добрите момци,"нашата земја е добра а оваа другава земја е лоша",и сите веруваат во ова, сите се на страната на Бог - "Господ е на наша страна" а не е битно кој си.
Луѓето ја сакаат оваа едноставност,не сакаат да мислат, не сакаат да погледнат во мултидимензионалноста во која работи светот, не сакаат да копаат длабоко, едноставно сакаат да ги примат своите верувања и да си легнат да спијат, и да им дозволат на нивните верувања да се погрижат за се.
Ова е вистинското зло во општеството.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Не ја гледам човечката интровертност и себичност во однос на апстрактното на начин како што ја гледа пријателот над мене.Барем не во однос на манифестацијата.
На улица децата се расправаат чиј татко е појак.На автопат тинејџерите се тркаат да видат чиј мотор е побрз.Возрасните патриоти и богомолци фрлаат боеви глави за слава на Бога и супремација на знаме.
Социолошката појава на локализирање глобален феномен,по систем на оксиморон си носи колатерала,а таа е манифестирана преку намерна игнорантност втемелена во пропаганда.Ништо ново не е субјективитетот,па макар и оној наметнатиот.Infact,тоа е она кое ни дава таква палета на дефинирање зло како поим,засебно и со лични,базирани на карактер и искуства,размисли.

Но ако се ограничиме кон земските фактори и движења,дефиниција нема да најдеме.Ниту пак смееме.Во делови од светот педофилијата,многубоштвото,домашното насилство и убиството(најчесто во форма на крвна одмазда) се сосем нормални работи,а со тоа и оспоруваат унифициран став на човештвото за тоа што е зло.Така и треба да биде.Секој си има доволно мртви клетки во сивата маса да одлучи што е за него врховно зло и од што би мочкал во гаќи.За метафизика очигледно овде нема место. :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Па, ме интересира, која е вашата дефиниција за зло, кои дела се зли?

-Мислите ли дека на нормален човек, вродено му е препознавањето на она што е зло?
На нормален човек (иако незнам каков е тој нормален човек) не може да му биде препознавањето на злото вродено. Злото како такво не постои. Постојат само нашите мисли и стравови кои го чинат истото и поради што не можеме надвор од нас да го пронајдеме истото. Нештото што за нас е зло, за истиот тој кој го создава тоа зло очигледно е дека не е зло. Секој со себе си ги носи своите болести, умствени или душевни, па секој си има различни потреби за зло и добро.

-Постојат ли луѓе што се пример за зло, кои што се апсолутно зли? Ако да, што ги прави такви?
Не постојат апсолутно зли луѓе. Мора да постои некој баланс, впрочем според мене секој во себе содржи иста количина зло колку што содржи и добрина. Работата е што ќе манифестира повеќе. Дали доброто или злото? Дали повеќе ќе прави лоши или добри работи? Но, и тоа секако не е апсолутно, нештата се менуваат па и луѓето со нив.

-Се водите ли по оние начела кои ги има, на пример, во христијанските десет Божји заповеди (без разлика дали сте верник или не), односно не убивај, не лажи, не кради, не клевети, итн...или пак не прифаќате било какви начела, туку само се прилагодувате на законските норми зошто морате, а ги сметате за наметнати?
Се водам само по кармичките верување. Секој потег кој ќе го направиш порано или подоцна ќе ти се врати, било добро или лошо.
И тоа е навистина така без разлика дали постои или не постои кармата, зашто ниту еден човек не останува неказнет под ова небо и апсолутно слободен.

Лично, кај себе и кај другите, постојано наидувам на своевидно лицемерие во тој поглед...Ќе ги земам хомосексуалците за пример...
Луѓе кои се сметаат себе за етични, добри и го бранат моралот, ја поистоветуваат љубовта меѓу хомосексуалците со зло, а истовремено, своите повици за бесење на хомосексуалците на плоштад, ги сметаат за нешто што е добро, исправно.
Јас тука гледам контрадикција...Као, да љубиш човек од ист пол е зло, но да го убиеш или физички малтретираш и понижуваш е добро.
И милион вакви примери на двојни стандарди за зло.
Се согласувам. Луѓето се лицемерни, но и тука наидуваме на двојната природа на човекот и она што го зборував погоре- колку добро толку зло. Затоа и посегнуваат по животот на другите во конкретниов пример. Недостатоци во секој поглед постојат и тоа е така затоа што во најголем процент луѓето ја употребуваат умствената свест на општеството,а не сопствената. Ако општеството се согласи дека хомосексуалците се лоши, тогаш ретко кој ќе се спротивстави и речиси сите ќе се согласат дека тоа е така. Колективната и најчесто погрешна свест секогаш ќе ја надвладее индивидуалната и лошите работи ќе се случуваат.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Мислам дека е малку екстремно да се каже дека злото може да е вродено. Особено кога збориме за нанесување зло некому.
На пример, дечиштата од маало што убиваат мали мачиња го прават тоа затоа што никој од дома не ги научил дека е погрешно и веројатно затоа што се растени во средина каде насилството се поттикнува, наместо да се обесхрабрува. Не можам во никој случај да речам дека 5 годишно дете би содомизирало живо суштество затоа што е злобно, туку затоа што сеуште не научило да го разграничува злото од доброто.

Или не знам, еве сериски убиец да речеме, не убива затоа што имал зло као генетска предиспозиција, туку затоа што има извртена перспектива на реалноста (условно речено, е болен), која пак е последица на сите околности во кои растел како дете, и на влијанијата на средината воопшто.

Апсолутно зло, како и апсолутно добро, не постојат како категории. Апстрактно илустрирани преку религиозни битија како Ѓаволот или Господ-да, меѓутоа како фактички форми, не, затоа што во секоја форма има дел од јинот и дел од јангот, само процентуалната застапеност варира кај поединците.

10 божји заповеди се всушност морални норми кои секој треба да ги почитува, и се трудам да се водам според нив, не од религиозни причини, туку од етичко-морални. Ова „се трудам“ е условно кажано, зошто за поекстремните „зла“ секако дека не морам да вложувам труд да не ги направам (на пр. „Не убивај“), додека за „помалите„ да речам (ако воопшто постои таква градација) сум свесна дека се погрешни, ама како човек, понекогаш ги погазувам :)
 

MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
Патетика и хипноза на шпанските ебани серии, американските transformers филмови, разни општестено- морални принципи кој циркулираат неконтролирано и инфицираат со Грандиозната победа на доброто врз злото си ги манифестира своите консеквенси. Догматски се негира се што е отстапување од општо прифатените општествени и морални норми игнорирајќи ги големите културни, социолошки, правни, субјективни, хетерогени и сл. диференции на секоја единка како посебна индивидуа(единствена) со индивидуален поглед пред себе. Со ваков третман поведенијата кој се чисто последица на ниско ниво на свеснот се класифицираат под зло во кој спаѓаат и они дејствија кој се последица на она Pure Evil во човекот.
Кога само девојката која се облака во црно, слуша hеаvy metal, пуши доаѓа во 4 сабајле доме пијана се третира како злобна, тогаш се што ќе кажам за трговија со бело робје е бизарно во кој невини жртви свирепо се експлатираат во бесконечниот ланец на трговија, со една и единствена цел, поголем профит и поголеми Хавајски вили на големите нарко босеви, кој неконтролирано од големата алчност за пари ги претвара во она ја шо го викам Pure Evil.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom