Зимница - потреба или помодарство?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Ти дале фискална дека продале плин за 600 денари. Не постои бензинска во мкд каде што легално се точи плин во боца.
Која е таа баш ме интересира?
Макпетрол ги полнат и тестираат пред полнење сите, таму не ти ни паѓа твојата, купуваш еднаш, а потоа само со смена си земаш полна.
Инаку и јас имам од тие обичните, сам си менувам гумици на 1-2 полнења, ги полнат на приватните и на ОКТА, бркаат работа да испржиш нешто на брзина, јас ги користам само за пржење или подварување нешто набрзина, грав никако да ја оставам да стои 2 саати без да сум до неа.

А на темата, секој со своите потреби и времето, ако си невработен или пензионер имаш време да правиш зимници, али ако работиш стави ги и дневниците што треба да ги заработиш за времето додека ја спремаш и ќе испаднеш во минус по 250 денари тегла ајвар да плаќаш. Втора работа е прашање и дали јаде човек од тие работи, да седнам да јадам еднаш во 2-3 недели ајвар да, али секој ден да мачкам ајвар/мармалад НЕ.
Порано дома правеа моите повеќе работи, имаме овоштарник па правеа доста компоти од праски, сливи, круши, кајсии,па разни видови пиперки, кисела салата од моркови/зелени домати/карфиол/краставички и убави се не викам дека не, па мелени домати (тие како одат пржени со јајца или со кромидче мх), кечап, али веќе ретко кој има време да ги прави тие работи.
Поубаво е кога си го бирал сам тоа што го правиш и кога знаеш дека си ставил плодови, а не остатоци од плодови али јбг, обврските си го прават своето.
И прасе е најубаво кога ќе стуткаш самиот купено од село, и селско коковче, али ем забранија да не смее да се коли, ем ретко кој го практикува од останати причини, па јадеме секакво ѓубре.
 
Дефинитивно, единствена традиција која треба да си ја почитуваме и што ни е останата е Зимница. За време на припремање на Зимница, кај нас дома се едни од тие ретки моменти кога ние сите заедно се собираме и работиме. Најдоброто нешто што го правиме е се собираме, семејство, пријатели, комшии и си помагаме да направиме зимница. Моите од секогаш практикувале да земат пипер по 100-150 кг и да го направиме. Кај нас дома буквално сред зима нема ниту ајвар, ниту се останато што сме приготвувале. Повторно купуваме. Но,сепак пазиме што гориме, и каде гориме. Мене искрено ми се полни срцето кога ќе видам заедно со моите да ги приготвуваме сите овие работи. Фрижидерот кога ќе отвориш и ќе видиш дека имаш нешто домашно во него, е непроценливо.
 
Домашно подготвена зимница е незаменлива, оние срања во маркет што ги продават тоа ни свиња не го јаде, пред некој ден земав мешана салата тегла од маркет, катастрофа вкус, дали си каснал морков краставица карфиол од тоа се има ист вкус
Во ајварот нема скоро ништо хранливо, така да едино како гурмански додаток, не може да послужи како хранлив продукт.

Јас јадам житарици за појадок, поздраво е.
Поздраво е да, дека содржат витамински додатоци на измет и издркотини од лебарки и глувци, ајвар во секое време е поздраво повкусно од житарици.
 
Поздраво е да, дека содржат витамински додатоци на измет и издркотини од лебарки и глувци, ајвар во секое време е поздраво повкусно од житарици.
Да, сигурно тој преостанат 0,01 процент од витаминот Ц од пиперките го прави ајварот најздравата храна во галаксијата.

Пример, овесот е една од најздравите и нутритивно најквалитетните намирници, али штом ти си прочитал за лебарките и глувците...:unsure:
 
Во ајварот нема скоро ништо хранливо, така да едино како гурмански додаток, не може да послужи како хранлив продукт.

Јас јадам житарици за појадок, поздраво е.
А мора да е хранливо и здраво?
 
А мора да е хранливо и здраво?
Владе, ништо не мора бе. Затоа и велам гурмански додаток, го едуцирам детето кои мисли дека ајварот е хранлив и здрав ( не е ни нездрав, да се разбереме ).
 
Владе, ништо не мора бе. Затоа и велам гурмански додаток, го едуцирам детето кои мисли дека ајварот е хранлив и здрав ( не е ни нездрав, да се разбереме ).
Па ништо не е здраво ако така гледаме,ајварот се јаде од потреба,потреба е,како благо,како солено,како месо,како чипс
 
Владе, ништо не мора бе. Затоа и велам гурмански додаток, го едуцирам детето кои мисли дека ајварот е хранлив и здрав ( не е ни нездрав, да се разбереме ).
Тоа е веќе друг муабет :)
А да и да се надоврзам на темата да преферирам да јадам зимница во зима. По можност домашна. Под зимница покрај разноразни конзервирани зеленчуци, ајвари, слатка и џемој исто подразбирам и домашно вино и ракија.
 
Па ништо не е здраво ако така гледаме,ајварот се јаде од потреба,потреба е,како благо,како солено,како месо,како чипс
Јас јадам само и само органско узгајани житарици, органски зеленчук и органско овошје и јајца од препелица.

Ти живееш многу нездрав живот бтв, Инчуле.
 
Јас јадам само и само органско узгајани житарици, органски зеленчук и органско овошје и јајца од препелица.

Ти живееш многу нездрав живот бтв, Инчуле.
Ни тоа што јадепш ни житариците не се здрави
 
Јас јадам само и само органско узгајани житарици, органски зеленчук и органско овошје и јајца од препелица.

Ти живееш многу нездрав живот бтв, Инчуле.
од каде купуваш “органски“ во Македонија!?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom