За Македонската Кауза!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ќе ве замолам да не прелевате партиски фрустрации на темава, малце “партиска“ хигиена е пожелна на темава.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Во врска со темава...
Ви текнува ли на една тема која идеше поодамна на ајвар (пред 6-7 години), која збореше тајните чувари на Македонската кауза. Можда на оние постарите форумџии ќе им текне.

Треба да прокопаме во архивите, можеби нема да има потреба да зацртуваме нешто што веќе е зацртано :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Во врска со темава...
Ви текнува ли на една тема која идеше поодамна на ајвар (пред 6-7 години), која збореше тајните чувари на Македонската кауза. Можда на оние постарите форумџии ќе им текне.

Треба да прокопаме во архивите, можеби нема да има потреба да зацртуваме нешто што веќе е зацртано :)

Ако можеш нешто од сеќавање, напиши повеќе.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Мислам дека требаме помалку да се срамите од тоа да си ги браниме нашите надвор од границите на Р.Македонија.Иаку тогаш ке им дадеме подлога на соседите да плачат по Западот,сепак неможе бранење на свои луѓе од Македонско потекло да биде претензија за територии(иаку во нашиот случај би требало да биде,бидејќи тоа се наши територии).
Додека Грците и Бугарите се утепуваат давајќи пари за да направат "малцинства" во Македонија,ние што ги имаме не трепнуваме со око за нив.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Во врска со темава...
Ви текнува ли на една тема која идеше поодамна на ајвар (пред 6-7 години), која збореше тајните чувари на Македонската кауза. Можда на оние постарите форумџии ќе им текне.

Треба да прокопаме во архивите, можеби нема да има потреба да зацртуваме нешто што веќе е зацртано :)
ај насочи некој линк ако имаш да прокопаме и ние ...
баш ме интересира ...
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Имајќи ја како цел иднината на земјата, за да им се одземе најсилното орудие на пропагандистите, за да се уништи внатрешниот антагонизам и да се обединат сите Македонци, ја посветувам оваа тема.
( Би замолил Стики на темава )
Предлагам сите да учествуваат со свое мислење за да формираме една универзална заложба, комплетна и безвременска дефиниција и определба на македонската кауза.
Значи, ако мислиме да се бориме за правата на нас Македонците во нашата татковина, треба да се поставиме како Македонци.
Да го постигнеме единството на сите што имаат потреба да живеат слободно и мирно во Македонија.



Македонската Кауза

Создавањето на Република Македонија, како слободна, демократска, независна и суверена држава, како национална држава на Македонците, на македонската култура, јазик и идентитет.

Градењето на Република Македонија како сигурна, стабилна, економски просперитетна и богата држава, држава, којашто се грижи и овозможува услови за наоѓање на љубовта и основање на семејството, со услови за лично развивање, здравје и благосостојба, која овозможува високо образование, која ги гарантира меѓународно признатите права и слободи и осигурува континуитет на задоволни генерации Македонци, кои живеат во и надвор границите на Република Македонија, како и сите лојални граѓани на Македонија од не-етничко македонско потекло.

Безусловно признавање и прифаќање на:

1) Неменливост на Уставното име на Република Македонија,
2) посебниот македонски јазик,
3) уникатната македонска култура, македонските симболи, фолклор и етнички идентитет,
4) на целата македонска историја и нејзиниот континуитет, како и
5) на сите македонски кралеви и владетели, револуционери, писатели, поети и сите херои на македонската историја од македонската етничка припадност, како и
6) на македонската православна црква,

од Меѓународната заедница, државите соседи на Република Македонија и на македонскиот народ.

Меѓународно признавање на трагичната судбина на македонскиот народ и злосторот кој е извршен, особено од рацете на грчката, бугарската и српската држава и нивните црковни пропаганди, соодветно, со поделбата на Македонија во Букурешт 1913 година.

Да се стави крај на дискриминацијата на секој еден Македонец било каде на Светот на колективно (Држава,Црква како и организации или групи) или индивидуално ниво, како и укинување на сите дискриминирачки закони, правила, процедури или актови против македонскиот народ во соседните држави на Република Македонија.

Признавањето на македонските малцинства во соседните држави на Република Македонија, како и почитување на правата и слободите на македонското малцинство, како што е предвидено во Повелбата на Обединетите нации и Универзалната декларација за правата на човекот.

Културното и националното обединување на сите Македонци, кои живеат на целата територија на Македонија, во Република Македонија, Беломорска Македонија, Пиринска Македонија, Мала Преспа и Голо Брдо и Гора, како и на Македонците во целиот свет.

За единството на сите Македонци во Република Македонија и во целиот свет, на принципите, целите, во постигнувањето на македонската кауза, како што е посочено во текстот на овој документ.
Forumov zalicuva na nekoj white power community...nema nisto od ova...ima u se i u svoje kljuse...a za to treba rabota...demokratija...mislam sto ako ova i stvarno bidne...ce padni politika koja go podrzuva...i koj ce go brani...ne ocekuvas valjda i BC da go tera ovoj film...ama ne nie ce vladeeme 100 g...abe deca deca...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Forumov zalicuva na nekoj white power community...nema nisto od ova...ima u se i u svoje kljuse...a za to treba rabota...demokratija...mislam sto ako ova i stvarno bidne...ce padni politika koja go podrzuva...i koj ce go brani...ne ocekuvas valjda i BC da go tera ovoj film...ama ne nie ce vladeeme 100 g...abe deca deca...
Само доколку си црнец, да.

Ти полека се издаваш Перице, чим сега ти смета напишаното можам да замислам како би изреагирал кога би стоела под точка 7. Лустрација.

Б.Ц. ако не умре од предозираност или атентат, ќе умре од природна смрт. Никој не е вечен, а каузава не е нова само е адаптирана на новите услови и ќе се пренесува и понатаму.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
... Никој не е вечен, а каузава не е нова само е адаптирана на новите услови и ќе се пренесува и понатаму.
Баш тоа сакам да кажам, борбата никогаш не престанала, секогаш имало кој да ја иницира, затоа и ги спомнав „Чуварите“. Во контекст на све што се случуваше последните 18 години, тоест времето на кое сум бил сведок...
Значи, се случува ЈНА да се повлече сама од себе, без никаков отпор, имаме непријатели насекаде, немаме никаква армија, не сме признаени од никој, но сепак некако опстојуваме. Можеби имало некој, во случајов алудирам на „чуварите“ тие што на некој начин се избориле за сето тоа.

Е сега да не пишувам на памет, ќе пробам да пробарам нешто и ќе пишам, може имам некој текст останато на компјутеров. А ако има некој линк нека пушти
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Македонскиот народ во изминативе векови често пати бил делен, иселуван, асимилиран …
Бил под силни притисоци, тортури и пропаганди се со цел негова асимилација.
Во такви тешки времиња добар дел од Македонскиот народ за да преживее менувал вера, име, нација.
Денеска ние можеме да ги видиме последиците од тој тежок период.
Имаме Македонци муслимани, Македонски бугари, Македонски срби, Македонски грци, Горанци ...
Потребно е едно големо разбирање и помирување помеѓу сите нас.
Нашата тешка историја е главната причина за овој колорит на Македонци.

Сепак работите кои не' поврзуваат се многу поголеми од работите кои не одделуваат.
Поделбите мора да се надминат ако не сакаме историјата да ни се повтори.

Потребно е сите да ја прифатиме реалноста и да работиме на тоа што на сите нас ни е заедничко.
Македонија.
Поважно од тоа не постои.

  • Обединување на Македонската нација од сите континенти и тесна координација на сите активности

  • Штитење на економските интереси на целиот народ.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Само ако се обединиме и ако успееме да се издигнеме над личните интереси, алчности, да ја баталиме политиката кога се работи за национален интерес, ние ќе ја имаме Македонија онака како ние сме ја замислиле.
Во секој друг момент ќе имаме Македонија како други ја замислиле.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
...
Создавањето на Република Македонија, како слободна, демократска, независна и суверена држава, како национална држава на Македонците, на македонската култура, јазик и идентитет. ...
Oдамна ја меркам темава, бидејќи идејата е добра...да се стави во пишана форма нашата размисла која генетски ја имаме во себе, пренесена од чукундедовци наназад, за да ја имаме и пред очи и ради архивирање.

Сега, пополека би започнал со мојот контрибут кон неа. Прво прашање за Братот: Што значи болдираниот дел во практична смисла?
Дали си ЗА нација по географија или? Мене таа идеја, во контекст на обидите за премостување на наметнатите разлики од дивиде ет импера стратегиите ми е најприфатлива, и на неа треба да се работи.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Oдамна ја меркам темава, бидејќи идејата е добра...да се стави во пишана форма нашата размисла која генетски ја имаме во себе, пренесена од чукундедовци наназад, за да ја имаме и пред очи и ради архивирање.

Сега, пополека би започнал со мојот контрибут кон неа. Прво прашање за Братот: Што значи болдираниот дел во практична смисла?
Дали си ЗА нација по географија или? Мене таа идеја, во контекст на обидите за премостување на наметнатите разлики од дивиде ет импера стратегиите ми е најприфатлива, и на неа треба да се работи.
Ја кажав порано мојата стратегија за премостување на разликите.


Нацијата има две значења, држава и народ.
Едно е држава, друго е народ.

Јапонија својата филозофија ја постави така што Нацијата ја изедначи со државата/земјата.
Побара лојалност кон нацијата наречена Јапонија.
Создавањето на ваква лојалност е круцијално за надминување на меѓусебни разлики, посебно за едно мултикултурно општество како нашево.

Истиот рецепт денеска се користи од САД, повикува на национална лојалност за да се надминат разликите во расите, бојата на кожата, јазикот и сл.
Но мултикултуралноста иако немора да значи проблем, може да нанесе голема штета. Мултикултуралноста треба да се замени со интеркултуралноста.

Затоа е потребно фокусирање кон создавање на лојалност кон нацијата- кон Македонија во нашиот случај.


Национализмот произведен од државата е неопходен за развојот на нацијата, но национализмот произведен од расната/етничката разлика меѓу групите претставува расизам и е штетен, затоа треба да се прави разлика помеѓу двата вида на национализам.
Значи до тука се согласуваме во однос на твојата констатација, за надминувањето на слабостите од дивиде ет импера.


Но, национална држава на Македонците во контекст на Македонската кауза подразбира на етничките Македонци.
Бидејќи ние сме носителите на каузата, а друга држава ние немаме.

Нема потреба да бидеме скромни и срамежливи во пишувањето на целите на нашата кауза, ова не треба да се сфати како политички манифест за собирање гласови.

Во делот од текстот што следува ги опфаќаме и сите други етнички заедници кои ја сочинуваат македонската нација:

Градењето на Република Македонија како сигурна, стабилна, економски просперитетна и богата држава, држава, којашто се грижи и овозможува услови за наоѓање на љубовта и основање на семејството, со услови за лично развивање, здравје и благосостојба, која овозможува високо образование, која ги гарантира меѓународно признатите права и слободи и осигурува континуитет на задоволни генерации Македонци, кои живеат во и надвор границите на Република Македонија, како и сите лојални граѓани на Македонија од не-етничко македонско потекло.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ја кажав порано мојата стратегија за премостување на разликите.
....

Во делот од текстот што следува ги опфаќаме и сите други етнички заедници кои ја сочинуваат македонската нација:
Пеки, се потсетив на постот, добро е што го постираше и тука.

Сега за делот и слободите на народите, точно е дека друга држава немаме и не треба да сме скромни, но би се јавиле различни толкувања во вака формулираниот исказ кои ќе бидат користени за создавање на разлики, а не за премостување.

Пример: Фаворизирање на еден народ како носител на каузата; појавување на втора кауза на друг народ; трета на трет.

Како ќе ја премостиме разликата меѓу народите која е културолошка, а се користи за разединување? Не може да биде премногу тешко, бидејќи допирни точки како Македонски народ имаме со сите народи кои живеат на овие простори, што е логична консеквенца на заедничкото битисување низ милениумите.

Треба умерена гордост и почитување. Љубовта сама ќе дојде, ако некој ја побара и ја пружи, но не инсистирам на неа. Почитта е многу позначајна. Дијалогот, социјализацијата, образованието. Отворање на видиците, поставување на приоритетите, заеднички.

Примерот погоре го напишав од имунолошки причини за темава; да се вакцинираме на време, да се размислува од повеќе аспекти.

Би сакал да прочитам тука форумџии Македонци со албанско, турско, влашко, ромско, српско (...) потекло, во која насока тие размислуваат за една ваква стратегија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom