Мислам дека е малку екстремно да се каже дека злото може да е вродено. Особено кога збориме за нанесување зло некому.
На пример, дечиштата од маало што убиваат мали мачиња го прават тоа затоа што никој од дома не ги научил дека е погрешно и веројатно затоа што се растени во средина каде насилството се поттикнува, наместо да се обесхрабрува. Не можам во никој случај да речам дека 5 годишно дете би содомизирало живо суштество затоа што е злобно, туку затоа што сеуште не научило да го разграничува злото од доброто.
Или не знам, еве сериски убиец да речеме, не убива затоа што имал зло као генетска предиспозиција, туку затоа што има извртена перспектива на реалноста (условно речено, е болен), која пак е последица на сите околности во кои растел како дете, и на влијанијата на средината воопшто.
Апсолутно зло, како и апсолутно добро, не постојат како категории. Апстрактно илустрирани преку религиозни битија како Ѓаволот или Господ-да, меѓутоа како фактички форми, не, затоа што во секоја форма има дел од јинот и дел од јангот, само процентуалната застапеност варира кај поединците.
10 божји заповеди се всушност морални норми кои секој треба да ги почитува, и се трудам да се водам според нив, не од религиозни причини, туку од етичко-морални. Ова „се трудам“ е условно кажано, зошто за поекстремните „зла“ секако дека не морам да вложувам труд да не ги направам (на пр. „Не убивај“), додека за „помалите„ да речам (ако воопшто постои таква градација) сум свесна дека се погрешни, ама како човек, понекогаш ги погазувам
