Морам да признаам дека има веќе добри три недели како не се карам со моите.
Глупости како предмет на дискусија, тоа што во цела куќа не може пенкало да најдат, благодарение на мене. Ги јадам. Лажам. Ги губам, и тоа ги пизди. Компјутерот. Не во она издание кај што ти испаѓаат очите од многу зјаење во мониторот, ама сепак ми даваат на знаење дека е штетно. Ужасно штетно!
Во посериозни нешта спаѓаат цигарите. Мислам дека свеќи палеа периодот кога чадот престана да ни биде гостин дома. Ѓубрето од пирс што ми предизвикуваше несоница подолго време, заради кое морав да трпам чичковци и тетки во бело, и кое го извадив без дозвола, како што и го ставив. Голема работа, последново.
И во ептен сериозни проблеми е мојата неодговорност, за која немам слушнато лош збор некое време. *се прекрстува* Ваљда ќе потрае.
"Нема излегување викендов, среди си ја собата, што побогу си правела месецов (држејќи ја во раце телефонската сметка)" не сум ги чула од моите. Можеби по некој испад, ама и да ги има на прсти се бројат.