Зло - што е тоа?

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ок, знам дека зло и добро како категории, немаат (или нејќеме да имаат) универзална дефиниција.
Но, сепак, секој од нас има претстава околу тоа што е зло, што е она кое едноставно не е пожелно да се прави, и по автоматизам ни ствара осуда.

Па, ме интересира, која е вашата дефиниција за зло, кои дела се зли?

-Мислите ли дека на нормален човек, вродено му е препознавањето на она што е зло?

-Постојат ли луѓе што се пример за зло, кои што се апсолутно зли? Ако
да, што ги прави такви?

-Се водите ли по оние начела кои ги има, на пример, во христијанските десет Божји заповеди (без разлика дали сте верник или не), односно не убивај, не лажи, не кради, не клевети, итн...или пак не прифаќате било какви начела, туку само се прилагодувате на законските норми зошто морате, а ги сметате за наметнати?

Лично, кај себе и кај другите, постојано наидувам на своевидно лицемерие во тој поглед...Ќе ги земам хомосексуалците за пример...
Луѓе кои се сметаат себе за етични, добри и го бранат моралот, ја поистоветуваат љубовта меѓу хомосексуалците со зло, а истовремено, своите повици за бесење на хомосексуалците на плоштад, ги сметаат за нешто што е добро, исправно.
Јас тука гледам контрадикција...Као, да љубиш човек од ист пол е зло, но да го убиеш или физички малтретираш и понижуваш е добро.
И милион вакви примери на двојни стандарди за зло.

Но, да не должам, повелете
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Зло

Зло е нешто што самите го дефинираме.
Да не забегувам во темата на различна перцепција и релативитет.

Злото е морално објективно однесување.
Велиш за луѓето кои ги судат хомосексуалците и велат дека хомосексуалноста е зло, а сакаат да ги запалат на клада, исто како она “Fighting for peace is like screwing for virginity" -George Carlin
Злите дејствија се морални грешења, злото е објаснување за зачетокот на лошото во светот.

Сепак се е релативно...:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.349
Зло е спротивно од добрина и среќа.
Therefore, луѓето кои им ја одзимаат среќата и ја спречуваат добрината на останатите, се злобни луѓе.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Секое дело што носи било каква и чија несреќа, за мене е злодело.Секое, ама баш секое...
Дали вродено знаеме што е зло и лошо? Јас мислам да.
Апсолутно зли луѓе? Ако се водам по мојата дефиниција, тоа се луѓе чии дела носат само и само несреќа.Можеби ќе звучи наивно, но не верувам дека постојат такви луѓе...
Се водам по секое начело кое сметам, верувам дека е исправно.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.675
Поени од реакции
4.787
Секое дело што носи било каква и чија несреќа, за мене е злодело.Секое, ама баш секое...
Дали? .. што со она зло кое е МОРАЛНО .. некој ти прави зло и ти како ќе му вратиш .со добро .па бетер да те згази ..злото поттикнува неизбежно зло од страна на жртвата ...со тоа ти му правиш зло на агресорот со цел да ти биде подобро ..како гледате на ова
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.349
И да е морално, пак е зло. Мада, ниедно зло не е морално.
Мислам дека си ги помешал поимите „нужно“ (неизбежно) и „морално“. Ваљда си мислиш дека од „мора“ доаѓа “морално“ :)
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Разорувачко и уништувачко влијание врз човекот продуцирано од страна на паднатите духови..(моја дефиниција) но да не заборавиме човекот ја има секогаш можноста за избор! Примерот за хомосексуалците не ми е баш соодветен аку некој е вистински верник не треба да има став дека тие треба да се спалат на клада...значи не ги подржувам хомосексуалците но аку сум верник тоа не значи дека треба да останам рамнодушна и индиферентна на одредени појави но се разбира во поглед на карактерот ретко ке најдете хомоген човек чисто лош или чисто добар ...затоа сме луге одржуваме баланс :)
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Злото не постои како злото што беше во петиот елемент, тоа не е некоја апстрактна категорија, злото е сврзано со карактерот и одлуките на човекот кој се води од интерес и потреба да направи максимално добро за себе и да ги реализира идеите кои ги смета за правилни.
Разликата е во патот на доаѓање до некоја цел, но никако не би требало да се смета дека неконвенционалниот злобен според универзално прифатените норми начин е погрешен.
Злото е генетски всадено, луѓето не се табула раса кога ќе се родат како што многумина тука милуваат да напишат, во детето е акумулирано целото наследство од претците, па постојат предиспозиции, па и конечни решенија за тоа каков ќе биде некој.
Има исклучоци, но не смееме да се согласиме дека минатото на родителите во несоцијална компонента, не влијае врз породот.
Злото може да биде и социјално наметнато, но сепак мислам дека мораат да постојат природни услови за да се развие кај човекот како треба.
Убивање на хомсексуалци е непотребно. Тие се осудени на смрт со тоа што не е предвидено од природата да имаат потомство, како претпазна мерка за нивниот потенцијално опасен ген да не се шири понатаму.
Треба да се остават да си мизеруваат на начин кој е определен за нив.
На крај злото е за добро, мора да постои терезија за евалуирање на квалитетите на човекот.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.675
Поени од реакции
4.787
@Acid .. да да .. неизбежно е правиот збор .. има многу такви примери низ црнава хроника .. злоставувањата од страна на агресорите (кои во овие примери се повеќе психичко малтретирање )често завршуваат со поголемо злодело од страна на жртвите .т.е. убиство на агресорот ...
 

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Зло е се она што се случува во еден општенствено-цивилизациски контекст притоа нанесувајки болка (физичка или духовна) на поединецот или на групата и сето тоа е надвор од општо - прифатените норми на рационално-прифатливо расудување и однесување за мнозинството во дадената временски заокружена целина

Злото не постои како злото што беше во петиот елемент, тоа не е некоја апстрактна категорија, злото е сврзано со карактерот и одлуките на човекот кој се води од интерес и потреба да направи максимално добро за себе и да ги реализира идеите кои ги смета за правилни.
Разликата е во патот на доаѓање до некоја цел, но никако не би требало да се смета дека неконвенционалниот злобен според универзално прифатените норми начин е погрешен.
Злото е генетски всадено, луѓето не се табула раса кога ќе се родат како што многумина тука милуваат да напишат, во детето е акумулирано целото наследство од претците, па постојат предиспозиции, па и конечни решенија за тоа каков ќе биде некој.
Има исклучоци, но не смееме да се согласиме дека минатото на родителите во несоцијална компонента, не влијае врз породот.
Злото може да биде и социјално наметнато, но сепак мислам дека мораат да постојат природни услови за да се развие кај човекот како треба.
Убивање на хомсексуалци е непотребно. Тие се осудени на смрт со тоа што не е предвидено од природата да имаат потомство, како претпазна мерка за нивниот потенцијално опасен ген да не се шири понатаму.
Треба да се остават да си мизеруваат на начин кој е определен за нив.
На крај злото е за добро, мора да постои терезија за евалуирање на квалитетите на човекот.

не би се согласил дека злото е запишано во кодот на гените, едноставно злото е наметнато од страна на поединци или групи врз поединец или група. пр. војна,
но може да биде и директна последица од друго зло пр. убиство, а претходно индивидуата била под тортура на убиениот.. и тн.
има мал милион примери во кои злото само зло раѓа....
но мораме да го прифатиме како неминовна појава во сите цивилизации кои постоеле на земјата од искона до денес...???
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Зло е одземањето на живот на припадник на својот вид.Зло е беспотребното одземање животи и истребување на други видови.Зло е предизвикување на физички и психички последици од еден врз друг субјект.Зло е ускратување на можностите од страна на еден субјект кон друг со што директно се загрозува опстанокот на вториот.Зло е наметнување на разни концепти кои потоа го држат поединецот или групата под контрола со цел да бидат користени како батерии (оние од Матрикс,фигуративно).Зло е...

А дали може да се каже кои се амбасадори на злото во светот?

Разорувачко и уништувачко влијание врз човекот продуцирано од страна на паднатите духови..(моја дефиниција) но да не заборавиме човекот ја има секогаш можноста за избор!
Најголем дел од луѓето во светот имаат многу мал ако воопшто имаат некаков избор...а кога се нема избор се раѓаат зли работи...
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Дел човечката потреба за дуалност како типична релација на човековата свест. Резултат на претераност, непринципиелност, и нерамнотеженост, чие потполно значење е релативно во однос на времето.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ок, знам дека зло и добро како категории, немаат (или нејќеме да имаат) универзална дефиниција.
Но, сепак, секој од нас има претстава околу тоа што е зло, што е она кое едноставно не е пожелно да се прави, и по автоматизам ни ствара осуда.

Па, ме интересира, која е вашата дефиниција за зло, кои дела се зли?

-Мислите ли дека на нормален човек, вродено му е препознавањето на она што е зло?

-Постојат ли луѓе што се пример за зло, кои што се апсолутно зли? Ако
да, што ги прави такви?

-Се водите ли по оние начела кои ги има, на пример, во христијанските десет Божји заповеди (без разлика дали сте верник или не), односно не убивај, не лажи, не кради, не клевети, итн...или пак не прифаќате било какви начела, туку само се прилагодувате на законските норми зошто морате, а ги сметате за наметнати?

Лично, кај себе и кај другите, постојано наидувам на своевидно лицемерие во тој поглед...Ќе ги земам хомосексуалците за пример...
Луѓе кои се сметаат себе за етични, добри и го бранат моралот, ја поистоветуваат љубовта меѓу хомосексуалците со зло, а истовремено, своите повици за бесење на хомосексуалците на плоштад, ги сметаат за нешто што е добро, исправно.
Јас тука гледам контрадикција...Као, да љубиш човек од ист пол е зло, но да го убиеш или физички малтретираш и понижуваш е добро.
И милион вакви примери на двојни стандарди за зло.

Но, да не должам, повелете
Во зависност од нашите потреби, желби и стравови разграничуваме што е добро а што не. Бидејќи човекот е социјално суштество горенаведените поими се истовремено и индивидуални и колективни. Се што не е во складност со очекувањата на мнозинството е зло. Се што не е во складност со нечии индивидуални сваќања е зло.
Што се однесува до разжестените „бранители“ на моралот, ретко кога сум ги сметал за добри. Тие се само исфрустрирани.
И јас сум препознал лицемерие во себе и во другите. Мислам дека е тоа така бидејќи сметам дека едно зло е помало од некое друго, а немам „добар, убедлив и ненасилен “ контрааргумент. Како и да е, кај човекот ништо не е потполно, па ни злото.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Зло-недостаток на доброто кое сите го посакуваат.

Двојната теорија тврди дека не постои зло без добро и дека не постои добро без зло.Во религиозен контекст злото претставува свесно одлучување да се прават грешни дела и отстапување од божественото.

Според мене главен фактор за зло е болката на луѓето,која во некои случаи делува конструктивно и луѓето се борат против неа со што придонесуваат на позитивен психички развој,но кога луѓето одлучуваат да побегнат од болката и кога не ја прифаќаат психичкиот притисок се зголемува и се појавуваат гневот и одмаздата како главни оружја на злото.

И повторно,без разлика на причината,се појавува изборот кои сите го имаме за донесување на одлуки.Убавината на човечкото постоење се состои во слободата на избор која наспроти тоа со себе носи енормна одговорност.
Еден од најголемите предизвици на човековиот ум е изборот помеѓу доброто и злото.Бирајќи го секој чекор на нашиот пат ја детерминираме идната револуција на нашата душа.

Самите избираме какви ќе бидеме-добри или лоши as simple as that.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom