Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Којзнае,еден ден...можно е...ако стигнеме до анархија...злото ќе се сведе на најмала можна мера...Не може злото да се изедначува со доминација. Супериорни луѓе, лидери, мора да постојат се` додека нивото на свет на луѓето не стигне дотаму да можеме да функционираме во анархија (што не верувам дека ќе се случи!). Значи, мора да има доминантни, зошто не би успеале инаку да донесеме ниедна одлука - ако не владее никој, би владеела дезорганизираност и глупост. Вака народот по пат на мнозинство си бира кој сака да решава за него, значи ипак има избор. А гледано не на ниво на цела држава, пак мора да има лидер, само што често човек нема избор, посебно во капиталистичкото општество кога или ќе слушаш или ќе леташ од работа. Посебно ако ти се погоди шефче што обожава да си игра со луѓе.
Да не тупам, ипак злото има многу врска со доминацијата. Често се водам по тоа дека доброто/злото кај човек се открива баш кога ќе му дадеш супериорност и моќ. Значи, кога може да си поигрува со тебе, а тоа сепак не го прави од свои човечни причини, човек е добар. А кога ја искористува моќта за да си поигрува и манипулира баш зошто му се може, онда е злобен.
Не само глеано на ниво на држава или фирма, туку и во пријателските односи, на секој што ќе му кажеш твоја тајна, му даваш моќ. Може да ја рашири(зло), а може и да ја задржи за себе(добро). Може да ја искористи за да те манипулира/уценува (зло), може да ја искористи и за да ти помогне(добро).
Доминантните не учат дека не можиме без нив...а ние сме поверувале во таа лага...што е зло само по себе...тие најмногу се плашат луѓето да не сфатат дека можат сами да се организираат...