За Македонската Кауза!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Имајќи ја како цел иднината на земјата, за да им се одземе најсилното орудие на пропагандистите, за да се уништи внатрешниот антагонизам и да се обединат сите Македонци, ја посветувам оваа тема.
( Би замолил Стики на темава )
Предлагам сите да учествуваат со свое мислење за да формираме една универзална заложба, комплетна и безвременска дефиниција и определба на македонската кауза.
Значи, ако мислиме да се бориме за правата на нас Македонците во нашата татковина, треба да се поставиме како Македонци.
Да го постигнеме единството на сите што имаат потреба да живеат слободно и мирно во Македонија.

Македонската Кауза

Создавањето на Република Македонија, како слободна, демократска, независна и суверена држава, како национална држава на Македонците, на македонската култура, јазик и идентитет.

Градењето на Република Македонија како сигурна, стабилна, економски просперитетна и богата држава, држава, којашто се грижи и овозможува услови за наоѓање на љубовта и основање на семејството, со услови за лично развивање, здравје и благосостојба, која овозможува високо образование, која ги гарантира меѓународно признатите права и слободи и осигурува континуитет на задоволни генерации Македонци, кои живеат во и надвор границите на Република Македонија, како и сите лојални граѓани на Македонија од не-етничко македонско потекло.

Безусловно признавање и прифаќање на:

1) Неменливост на Уставното име на Република Македонија,
2) посебниот македонски јазик,
3) уникатната македонска култура, македонските симболи, фолклор и етнички идентитет,
4) на целата македонска историја и нејзиниот континуитет, како и
5) на сите македонски кралеви и владетели, револуционери, писатели, поети и сите херои на македонската историја од македонската етничка припадност, како и
6) на македонската православна црква,

од Меѓународната заедница, државите соседи на Република Македонија и на македонскиот народ.

Меѓународно признавање на трагичната судбина на македонскиот народ и злосторот кој е извршен, особено од рацете на грчката, бугарската и српската држава и нивните црковни пропаганди, соодветно, со поделбата на Македонија во Букурешт 1913 година.

Да се стави крај на дискриминацијата на секој еден Македонец било каде на Светот на колективно (Држава,Црква како и организации или групи) или индивидуално ниво, како и укинување на сите дискриминирачки закони, правила, процедури или актови против македонскиот народ во соседните држави на Република Македонија.

Признавањето на македонските малцинства во соседните држави на Република Македонија, како и почитување на правата и слободите на македонското малцинство, како што е предвидено во Повелбата на Обединетите нации и Универзалната декларација за правата на човекот.

Културното и националното обединување на сите Македонци, кои живеат на целата територија на Македонија, во Република Македонија, Беломорска Македонија, Пиринска Македонија, Мала Преспа и Голо Брдо и Гора, како и на Македонците во целиот свет.

За единството на сите Македонци во Република Македонија и во целиот свет, на принципите, целите, во постигнувањето на македонската кауза, како што е посочено во текстот на овој документ.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
1) Неменливост на Уставното име на Република Македонија,

Добра идеја, но мислам дека СМК веќе има вакво нешто написмено.

Исто така, барем 100 пати досега повторивме дека се работи за име, а не за “уставно име’’. Не им давај подлога за нашите непријатели да не уништат.

Со двете раце “ЗА’’!
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Добра идеја, но мислам дека СМК веќе има вакво нешто написмено.

Исто така, барем 100 пати досега повторивме дека се работи за име, а не за “уставно име’’. Не им давај подлога за нашите непријатели да не уништат.
СМК досега имал повеќе резолуции, но ниту една од овој вид, никогаш не е зацртана македонската кауза во целост, немаме никаква национална стратегија.

Се работи за име кое фигурира во уставот,кој ја гарантира неменливоста на истото.
Неможе да се смени името без да се смени уставот.
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Добар пост Братот, би додал една мала забелешка:
Рехабилитација на сите македонски херои и борци кои се залагале за автономна, слободна, независна Македонија (од памтивек до денес), кои поради разни причини, намерно покренати досиеа биле погрешно толкувани како бугарофили, србомани, титоисти, гркомани и други "фили". Значи предлагам повторно препрочитување на македонската историја, особено на чувствителните периоди и чувствителните луѓе кои поради разните социо-економски, политички или лични (наметнати) причини и репресии од тогашните фашистички режими биле принудени да се декларираат како Бугари, Срби или Грци.
Да се направи целосна ревизија на македонската историја, да се памтат и вградат сите борци (вклучувајќи ги и оние од поновата историја од 1991 и 2001 г.), кои достоинствено макар и во еден временски момент застанале на вистинската страна. Значи ако некој застанал зад движењето за обединување и ослободување на Македонија, партијата ВМРО-ДПМНЕ и други слични организации/партии/здруженија со јасна определена македонска кауза, а потоа од различни причини бил окарактеризиран како предавник, "бугаро/грко/србо фил", сепак да се спомне неговата улога во клучниот момент, нешто слично како контроверзноста на ликот на Тодор Александров, кој треба објективно да се изучува.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
СМК досега имал повеќе резолуции, но ниту една од овој вид, никогаш не е зацртана македонската кауза во целост, немаме никаква национална стратегија.

Се работи за име кое фигурира во уставот,кој ја гарантира неменливоста на истото.
Неможе да се смени името без да се смени уставот.
I jas mislam deka treba da se izraboti makedonska nacionalna programa i doktrina.Afirmacija na nezavrsenoto makedonsko prasanje na Balkanot pravna borba za pravata na Makedoncite vo Albanija Srbija Grcija Bugarija i Kosovo silno povrzuvanje so iselenistvoto,itn
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Добар пост Братот, би додал една мала забелешка:

Рехабилитација на сите македонски херои и борци кои се залагале за автономна, слободна, независна Македонија (од памтивек до денес), кои поради разни причини, намерно покренати досиеа биле погрешно толкувани како бугарофили, србомани, титоисти, гркомани и други "фили".

Значи предлагам повторно препрочитување на македонската историја, особено на чувствителните периоди и чувствителните луѓе кои поради разните социо-економски, политички или лични (наметнати) причини и репресии од тогашните фашистички режими биле принудени да се декларираат како Бугари, Срби или Грци.
Да се направи целосна ревизија на македонската историја, да се памтат и вградат сите борци (вклучувајќи ги и оние од поновата историја од 1991 и 2001 г.), кои достоинствено макар и во еден временски момент застанале на вистинската страна. Значи ако некој застанал зад движењето за обединување и ослободување на Македонија, партијата ВМРО-ДПМНЕ и други слични организации/партии/здруженија со јасна определена македонска кауза, а потоа од различни причини бил окарактеризиран како предавник, "бугаро/грко/србо фил", сепак да се спомне неговата улога во клучниот момент, нешто слично како контроверзноста на ликот на Тодор Александров, кој треба објективно да се изучува.
Текстот погоре е само “работна“ верзија, затоа напоменав ги чекам вашите забелешки.

Ете ја првата и ја зазначувам.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
1) Неменливост на Уставното име на Република Македонија,
Жонглирањето со поими уставно-неуставно-референтно име беше главниот трик во последниот јавно објавен, а потоа отфрлен предлог на Нимиц. Во тој предлог, а и во денешната пропаганда на геропулосомилчиноидите, клучот за мачкање очи е следниот:

УСТАВНО ИМЕ = име за домашна употреба
референца = име за надворешна употреба.

Затоа, за да не им влегуваш во нивните стапици (веднаш ќе ти одговорат: па не бараме од вас да го смените Уставното име, само референцата) - подобро речи нешто како “името Македонија е христијанска догма“, “неменливост на ниедно име на Македонија, вклучително и на библиското“ итн.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Па затоа му велам да рече само име.

Името е Макдонија.

Нема менување на истото.
 
Во ред,јас го разбирам ова,но не сакам навистина да застранам од првичната намена на темава.

За било какво прифаќање друго меѓународно име потребна е промена на Уставното име, односно да се додаде одредба во Уставот каде ќе ја пишува таа меѓународна кованица и каде ќе важи.
Привремената референца ја нема во Уставот и за нас не е обврзувачка.
Тоа во однос на манипулацијата дека не е потребно да менуваме Устав доколку преговараме за “референцата“, што не е точно.

Меѓутоа, да чујам конкретни предлози како да стои таа реченица која ја цитиравте?

Па затоа му велам да рече само име.

Името е Макдонија.

Нема менување на истото.
Се работи за правни одредници, во тоа е разликата.

Македонија никаде не фигурира како наше име, туку Република Македонија.
 
Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Мене само Македонија ми е доволно дали била република или кралство воопшто не е битно.
За МАКЕДОНИЈА!!!
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Мене само Македонија ми е доволно дали била република или кралство воопшто не е битно.
За МАКЕДОНИЈА!!!

Се согласувам ако веќе се прави КАУЗА тогаш да се оди до крај и у детали...
Значи подржувам да се исврли Република од името...
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не само да се ифрли, туку напиши како треба целосно да стои реченицата, со онаа која би ја заменила погорната:
1) Неменливост на Уставното име на Република Македонија
А да биде како?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
е како да биде ... уредувањето нели ни е Република ....
името Македонија ...
како поинаку ...

ако сме кралство ќе биде Кралство Македонија ...
а бидејќи сме република како поинаку од Република Македонија?
 
Абе ние сме република ама немора тоа да биде нагласено во името..
Едноставно Македонија...доволно е...

Повеќето држави во Европа се Републики па ниту на една не и е нагласено во името ...

Од оние што ми текнува единствено , Република Конго го има уредувањето нагласено во името...

Не само да се ифрли, туку напиши како треба целосно да стои реченицата, со онаа која би ја заменила погорната:

А да биде како?

1) Неменливост на името Македонија.

Незнам не сум баш надарен за формулирање...
Повеќе ме бива за идеи давање, а за формулации има поталентирани овде на форумот...Нека смислат нешто...:vozbud:
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Jas sum za, i davam podrska.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom