Зимница - потреба или помодарство?!

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Зимицата е и потреба, е и традиција, но најмалку е помодарство. Помодарство е тоа да кажуваш дека не треба да готвиш и да правиш зимница.

Иначе ние секоја година правиме ајвар, малиџано, лутеница, печи гмечи, во последниве години мармалад од темни сливи, туршија, кисели феферонки/пиперчиња, а порано сме правеле и компот, апетитка и уште некои други работи. Тоа го правиме, затоа што навистина е убаво во зима да пробаш нешто домашно, квалитетно и вкусно. И не, воопшто не се споредува ајварот со патлиџанот израснат во зима, кој се продава за висока цена, а е далеку од природен. А и не се споредува со купечката зимница која е далеку од вкусот на една зимница. За црнките, лушпите и семките кои шетаат низ купечкиот ајвар да не збориме.

Така да луѓе правете си зимница и истата традиција гледајте да им ја пренесете на своите деца и внуци:)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Тие што ги мрзи да направат ќе кажат, дека нема потреба има се низ маркетите и за 20 години никој нема да прави ајвар. Уствари на таквите ништо не е потребно, ни ајвар, ни туршија, ни сос, а да им дадеш домашно приготвено ќе се убијат јадејќи. Се е им е комплицирано да се направи и џабе потрошено време и пари.

Не е тој истиот домат што ќе го направиш во лето и оној што ќе го купиш во зима. Не е ни истиот ајвар како домашниот.
Си ставате домати, пиперки без прашок, ги вакумирате теглите и тоа е тоа. Сеа барем имате и машина за ајвар и е доста олеснување во подготовката за најмалку 3-4 часа.

Секоја фамилија си знае што највеќе се јаде и колкава количина им е потребна и толку си прави. Некоја сезона ќе промашиш и ќе направиш повеќе или помалку, ама од наредна ќе знаеш колку е потребно. Некои немаат пари за приготвување на разновидна храна, немаат ни за свеж зеленчик, па цела зима ја поминуваат со пинџур, ајвар, кисели пиперки. Не може да се каже што ќе им се тие 50 тегли од ова, 50 од она.
Немате 2000 евра плата како на запад, па секој ден да јадете се свежно и тазе приготвено.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.880
Топ ствар е зимница, воопшто не е помодарство него е мерак на страна традицијата, и секако може да се спреми дома во количини по твој избор + избор на мастраф исто така по твој избор. Релативно може да се помине и поекономично со план, пошто се е ствар укуса на крај краева.
 
K

kicodarker

Гостин
Леб може во секое време да се направи дома, вкусен домашен на дрва печен. Ама никој не се малтретира, купува 20-25-30 денари векна и чиста работа.
И на ајвариве ќе им измине времето кога ќе изумрат сите што се родиле во време кога тито бил жив.
Иако мислат дека го заебале консумеризмот, дека нема да купува ајвар, па ја купува цела роба за да го направи ајварот.
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Традиција, а секако дека за некои и потреба.​
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
Тито е крив за ајваро !

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
ако не се гледа на стомакот, лебот и килажата, ок е ајварот. Кој сака нека си прави. За другата зимница не знам ама дека ајварот е традиција од прапрадедо, немам слушнато за таква традиција. Знам дека во комуњарско се прославил.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Ајварот не претставува никаква потреба ниту помодарство, туку една атавистичка глупост од епски размери. Треба да е човек ненормален во сред урбана средина да го распали ќумбето и да го скине газот од работа за да се обезбеди наводно, поради зимските денови, со намирница која скоро и да нема никаква нутритивна вредност, а со тоа ниту бенефит за здравјето.

Ти се пријало ајвар, вкусен бил, мераци, гурмански пожуди ? Ок, фино лепо иди до продавница купи некоја тегла Мамас, колку да си го напраиш меракот и не биди мамлаз кој не уште не излегол од 20. век. За 20 години никој нема ни да прави ајвар.

За останатото, туршии, зелки, ок си е тоа, си треба витаминчиња и минерали зимно време.
Потреба е и тоа е јадење и поефтино е кога се прави дома а не да се купи,не сме сите богати како тебе,извини
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.955
Потреба е и тоа е јадење и поефтино е кога се прави дома а не да се купи,не сме сите богати како тебе,извини
Богат ќе бидам кога ќе имам базен на тераса ( двор немам ), а не вака со тегли ајвар од продавница купени.

Мило, каква потреба е ајварот, моеш да ми кажеш?
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Богат ќе бидам кога ќе имам базен на тераса ( двор немам ), а не вака со тегли ајвар од продавница купени.

Мило, каква потреба е ајварот, моеш да ми кажеш?
Секој ден да купувам тегла ајвар,зашто?? Кога можам да направам и да не трошам пари па потреба е јадење е,појадок е,секое јадење е потребно плус во домашниот ајвар се е природно
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.955
плус во домашниот ајвар се е природно
Во ајварот нема скоро ништо хранливо, така да едино како гурмански додаток, не може да послужи како хранлив продукт.

Јас јадам житарици за појадок, поздраво е.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Зборот помодарство некако прелесно се употребува.

Инаку зимницата е потреба, ако си млад и се'уште не вработен. ;)
За фамилии што се сите дома и имаат време и желба за готвење секако не им требаат ајвари, лутеници. Туршија и расолница верувам сите прават and they come in handy во зимата.

А за ајварот и лутеницата - очигледно повеќето од вас тука не биле студенти во други градови или други држави. Ако не беа ајверот, лутеницата и туршијата...

Последниве неколку години правиме по повеќе од 100кг пиперки и откога сме излезени од дома со сестра ми ништо не останува.
Не,грешка си повеќе прават бабите и дедовците него ние младите,младите не прават ајвар туку им смета се,било помодарство[DOUBLEPOST=1506022320][/DOUBLEPOST]Помодарство е за тие што ги мрзи да прават ајвар и што имаат вишок пари
 

Kajgana Shop

На врв Bottom