Едно време ме нервираше татко ми за факултет, сакаше се да знае, кога полагам, во колку саат, кај кој професор, зошто не одам на предавања, од колку до колку ми се, и најсмрт ми беше прашањето “И според тебе, што мислиш, што направи на колоквиумот?“ Абе смрт во вистинска смисла! И секогаш одговарав “не знам, ќе видиме“ и тој ќе почнеше во стил “каква младина сте вие, што ќе биде од вас“ бла-бла, се додека еден ден не ми пукна филмот и му се развикав ко што никогаш не сум се развикал и од тогаш ни тој ни мајка ми ни “ф“ од “факултет“ не спомнуваат, што би се рекло, ме оставија на раат!