Имајќи ја како цел иднината на земјата, за да им се одземе најсилното орудие на пропагандистите, за да се уништи внатрешниот антагонизам и да се обединат сите Македонци, ја посветувам оваа тема.
( Би замолил Стики на темава )
Предлагам сите да учествуваат со свое мислење за да формираме една универзална заложба, комплетна и безвременска дефиниција и определба на македонската кауза.
Значи, ако мислиме да се бориме за правата на нас Македонците во нашата татковина, треба да се поставиме како Македонци.
Да го постигнеме единството на сите што имаат потреба да живеат слободно и мирно во Македонија.
Македонската Кауза
Создавањето на Република Македонија, како слободна, демократска, независна и суверена држава, како национална држава на Македонците, на македонската култура, јазик и идентитет.
Градењето на Република Македонија како сигурна, стабилна, економски просперитетна и богата држава, држава, којашто се грижи и овозможува услови за наоѓање на љубовта и основање на семејството, со услови за лично развивање, здравје и благосостојба, која овозможува високо образование, која ги гарантира меѓународно признатите права и слободи и осигурува континуитет на задоволни генерации Македонци, кои живеат во и надвор границите на Република Македонија, како и сите лојални граѓани на Македонија од не-етничко македонско потекло.
Безусловно признавање и прифаќање на:
1) Неменливост на Уставното име на Република Македонија,
2) посебниот македонски јазик,
3) уникатната македонска култура, македонските симболи, фолклор и етнички идентитет,
4) на целата македонска историја и нејзиниот континуитет, како и
5) на сите македонски кралеви и владетели, револуционери, писатели, поети и сите херои на македонската историја од македонската етничка припадност, како и
6) на македонската православна црква,
од Меѓународната заедница, државите соседи на Република Македонија и на македонскиот народ.
Меѓународно признавање на трагичната судбина на македонскиот народ и злосторот кој е извршен, особено од рацете на грчката, бугарската и српската држава и нивните црковни пропаганди, соодветно, со поделбата на Македонија во Букурешт 1913 година.
Да се стави крај на дискриминацијата на секој еден Македонец било каде на Светот на колективно (Држава,Црква како и организации или групи) или индивидуално ниво, како и укинување на сите дискриминирачки закони, правила, процедури или актови против македонскиот народ во соседните држави на Република Македонија.
Признавањето на македонските малцинства во соседните држави на Република Македонија, како и почитување на правата и слободите на македонското малцинство, како што е предвидено во Повелбата на Обединетите нации и Универзалната декларација за правата на човекот.
Културното и националното обединување на сите Македонци, кои живеат на целата територија на Македонија, во Република Македонија, Беломорска Македонија, Пиринска Македонија, Мала Преспа и Голо Брдо и Гора, како и на Македонците во целиот свет.
За единството на сите Македонци во Република Македонија и во целиот свет, на принципите, целите, во постигнувањето на македонската кауза, како што е посочено во текстот на овој документ.