Месо во тегла

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Можеби и има за ова рецепта-зимница отворена тема,или може и во друга да се склопи,
но јас да ве потсетам и натерам да си го направите ова.Сега е време за........................... Picture 1903.jpg Месо во тегла.Потребно ви е следново,за 15 тегли (како јас што направив)
до 9 кгр свинска кртина или еден свински бут 10-12 кгр.
- се сече месото на парчиња,големина како парче локум.
- се насолува месото со мала доза на кујинска сол.
- се редат-полнат теглите,се потиснува месото внатре до врв.
- се остава сосем мал празен простор под капачето.
- вода не се додава и ништо друго (некогаш ставав две -три зрна бибер)
- се затвараат теглите со соодветни капаци и клуч.
- се стават-редат теглите во лонец,на дното на лонецот се става некоја решетка.
- се полни лонецот со ладна вода,1см пониско од висина на теглите.
- се става на „огин“ и откога ќе почне да врие водата,се остава уште до 30 минути.
- се исклучува или трга од огинот,а теглите од лонецот се вадат утредента.
- ако некоја тегла не била убаво затворена или примила вода,се користи веднаш.
- вака приготвеното Месо во тегла може да остане и до 2 години.
- повкусно месо незнам и дали постој од ова - вакво.
- пријатен апетит - празници се ближат...................................................................................................................... Picture 1904.jpg еве како изгледа Месо во тегла, првата тура од синоќа.
Кој сака да проба(на 16 јануари ги отварам сефте) вино да си понесете по желба.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
@Anco од каде ти текна сега ова?!
се сеќавам пред 20 и нешто години јадев вакво кај роднини власи во едно село во Егејска Македонија , и да...вкусно беше , ама они имаа премногу месо и поради фактот што сето не им го собираше во фрижидер го приготвуваа и вака - некако чудно ми дојде кога видов дека ти приготвуваш на овој начин ( веројатно имаш свои свињи) инаку денес- кога месарниците се преполни и имаш во секое време малтене свежо - јас не би се одлучул на ваква „зимница„ -ниту пак на фриз за длабоко замрзнување па колку сака и да е вкусна - а до толку и не е нешто посебно
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.198
136 теми отворени

Добри-0
Лоши-136

Имаш пробано што вкус има или онака само си желен за малце внимание.[DOUBLEPOST=1417342558][/DOUBLEPOST]
@Anco од каде ти текна сега ова?!
се сеќавам пред 20 и нешто години јадев вакво кај роднини власи во едно село во Егејска Македонија , и да...вкусно беше , ама они имаа премногу месо и поради фактот што сето не им го собираше во фрижидер го приготвуваа и вака - некако чудно ми дојде кога видов дека ти приготвуваш на овој начин ( веројатно имаш свои свињи) инаку денес- кога месарниците се преполни и имаш во секое време малтене свежо - јас не би се одлучул на ваква „зимница„ -ниту пак на фриз за длабоко замрзнување па колку сака и да е вкусна - а до толку и не е нешто посебно
Каква врска има свежо месо од месарница со ова?
Да не го јадиш сурово можи?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Каква врска има свежо месо од месарница со ова?
Да не го јадиш сурово можи?
јадам како што сакам, а не од што морам и што немам друга опција па да го одберам овој начин
можеби не си сфатил, па ај ....ако имаш свои свињи и ги заколеш -ќе имаш премногу месо наеднаш и на истото ќе мораш да му најдеш чаре да не се расипе и ваквиот начин е ок , а доколку немаш свои свинчиња- купуваш свежо онолку колку ти треба и си го приготвуваш онака како ти е желбата- затоа ги спомнав месарниците каде во секое време имаш месо по избор
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
И јас имам јадено нешто слично на ова, но разликата е во тоа што парчињата беа помали, а теглите беа исполнети со зејтин. Всушност личеше како туна конзерва.
Нешто превкусно:)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.198
јадам како што сакам, а не од што морам и што немам друга опција па да го одберам овој начин
можеби не си сфатил, па ај ....ако имаш свои свињи и ги заколеш -ќе имаш премногу месо наеднаш и на истото ќе мораш да му најдеш чаре да не се расипе и ваквиот начин е ок , а доколку немаш свои свинчиња- купуваш свежо онолку колку ти треба и си го приготвуваш онака како ти е желбата- затоа ги спомнав месарниците каде во секое време имаш месо по избор
Ова е еден таков рецепт за приготвување на месо за кој треба да помини некое време за да созрее( ајде така да се изразам) и дека имало свежо месо по продавници и не ти помага многу. Најсвежо купиго, сега заклано џабе ти е. Никогаш нема да успееш да го зготвиш или да го добие вкусот на вака приготвено месо кое отстојало некое време. Да не споменувам дека во него нема ништо освен сол, за разлика од купечкото обработено месо кое само еден господ знае што се не има во него.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Највкусно месо според мене, и подобро домашно одгледан од тегла отколку купено свежо, оти немате претстава по какви депонии се хранат свињите што ги откупуваат трговците. А водичката што е меѓу парчињата и се прави како пача ми е најслатка.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.198
Анчо од методиве каде ги вади , не знам ... Прв пат читам за ова .... Ама месо у тегла као зимница да чуваш е најнов крик во македонската,мада и балканса технологија на конзервирање ... Уште фали нешто друго да се пикне у тегла .... Фетиш на Македонецот е да пика у тегла .... :ROFLMAO:
Тоа дека ти освен за хамбургер, чипс и ајвар, за друго не си слушнал не е крив Анчо.
Ова не е нити нешто ново, уште помалце револуционерно. Ова е знак дека младината ни е ебиветер и појма си нема од животот. Како што тргна работата по 10 години некој од вас ке мисли дека свинското месо или месото воопшто расти на нива и треба да има вкус на прашок за перење. Па ако види жива свиња ке мисли дека е некое митско животно. Не дај боже да присуствува на колење. Ке се зачуди кога ке види( ако не падни во несвест прво) дека во неа внатре нема готови спаковани парчиња месо во вакумирани најлонски кеси со бар код , состав и дата до кога е употребливо;)
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Жити се ова првпат го гледам. Месо во тегла, зимница...Колку е безбедно месото вака да стои подолг период? Нема ли опасност од расипување и сл?
 
А

Атомската мравка

Гостин
Ова ти доаѓа како еден вид домашен месен нарезок :) (ако е тоа што мислам) на почеток изгледа грдо али кога ќе отстои малце е мераци за јадење.
 
Последно уредено од модератор:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.198
Жити се ова првпат го гледам. Месо во тегла, зимница...Колку е безбедно месото вака да стои подолг период? Нема ли опасност од расипување и сл?
Едно е посолено, друго е пастеризирано. Ако не туши теглата , поприлично е безбедно за јадење и по подолг временски период. Не дека ке го чуваш години и години.
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Нема поента да се труеш со сол и да преземаш ризик да се отруеш или пола месо да фрлиш кога има длабоко замрзнување или уште подобро свежо од месара.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Ваков домашен нарезак (од дивеч мислам беше) јадев еднаш и никогаш нема да го заборам.
Убајни.
Навидум изгледа едноставно, но се работи за вистински специјалитет. Како што кажа Анчо.. малку бибер и сол е сосем доволно. По вриењето месото ќе испушти течности и мрсно, па после некое време тие ќе се стврднат во вид на маст и желе. Месото ем саламурено, ем се топи в уста.

Поздрав, и кој не пробал - пропуштил.


п.с. Мразам тролчиња на вака сериозни теми поврзани со мевцуле :mad:
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
@Anco од каде ти текна сега ова?!
се сеќавам пред 20 и нешто години јадев вакво кај роднини власи во едно село во Егејска Македонија , и да...вкусно беше , ама они имаа премногу месо и поради фактот што сето не им го собираше во фрижидер го приготвуваа и вака - некако чудно ми дојде кога видов дека ти приготвуваш на овој начин ( веројатно имаш свои свињи) инаку денес- кога месарниците се преполни и имаш во секое време малтене свежо - јас не би се одлучул на ваква „зимница„ -ниту пак на фриз за длабоко замрзнување па колку сака и да е вкусна - а до толку и не е нешто посебно
Ова го знам и го практикувам над 40 години. Нема нешто подобро.
Има месари и месо, ама ова ти е веднаш готово кога сакаш или кога ќе те изненади некој,
само отвори и истури во чинија,нема никакво приготвување потоа.
Инаку живеам во стан, за жал немам ни куќа или двор па да би имал свињи,мада сега и тие што порано чувале свињи се откажуват.
И не само Месо во тегла,правам и други работи во ТЕГЛА, 1000 пати е подобро него ли да е замрзнато или пак со салицили и хемикалии,тука не треба ништо само ја полниш теглата со било што(на пример со разен зеленчук,или со овошје) и ја вриеш.
Највкусно месо според мене, и подобро домашно одгледан од тегла отколку купено свежо, оти немате претстава по какви депонии се хранат свињите што ги откупуваат трговците. А водичката што е меѓу парчињата и се прави како пача ми е најслатка.
Точно така,на втората слика,теглите се сликани веднаш откако ги извадив сабајлево и беа уште топли,а кога ќе се оладат, здрви месото де, нема да има течност туку желе.
Жити се ова првпат го гледам. Месо во тегла, зимница...Колку е безбедно месото вака да стои подолг период? Нема ли опасност од расипување и сл?
Ако за кратко време не покаже нешто лошо теглата,а се познава и по вриењето,тогаш тоа месо внатре е безбедно за јадење да речам бесконечно. Кога ќе ја отвориш теглата како сега да е приготвено и не треба ни топлење,но може да се става и во чорби-манџи
Ова ти доаѓа како еден вид домашен месен нарезок :) (ако е тоа што мислам) на почеток изгледа грдо али кога ќе отстои малце е мераци за јадење.
Да,не се веднаш отвараат,најдобро после неколку месеци-години, и личи на месен нарезок но со 102 % чисто месо (а не уши и опашки од Гавриловиќ),порано на времето имаше шунка во триаглеста конзерва е таа личеше на ова,ама тоа пред 40-50 години.
Едно е посолено, друго е пастеризирано. Ако не туши теглата , поприлично е безбедно за јадење и по подолг временски период. Не дека ке го чуваш години и години.
Еве кој пробал знае, и точка.
---------------------
Па направете си мајкуму уште утре а може за проба и во 3 тегли со 2 кгр. месо.[DOUBLEPOST=1417353984][/DOUBLEPOST]
Нема поента да се труеш со сол и да преземаш ризик да се отруеш или пола месо да фрлиш кога има длабоко замрзнување или уште подобро свежо од месара.
Сол ако сакаш стави,ако не и не мора,а може и со малку шеќер,
Со ова не се труеш,се труеш со замрзнато од Бразил и со чизбургери на семафор.
А за дл.замрзнато - јок, ама само треба да пробаш и од ова.[DOUBLEPOST=1417354084][/DOUBLEPOST]
Ваков домашен нарезак (од дивеч мислам беше) јадев еднаш и никогаш нема да го заборам.
Убајни.
Навидум изгледа едноставно, но се работи за вистински специјалитет. Како што кажа Анчо.. малку бибер и сол е сосем доволно. По вриењето месото ќе испушти течности и мрсно, па после некое време тие ќе се стврднат во вид на маст и желе. Месото ем саламурено, ем се топи в уста.

Поздрав и кој не пробал, пропуштил нешто добро.


п.с. Мразам тролчиња на вака сериозни теми поврзани со мевцуле.
Се топи во уста точно така, да ти е жал на друг да му принесеш што се вели.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ова како лизга со домашно црвено вино или со ракииче. Ммммммм... И тоа уште додека е топло, нема што да стои и одстојува.
Јас една тегла ја полнам скоро до горе со месо, кртина најчесто, и и ставам само сол, да го дополни остатокот од теглата. Ја ставам во тава во која има наполнето вода и правец во рерна. Најубаво е во шпорет на дрва, два три саати да си крчка, може и повеќе ако е послаб огнот. После вади и лапај е работава. И не нема да биде пресолено. Превкусно е. Лелеј ме настрвивте!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom