Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.661
- Поени од реакции
- 34.954
Макпетрол ги полнат и тестираат пред полнење сите, таму не ти ни паѓа твојата, купуваш еднаш, а потоа само со смена си земаш полна.Ти дале фискална дека продале плин за 600 денари. Не постои бензинска во мкд каде што легално се точи плин во боца.
Која е таа баш ме интересира?
Инаку и јас имам од тие обичните, сам си менувам гумици на 1-2 полнења, ги полнат на приватните и на ОКТА, бркаат работа да испржиш нешто на брзина, јас ги користам само за пржење или подварување нешто набрзина, грав никако да ја оставам да стои 2 саати без да сум до неа.
А на темата, секој со своите потреби и времето, ако си невработен или пензионер имаш време да правиш зимници, али ако работиш стави ги и дневниците што треба да ги заработиш за времето додека ја спремаш и ќе испаднеш во минус по 250 денари тегла ајвар да плаќаш. Втора работа е прашање и дали јаде човек од тие работи, да седнам да јадам еднаш во 2-3 недели ајвар да, али секој ден да мачкам ајвар/мармалад НЕ.
Порано дома правеа моите повеќе работи, имаме овоштарник па правеа доста компоти од праски, сливи, круши, кајсии,па разни видови пиперки, кисела салата од моркови/зелени домати/карфиол/краставички и убави се не викам дека не, па мелени домати (тие како одат пржени со јајца или со кромидче мх), кечап, али веќе ретко кој има време да ги прави тие работи.
Поубаво е кога си го бирал сам тоа што го правиш и кога знаеш дека си ставил плодови, а не остатоци од плодови али јбг, обврските си го прават своето.
И прасе е најубаво кога ќе стуткаш самиот купено од село, и селско коковче, али ем забранија да не смее да се коли, ем ретко кој го практикува од останати причини, па јадеме секакво ѓубре.