Зимница - потреба или помодарство?!

Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.344
Поени од реакции
4.961
Полека ја одминуваме втората половина од септември и веќе почнувам да гледам како чури по некоја соба/шпорет по комшиските куќи, собрани на купче лупат пиперки, мелат, се меша ајвар, тука се и мармаладите, печи-гмечи, по некоја лутенка, недоминливите салати, царска, медицинска, се разбира фамозната туршија и бурето со зелка без која ниедна куќа нема да изостане.
За најекстремните тука се теглите со месо, да има и тоа. Конзервирано барено месо во тегли!

Но дали ни е потребно сето тоа?

Дали денес во 21 век кога на неколку стотици метри имате Веро, Тинекс, Рамстор, КАМ, Жито.... и ред други супермаркети кој нудат разноврсна храна во текот на целата година и храна која е достапна 365 дена во годината е потребно складирање на резерви се со цел да се поминат студените зимски денови?

Јас мислам дека не сме 18 век и не живееме во планина како нашите баби и дедовци на кои најблиската бакалница им била одалечена 23 километрии па се спремале за метро и 20цм снег и тотално отсечување од цивилазација. Да запалиш огон и да мешаш 40кг пиперки ништејќи им ги сите хранливи вредности во град од 1.000.000 жители е еднакво на универзумска глупост.
Ако ги знаете оние preppers во Америка што цел живот се спремаат во бункери складирајќи храна за да дојде Апокалипсата и никако да дојде... Дури и тие сме ги заебале.

Најиронично е што финансиски таквото припремање за зимата е крајно неисплатливо и големи количини од складираната храна на пролет ќе се најјде во контењери меѓутоа тоа се занемарува затоа што сме среќни оти сме преживеале уште една зима која инаку немаше да ја преживееме без сите тие сочни салицилини, винобрани, киселини, крупна морска сол и ред други оксидантни состојки кој во организмот ствараат една убава специјална средина погодна за создавање разно разни канцерчиња.

Кое е вашето мислење за феноменот "Зимница" и дали останатиот свет е толку прост и будала што не ја практикуваа оваа благородна навика.

Последно уредено од модератор:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Се согласувам, во најголем дел е непотребна работа и џабе фрлени пари и време, особено ако искуството покажало дека претходните години еден куп пинџури, мармалади и компоти се фрлиле напролет.

Реално некои работи како киселиот зеленчук може да се најдат за згодни во зимските месеци кога нема свеж, односно кога патлиџанот е 150 денари и има вкус на хартија, или да имаш неколку тегла џем и марламалад да ти се наоѓаат ако ти посака душата, но во глобала трупање залихи нездрава храна како да ќе почне војна е банално во денешно време.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.845

Спремањето зимница е, меѓу другото, традиција. Иако во последно време не практикувам, спремањето го почитувам.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
100% подобро домашно откоку купено од маркет (подобро да не знаете како го прават)... Катастрофа.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Секако дека домашно е подобро, но што е подобро, препржена и пресолена зимница наспроти свеж зеленчук од пазар?

Пак ќе кажам, убаво е да има по нешто од сите тие зимници, но реално му требаат ли на некој 50 тегла пинџур и 50 тегла компот да си кажеме вака најискрено.
 
M

MD_

Гостин
За најекстремните тука се теглите со месо, да има и тоа. Конзервирано барено месо во тегли!
Конзервирано месо ништо неможе да го замени, наместо да јадеш нарезок од кој знае какви меса внатре вака си отвараш тегла со супер квалитетно месо.

Дали денес во 21 век кога на неколку стотици метри имате Веро, Тинекс, Рамстор, КАМ, Жито.... и ред други супермаркети кој нудат разноврсна храна во текот на целата година и храна која е достапна 365 дена во годината е потребно складирање на резерви се со цел да се поминат студените зимски денови?
Не е само поради тоа да се поминат “студените зимски денови“ туку се работи за практичност, заштеда и најбитно уживање за гурманите во вкусна храна

Да запалиш огон и да мешаш 40кг пиперки ништејќи им ги сите хранливи вредности во град од 1.000.000 жители е еднакво на универзумска глупост.
Сета среќа па ти се што конзумираш е со одлична нутритивна вредност

Најиронично е што финансиски таквото припремање за зимата е крајно неисплатливо и големи количини од складираната храна на пролет ќе се најјде во контењери меѓутоа тоа се занемарува затоа што сме среќни оти сме преживеале уште една зима која инаку немаше да ја преживееме без сите тие сочни салицилини, винобрани, киселини, крупна морска сол и ред други оксидантни состојки кој во организмот ствараат една убава специјална средина погодна за создавање разно разни канцерчиња.

Кое е вашето мислење за феноменот "Зимница" и дали останатиот свет е толку прост и будала што не ја практикуваа оваа благородна навика.
Правилно чуванана зимница трае и со по неколку години без проблем така да нема потреба да се фрла, ете уште имаме од ланскиот компот, ајвар и салата
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.502
Поени од реакции
11.570
Полека ја одминуваме втората половина од септември и веќе почнувам да гледам како чури по некоја соба/шпорет по комшиските куќи, собрани на купче лупат пиперки, мелат, се меша ајвар, тука се и мармаладите, печи-гмечи, по некоја лутенка, недоминливите салати, царска, медицинска, се разбира фамозната туршија и бурето со зелка без која ниедна куќа нема да изостане.
За најекстремните тука се теглите со месо, да има и тоа. Конзервирано барено месо во тегли!

Но дали ни е потребно сето тоа?

Дали денес во 21 век кога на неколку стотици метри имате Веро, Тинекс, Рамстор, КАМ, Жито.... и ред други супермаркети кој нудат разноврсна храна во текот на целата година и храна која е достапна 365 дена во годината е потребно складирање на резерви се со цел да се поминат студените зимски денови?

Јас мислам дека не сме 18 век и не живееме во планина како нашите баби и дедовци на кои најблиската бакалница им била одалечена 23 километрии па се спремале за метро и 20цм снег и тотално отсечување од цивилазација. Да запалиш огон и да мешаш 40кг пиперки ништејќи им ги сите хранливи вредности во град од 1.000.000 жители е еднакво на универзумска глупост.
Ако ги знаете оние preppers во Америка што цел живот се спремаат во бункери складирајќи храна за да дојде Апокалипсата и никако да дојде... Дури и тие сме ги заебале.

Најиронично е што финансиски таквото припремање за зимата е крајно неисплатливо и големи количини од складираната храна на пролет ќе се најјде во контењери меѓутоа тоа се занемарува затоа што сме среќни оти сме преживеале уште една зима која инаку немаше да ја преживееме без сите тие сочни салицилини, винобрани, киселини, крупна морска сол и ред други оксидантни состојки кој во организмот ствараат една убава специјална средина погодна за создавање разно разни канцерчиња.

Кое е вашето мислење за феноменот "Зимница" и дали останатиот свет е толку прост и будала што не ја практикуваа оваа благородна навика.
Се согласувам, во најголем дел е непотребна работа и џабе фрлени пари и време, особено ако искуството покажало дека претходните години еден куп пинџури, мармалади и компоти се фрлиле напролет.

Реално некои работи како киселиот зеленчук може да се најдат за згодни во зимските месеци кога нема свеж, односно кога патлиџанот е 150 денари и има вкус на хартија, или да имаш неколку тегла џем и марламалад да ти се наоѓаат ако ти посака душата, но во глобала трупање залихи нездрава храна како да ќе почне војна е банално во денешно време.
Јас зимницата ја направив во последната недела од август 2017, 22 денари за килограм црвен пипер - ресенски.

Две тури на ќумбе на плин, плинската боца 600 денари за 20 литри, 2 дена печење и лупење пиперки и уште 2 дена пржење на ајварот, и направена зимница. Ем евтино, ем еколошки чисто и здраво.

Зошто ?

Затоа што планирам во зима да трошам пари на други работи, наместо да ги фрлам во Веро, Тинекс, Рамстор, КАМ, Жито Маркет и не знам кои други продавници за прехранбени производи.

Туршија и кисела зимница не правам.

Секако дека домашно е подобро, но што е подобро, препржена и пресолена зимница наспроти свеж зеленчук од пазар?

Пак ќе кажам, убаво е да има по нешто од сите тие зимници, но реално му требаат ли на некој 50 тегла пинџур и 50 тегла компот да си кажеме вака најискрено.
Домашното секогаш е најдобро.

И да, тие 50 тегли се трошат цела зима и цела пролет кај мене дома, понекогаш останува по нешто и за на лето.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Ако се направи ајвар или било што така се штеди и поубав е домашниот ајвар
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Ме отруја комшиите од карши со едно скапано ќумбе, директно во куќа ми влага димот. А оние од позади уште не почнале, ама кога ќе почнат алишта не можеш да пружиш, све смрди корне. Кажете кај да пријавам? Секакви ѓубра, гуми, лакирани лајсни и не знам какви срања бутаат во ќумбињата секоја сезона, ме штипат очи, ме гребе грло, а и општо во маалото смрди кога се шеташ по улица и те удира дим од секој двор.
Никој нема право да тероризира и малтретира со некои глупи обичаи што треба одамна да бидат забранети во секоја урбана средина. Ако сакате да правите домашен ајвар одете на село.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Мислам дека не е помодарство, веројатно за некои луѓе сеуште е потреба, но за повеќето е глупава навика.
Секако дека домашно е подобро, но што е подобро, препржена и пресолена зимница наспроти свеж зеленчук од пазар?

Пак ќе кажам, убаво е да има по нешто од сите тие зимници, но реално му требаат ли на некој 50 тегла пинџур и 50 тегла компот да си кажеме вака најискрено.
Немаат сите пари да купуваар свеж селенчук зимно време, но чудо е што знам многу луѓе кои имаат пари и пак прават зимници.
Ние не правиме никаква зимница, кога ни се пријаде си купуваме тегла ајвар, кисели краставички и итн. Се на се зимно време трошиме околу 20-30 тегли зимница вкупно.
Не ни се исплати да правиме зимница затоа што немаме време, а и кога ќе удриш математика не е голема разликата да си купуваш зимница.
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Па веројатно немате пробано убав домашен ајвар. И до март ние дома го јадеме. И топ ми е.
Се прави и по некој мармалад, компот, ништо не ни останува до пролет, а камоли да се фрли, бог да чува. Тие киселите не ги правиме.
Воопшто не сум против за ваквава традиција и не ми смета.

Ми смета комшијата што цел ебан месец чури ќумбиња за ракија.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Па веројатно немате пробано убав домашен ајвар.
А кој спомна нешто за вкусот бе девојче? Кој нејќе да јаде убав ајвар? Проблемите се други. Првиот е тоа што нема никаква контрола за тоа со што се потпалува огнот во ќумбињата, да не се повторувам од погоре. Вчера искачаше црн чад од кој што печеа очи. Мислам дека @Dexter26 e единствен во МК ако не и пошироко што купил плинска боца од 600 денари за да си направи ајвар.

Вториот проблем е што повеќето населби сега се урбанизирани и ако пред 20 години имало само ниски бараки со дворчиња па секој можел ќумецот кај сака да го усмери и да си чури, сега тој дим комшијата што го пушта од негов двор доле мене директно ми ја загадува собата, ми ги чади алиштата, буквално ме труе.
Е тоа е мојата традиција, да дишам дим од лак и горена гума секоја сезона.

Ајвар ако сакате да јадете ќе си одите и ќе си купите од Дием, ако некој рече дека не е вкусен збори чисто од инат.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Еееее, баба ми две вреќи брашно тегнеше до дома од пусти страв кога почна шарената револуција, вие се чудите зошто се плашат луѓето дали ќе преживеат зима од -10 :eek:
 
D

dobramuzika

Гостин
се знае, десет - петнаесет тегли ајвар, пет тегли мармалад од сливи и нема потреба од правење друго. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom