Па и да имам службен телефон како што викаш ти .. ќе си отворам моја сметка во Фортумо и ќе праќам самиот СМС кај мене на сметка од 100 денари една порака за мене ќе одат 50% што е повеќе од 20 денари што ти ги даваш .
Ако имаш своја веб-страна на платен хостинг (услов кај SMSCoin), како и потребен степен на техничко знаење, многу е логично дека нема зошто мојов предлог да го користиш. Но повеќето тоа не го знаат/не го можат. Слободно дај иста понуда како мојава, воопшто нема да ми пречи, јас и онака со 7 денари од СМС што ќе ми останат од профитот сигурно нема да се збогатам.
Јас ги користам SMSCoin, со Fortumo не сум запознат. Чисто за дискусија, едно прашање/критика за претходново што си го пишал:
Велиш дека за 100 денари, ти добиваш 50 ден, а такво нешто не гледам тука т.е. ти добиваш максимум 38% од сумата без ддв (90 ден.) т.е. 34,2 денари профит под претпоставка дека со тоа е платена и провизијата кон Fortumo (2-3%).
Кај SMSCoin, операторите во МК даваат 35%, 5 процентни поени зема SMSCoin како провизија, со што нето остануваат 30% т.е. 27 денари.
Без разлика дали направи лапсуз, моменталното мислење ми е дека на Fortumo повеќе се заработува. За останати аспекти, ќе мора поубаво да разгледам.
Fortumo:
SMSCoin: