Запознај ја Македонија - туристички водич

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
424
Поени од реакции
579
Zdravo Decki,

Mi doagjaat gosti od Beligija na 27mi mesecov. Sakaat da go shetaat Ohrid no jas nema da bidam vo moznos da gi druzam. Golemi gurmani se, sakaat da probaat lokalna hrana. Makedonska hrana opsto, ne konkretno riba i Ohridska lokalna hrana. Ve molam preporacajte mi interesni kafani/restorani kade da gi upatam :)
Јас сум од Охрид. Пиши ми порака што поточно сакаат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
23.360
Поени од реакции
36.394
Маврово, Бигорски, Галичник, Лазарополе, Гари што друго може во тој крај да се препорача на луѓе кои планираат да идат таму на еден ден?
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
592
Поени од реакции
228
Маврово, Бигорски, Галичник, Лазарополе, Гари што друго може во тој крај да се препорача на луѓе кои планираат да идат таму на еден ден?
Манастир Рајчица, водопад Дуф и мост Елен Скок
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.411
Поени од реакции
3.946
Маврово, Бигорски, Галичник, Лазарополе, Гари... малце чудна рута имате, сама по себе тешко е за еден ден да ја поминете :)
Ама ете, си добил добри препораки, јас може да ти препорачам неколку места каде можете да јадете.
Трница - фантастичен качама, пити, кисело млеко.
Хотел Туто - тука е малце поскапичко.
Куќа на Мијаците - кога веќе идете до Бигорски.
Таверна Цами - два-три километри од Дебар, на патот за Струга - имаат одлична риба и убав поглед на Дебар.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.508
Поени од реакции
3.306
Знае некој некакви водопадчиња/реки/езерца во Источна Македонија за да идеш со друштво и да се бањаш? :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
14.169
Поени од реакции
8.667
Дали знае некој да ми каже како се стигнува до езерото Козјак од Скопје ? Дали постои пат до таму и колку км е далеку ? Фала однапред
има определен РЕЖИМ.. мислам од сабајле од до е одење натаму, а попладне, мислам од 15ч е враќање ( еднонасочен пат..) имаше некаде точно, а можеби треба да се праша АвтоМото сојуз...
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.508
Поени од реакции
3.306
Младост во Велес, Бабуна исто во Велес.
Малку далечко ама знам дека Бабуна е преубава река.
Го најдов ова место во близина на Зрновци во Кочанско:

Преубаво е! Гледав уште видеа но од кај другарка која го има овој човек за пријател.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.550
Поени од реакции
1.960
Незнам дали е за тука прашањево, негој да ми каже како е за возење патот од Охрид до Галичник ?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
245
Поени од реакции
384
Да споделам скорешно 4 дневно искуство од Маврово и пошироката околина, можеби ќе иницира некого да го посети овој прекрасен крај.
Сместување за 4 лица баравме преку рандом огласи (Реклама 5, Пазар 3), генерално цената е 10 евра за лице од вечер, независно дали се работи за спрат од куќа со две спални или закуп на цела вила (2-3 спални). Во работни денови нормално има повеќе избор па за повеќе од 2 ноќи може да се најде и поевтина цена. Најдовме опција која ни одговараше во Маврови Анови. Препорака – ако се оди во приватно сместување, по можност да се бара сместување во куќа/вила на луѓе кои живеат или редовно доаѓаат во Маврово затоа што добар дел од куќите се на луѓе од Скопје кои одат во Маврово 4-5 пати годишно, ангажираат некој од таму малку од малку да зачисти по заминување на гостите, па така среденоста на објектите не е баш како што треба.
Места на кои може да се помине извесно време:
Викендов (11. и 12.07) почнале со работа едноседот и Старо бачило, за жал ние не ги фативме отворени, повеќе инфо на фејсбук профилот на центарот. Верувам ќе продолжат со работа и наредните викенди. Секако останува можноста за прошетка во долниот дел од центарот, околу х.Бистра и станбениот комплекс. Во правец на Никифорово, пред влезот во селото, се наоѓа излетничкото место „Бојков Кладенец“ со уреден простор за седење покрај реката. После паркингот продолжува шумски пат кој на отприлика 300-400 метри се дели на два патишта кои водат кон планината и се добра прилика за планинско шетање. Извозете го патот околу езерото преку Никифорово и Леуново со попатни застанувања. Ова возење со велосипед ќе биде уште поубаво. Во Маврови Анови има неколку дуќанчиња кои изнајмуваат велосипеди за сите возрасти.
Село Врбен, на околу 6 км од Маврови Анови. До него води добар асфалтен пат, на возвишението пред влезот во селото има неколку точки од кои има одлична глетка на тој дел од Бистра. На крајот од селото се наоѓа хидроцентралата „Врбен“ над која може да се види дел од цевководот преку кој се носи вода до централата од Кораб. Селото е заживеано во летниот период, има убава околина за прошетки, но нема селска продавница (коперација :)), па така за рефреширање после искачување на некое од ридчињата мора да се има сопствени залихи.
Во Маврови Анови има неколку ресторанчиња за ручек/вечера, препорака: Галичка плескавица, домашно сирење и домашно лепче во Мал Одмор. Останатото по сопствен избор.
Галичник. Не рекле џабе една слика – илјада зборови. Прекрасна природа, чист воздух, убава глетка се до влезот во Дебарско езеро. На 2-3 километри пред селото се наоѓа ранчот на „Sherpa Horse Riding“ кои имаат неколку опции за тура со јавање коњи. Од тука почнува пешачката/велосипедска патека која води кон Селце/Росоки/Тресонче. Може да се прошета селото од еден до друг крај, да се види специфичната градба на куќите, да се проба автентично галичко сирење, кисело млеко со качамак (бакардан) и домашна пита во „Баба и деде“ на влезот во селото или во хотел „Неда“ на спротивниот крај од селото. Терасата на х. „Неда“ има посебна глетка на околината. Асфалтниот пат завршува после хотелот и продолжува со пешачка/велосипедска патека до с. Јанче.
Тресонче/Лазарополе/Гари. Околу еден час возење од Маврово. До Тресонче води тесен асфалтен пат кој низ шумата во долниот дел го следи течението на Росочка Река, а во горниот дел на Тресоначка Река. Чиста, незагадена природа, посебно е убав делот во кој Тресоначка Река има брзаци и своевидни мини водопади. Пред Тресонче е исклучувањето за Селце од каде може да се продолжи со пешачење или велосипед кон Галичник. На влезот во Тресонче има табла на која се прикажани сите пешачки и велосипедски патеки во околината. Во селото има шумски јаготки во изобилие, а на околу 1 час пешачење од селото се наоѓа пештерата Алилица до која води патека која не е тешка за искачување. Лазарополе, таму најгоре што би рекол Наум Петрески, е дефинитивно најпосетеното место во овој крај. Хотел „Калин“ работи во лето и посебно преку викенд е полн со гости, плус планирани, велосипедисти, шетачи, луѓе сместени по куќите, се на се немаш впечаток дека си во село кое во периодот октомври – април е безмалку пусто. Одлична можност да се прошета во околината на селото, да се искачи некој од околните ридови и да се ужива во природата. За физички поспремните тука се патеките за пешачење и велосопеди кон Росоки, Селце, Тресонче и понатаму кон Галичник. Можност за кафе/пијалок освежување или ручек/вечера има во х. Калин. Патот до Лазарополе е реновиран и во долниот дел е со нов асфалт така што искачувањето е значително олеснето. Гари е последното село во низата, пред локалниот пат да продолжи кон Извор, Кичевско. Препорачувам паркирање на влезот во селото кај старата централа на Гарска Река и лежерно искачување до крајот на селото, уживајќи во чистиот воздух и убавата глетка. Сеуште во селото има куќи кои го задржале автентичниот надворешен изглед од пред повеќе од 100 години и со одредени внатрешни уредувања се користат за престој. Во куќите може да се најде сместување, како и во пансионот на ресторан „Топила“ кој се наоѓа одма до реката и за неверојатно пристојни цени нуди одлична храна. Во ресторанот или од мештаните може да се информирате за купување на сирење од бачилото кое се наоѓа над селото.
Бигорскиот манастир – место кое мора да се посети кога се престојува или барем поминува во овој крај.
Водопадот Дуф, на влезот во село Ростуша почнува патеката која за околу 20-на минути води до водопадот, видно обележана и лесна за пешачење дури и за помали деца, иако на одредени делови минува низ каменити места. На неколку места долж патеката има уредени делови со маси и клупи за одмор. Селото Дуф не е поврзано со водопадот Дуф и се наоѓа на спротивната страна од националниот парк, до него се оди по земјен пат кој започнува пред Маврови Анови.
Во сите овие места има убави локации за целодневен пикник со семејството или поголемо друштво, во шумски предели, покрај река и чиста природа.
Кораб Трница и Куќата на мијаците се исто така добри места за ручек/вечера, а се наоѓаат на самиот пат Маврово – Дебар. Имаат и можност за сместување, а во Кораб Трница има и можност за тура со коњи.
Ова се генерални видувања, треба да се посети поширокиот Мавровски регион и да се доживее таа убавина и природа. Дефинитивно вредат извозените околу 500 км за 4 дена од Скопје и назад.
Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
1.256
Поени од реакции
1.010

Ова се генерални видувања, треба да се посети поширокиот Мавровски регион и да се доживее таа убавина и природа. Дефинитивно вредат извозените околу 500 км за 4 дена од Скопје и назад.има
Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!
Супер споделување на искуства...не знам дали сте успеале да одите и во село Јанче, каде има и хотел ресторан Тутто, (Тефик Тефиковски Тутто), повратник од Италија, со нови искуства на ревстарација на стари градби во Италија)...вреди да се види селото, јас спиев во една од тие ревстаурирани куќи - Вила ариела...цело село се што произведува локално го носи кај Хотел Тутто, ланецот на набавки био (месо, јајца, зеленчук,...), и од обично село, направил туристичко место, локален херој на селото е Тефик...
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
30.595
Поени од реакции
42.463

Праат ли свински кременадли?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.491
Поени од реакции
182.473
+1 препорака за Тутто, екстра местенце само пазете да не паднете од некоја од терасите во провалија :D
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
1.256
Поени од реакции
1.010
Праат ли свински кременадли?
Канибали се...човечки глави спремаат...ај оди сега напиши сценарио за еден филм сега..не заборави, исламски фундаментализам и албански национализам како вегета на филмот, оти успеа да ги расипеш сите теми каде има малце сериозност
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
30.595
Поени од реакции
42.463
Канибали се...човечки глави спремаат...ај оди сега напиши сценарио за еден филм сега..не заборави, исламски фундаментализам и албански национализам како вегета на филмот, оти успеа да ги расипеш сите теми каде има малце сериозност
Ете, дури и на најнормално човечко прашање одма со национал-шовинизам. Само тоа ви е у глава.
Абре ова е тема за туризам, аман.
 
На врв Bottom