Дечки, би замолил за совет во врска со Microworkers:
Целта ми беше да префрлам средства од Payza на Skrill со поволна MW провизија од 6,5%.
Прикачив $10, заработив уште 2-3 и побарав повлекување на средства ($11,85 со платена провизија). Помине месец, ништо од испраќање на пинот. Го откажав повлекувањето и повторно го иницирав на 03.10. До денес, 20.11, т.е. 48 дена, ај што не стигна пинот по пошта, туку не се ни појави полето каде треба да се внесе пинот, со други зборови, не го ни испратиле.
Парите навистина немам за што да ги потрошам таму, а и уште средства на Payza имам за трансфер, брзам да ги извадам од таму, претпоставувам знаете дека тој сервис тоне со брзо темпо...
Па би замолил да ми кажете за колку дена ви пристигна пинот во МК ? Некој совет за проблемов ?
Инаку им пратив 2 пати мејл, но не вратија со одговор.
Данке