Запознај ја Македонија - туристички водич

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Вчера направив еднодневна екскурзија до Смоларски водопади.
Од Скопје по автопат се до клучката Смоквица, потоа Марвинци па Валандово, продолжив накај Струмица и завртев десно према Куклиш, Банско, Габрово, Мокриево и стигнав во Смолари. Можам да дадам чиста десетка за локалниот пат надвор од магистрала.....релативно нов и очуван асфалт, нема дупки.
Местото е прекрасно, вреди да се посети.....навистина преубава природа.
На враќање назад по истиот пат до Валандово и потоа фатив правец до Дојран на некој саат (патот солиден, без дупки)....да го искористам максимално денот.
ОК е, не е преполно....но не носевме купачи, да имав ќе влезев во вода....не е толку лошо како што го памтам пред 20 години.....со еден збор проаѓа....со оглед дека сме затворени за странство.
На враќање од Дојран се зезнав што завртев према Богданци (изгледа требаше да продолжам према Валандово па на автопат)....од Богданци до автопат патот е катастрофа....тоа се само 10км но кратер до кратер....лазев. После на автопат и правец Скопје. Целата рута ми излезе 450 км.......од Скопје тргнав накај 11, дома се вратив околу 22 часот....полна капа.
Топло ги препорачувам Смоларски водопади, за оние кои не биле.
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2007
Мислења
1.971
Поени од реакции
1.864
Манастирот свети Јован Бигорски и село Јанче, во пакет..многу убави слики излегоа, а во Јанче може да се види работата на сопственикот , мајстор Туто, кој употребува текника само со кал камења и слама, да ги ревставрира старите куќи...

118071325_1566858856819820_4953099060623957739_n.jpg 118045984_1201978936852057_3343114791795222543_n.jpg 118076030_344028760104135_1766075401712287393_n.jpg 118122712_358537742206830_3909429582169616868_n.jpg 118142435_899128440597275_4645631006310886990_n.jpg 118147174_351272789213274_3638774126941932252_n.jpg 118156722_304783034089352_5739123137411138602_n.jpg 118157904_772499553564034_7105451156815667033_n.jpg 118221338_328858881634124_7856935256265705631_n.jpg 118256635_305869754019248_2934134792138389078_n.jpg
117643079_304222804243495_6646540859835706023_n.jpg 118020169_618494002184673_6894532530417088597_n.jpg
 

Attachments

Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Планирам да ги посетам Смоларските водопади, ама не сакам да возам толку многу во еден ден, па дали може да се најде сместување некаде во таа околина?
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Планирам да ги посетам Смоларските водопади, ама не сакам да возам толку многу во еден ден, па дали може да се најде сместување некаде во таа околина?
Ако си од Скопје.....и не е никаков проблем да се извози до Смоларски и назад (неполни 400км).
Јас во еден ден од Скопје бев до Смоларски, на враќање поминав до Дојран и вечерта се вратив во Скопје.
Автопат ти е до клучка Смоквица, после имаш релативно нов и добар пат према Валандово, Струмица и така се до Смоалари. Можеби по километри ти изгледа многу, но ако си искусен возач.....верувај нема да ги осетиш.
Ако не.....најдобро и најевтино би ти било да преспиеш во Дојран...ќе скршнеш 20км плус.

Смоларски водопад.....прекрасно, општо целата природа.

ПС Совет......земи си топла облека горе студи...јас бев во Август и дуксери облековме кај водопадот....таму секогаш е ладно.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Планирам да ги посетам Смоларските водопади, ама не сакам да возам толку многу во еден ден, па дали може да се најде сместување некаде во таа околина?
Kompleks Lebedevo ezero...lepota e.
Izguglaj I vidi(y)
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Kompleks Lebedevo ezero...lepota e.
Izguglaj I vidi(y)
Точно....не ми текна. И тоа место вреди да се посети кога е човек веќе таму. И јас бев......стварно е лепота.
Не знам само со цени за сместување како се, али секако членот ќе си праша.
Инаку топ е местото и одлична храна имаат. Какво ребро јадев годинава таму.....мерак.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Да ми препорача некој добри места за пикник во Скопје и околу Скопје?
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Овака од прва - Марков манастир, Козјак, Водно можеби...
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
1.971
Поени од реакции
1.864
Да ми препорача некој добри места за пикник во Скопје и околу Скопје?
Матка, шетање со брод до пештерата, и посета на пештерата Врело...и потоа нели во Сарај, имаше место за пикник, скара,...
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
783
Поени од реакции
262
Здраво. Може ли да ми предложи некој смештај за викендов за две особи во околината на Бигорскиот манастир со нормални цени?
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
1.971
Поени од реакции
1.864
За тие што сакаат нешто поинакво, посета на пештерата Убавица во Ѓоновица е новата дестинација . Го организираат дечките од Спелеоклуб Кораби од Гостивар. Има и линк за виртуелна посета 3Д.

https://gostivarpress.mk/peshterata-ubavicza-vo-gorna-gonovicza-atraktivna-i-za-amerikanczite/
Автоматски споено мислење:

Еве и со директна слика и текст во постот ;)

https://faktor.mk/peshtera-ubavica-vo-gostivarsko-nevidena-ubavina-koja-moze-da-ja-posetite-so-struchen-vodich
Пештера Убавица во гостиварско: Невидена убавина која може да ја посетите со стручен водич



Објавено во: Македонија13 Август, 2020





Share

Нашата земја никогаш не престанува да изненадува со своите природни македонски убавини. Овојпат ве запознаваме одблиску со една од најубавите пештери во Македонија, како што гласи и нејзиното име „Убавица“. Дашмир Османи од Општина Гостивар детално ни раскажа сѐ што треба да знаеме и зошто мора да ја посетиме оваа убавина.
* Во последната година, во неколку наврати по социјалните медиуми се споделија информации и фотографии за пештерата Убавица и предизвикаа многу интерес помеѓу луѓето. Каде поточно се наоѓа пештерата Убавица, и како дојдовте до идеја да започнете проект токму за неа?
- Секако, од многу страни имаше интерес за да се запознаат со нашата „Убавица“, и затоа бевме поканети во неколку локални и национални медимуи каде раскажавме и споделивме видео записи за тоа што се случува со проектните активности при што успеавме на пошироката јавност да им ги доловиме убавините кои ги има пештарата. Граѓаните има можност да ја следат емисијата на ТВ Алсат, бевме поканети исто така во ТВ Клан, а многу портали како и локални медимуи ТВ2, ТВ Глоби и други ги споделија информациите за нашите активности во рамки на проектот „Зајакнување на локалните актери за истражување и конзервација на природното наследство на пештерата Убавица“ кој е финансиран од ЕУ преку Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, вредна над четири милиони евра, што ја спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина.


Пештерата Убавица се наоѓа околу 10 км од Гостивар, јужниот предел на градот, во близина на село Ѓоновица.
Идејата за започнување на проект за пештерата Убавица е производ на дологогодишната соработка со италијанските спелеолози. СП „Кораби“ има плодна соработка со италијанските спелеолози кои пред неколку години беа поканети и примени од страна на Општина Гостивар при што ги започнаа истражувањата на пештерите во пределот на северна и западна Македонија.

* Колку се луѓето од Гостивар и Македонија, свесни за постоењето и убавините во пештерата Убавица и генерално пештерите во Македонија?
- Пештерите како во Гостивар така и во Македонија постојат повеќе како митови, за нив се плетат разни приказни и верувања во делот каде тие постојат. Истите верувања ги имаат и луѓето кои живеат во близина на пештерата Убавица. Малку се знае за нивното постоење, убавините, флората и фауната, и др., дел од граѓаните посетиле дел или влезот на пештерата, но никако не се обидувале, ниту имале средства (опрема) и можности за да дознаат повеќе.


Во текот на минатите години се направени неколку обиди, но и постојат нови сознанија и истражувања за пештерите со спремноста која ја покажаа неколку здруженија на спелеолози во Македонија, но, секако сите овие истражувања се направени со помошта која се нуди од странските спелеолошки друштва.

* Кои активности ги спроведовте во рамките на проектот за одржливо управување со пештерата Убавица?
- Во рамките на горенаведениот проект можеме да ги истакнеме следните активности и тоа:
-Подготовка, реконструкција и инвестиции за создавање на Спселолошки тренинг центар во село Вруток – Гостивар, Општинска зграда во склоп на Општина Гостивар
-Подготовка на стручен тим за реализација на обуки за локални спелелози
-Обавена стручна обука за спелеолози – теоретска и практична обука за спелеолози – обучени 12 локални спелеолози (обуката ја спроведе италијанското здружените „Персефоне есплоразиони“)

-Набавена стручна опрема и други додатоци за спелеолози, комплет опрема за 6 лица (опремата е набавена од Италија)

-Работа на терен – извршени се неколку инвестиции во влезот на пештерата Убавица (израмнет и е исчистен е делот на влезот, поставени степеници, голем дрвен билбоард, поставена маса и седишта со покрив за посетители итн.)
Во делот на истражувања:
-Нови ендемични видови, податоци и анализи за биодиверзитетот во пештерата
-Геолошки квалитативни и квантитативни резултати
-Анализа на квалитетот на пештерската вода
-3Д визуелизација на Пештерата - Виртуелна тура за пошироката јавност
- Добиени се нови сознанија и информации за пештерата, согласно кои се втемелуват препораки и упатства, мерки за заштита на споменикот на природата како и конзервација и мерките за мониторинг на пештерата



* Дали секој може да ја посети пештерата или за тоа се потребни посебни вештини и водичи?
- Посета на пештерите без стручен водич е опасна. Нагласуваме дека е од голема важност сите заинтересирани да контактираат со надлежни стручни лица, но и да обезбедат стручна опрема, како и вештини при посета на пештера. Пештерата Убавица е хоризонтална, но во секој период од годината не може да се посети поради зголемување на протокот на водата, која се наоѓа речиси во текот на целиот предел на пештерата. Доколку се јават заинтересирани, истите ќе треба да се упатат до СК „Кораби“ кои имаат од наведениот проект соодветна опрема, што може да се користи, но за мали групи на посетители.


* Вашата соработка со експертите спелеолози од Италија освен што доведе до научни информации за флората и фауната во пештерата резултираше и со меѓународна промоција на пештерата и партнерството помеѓу Спелеолошкиот Клуб „Кораби“ од Гостивар и Спелеолошкиот Клуб „Persephone Esplorazioni“ од Италија.

- За време на студиската посета се посетени неколку општини во кои има и пештери, меѓу нив е и општината Сан Деметрио, во близина на овој град се наоѓа пештерата СТИФЕ која е меѓу најпознатите во Италија. Во текот на посетата се развиени дискусии и размена на искуства околу тоа кои се улогите на општината и спелеолошките здруженија во делот на управување со пештерата. Посетени се здруженијата и пештерата, а во целиот тој циклус на посети развиени се дискусии околу делот на обврските на терен кои ги имаат екипите на општината но и здруженијата. Во оваа посета во Италија претставниците на Општина Гостивар и СК „Кораби“ има можност да бидат и во меѓународниот конгрес на спелеолози кој се одржа во гратчето Каселио во кој претставниците на спелеолошкиот клуб „Кораби“, заедно со колегите од италијанското спелеолошко друштво „Персефоне“, кои веќе направија први истражувања на пештерата Убавица, ги споделија искуствата со светски имиња во оваа област околу управувањето, заштитата и мониторингот на пештерите. Преку изложба на слики од пештери во Македонија информираа за обуката на локални спелеолози во Спелеолошки трениниг центар во Вруток, прикажаа мостри од пештерата Убавица, текот на веќе започнатите во тоа време геолошки и микробиолошки анализи, како и материјали од топографското ласерско снимање на пештерата во 3Д технологија.


Промоцијата на проектот и активностите кои се реализира во пештерата Убавица се објавени и презентирани во Меѓународната средба на спелеолози која се одржува секоја година во Италија, а на која учествуваа над 2500 спелеолози од целиот свет, а целта на овие средби е презентација на истражувањата за зачувување на природните наследства и нивна промоција како туристички дестинации.

* Како подобро да се запознаат граѓаните со убавините на пештерата Убавица?
- Во текот на реализација на проектот се подготвија промотивни материјали, но и книга за обука за спелеолози која е прва од ваков вид во Македонија и регионот. Книгата е преведена од италијански на македонски и албански со полномоштвото кое го добивме од страна на Федерацијата на Италијанскиот спелeолози. Истата е споделена на здруженија и граѓани заинтересирани за вештините, алатките и техниките кои се употребуваат при посета на разни хоризонтални и вертикални пештери. За граѓаните кои би сакале да ја посетат пештерата Убавица на виртуален начин постои 3Д виртуелната тура која е создадена по топографското скенирање на пештерата од страна на италијанските експерти, истите можат да ја посетат преку линкот:
http://www.studiotecnicomt.it/Virtual_tour/Ubavica_Cave/05-Tour/Ubavica_2018.html
Д.Караташова
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Искуства/препораки за Пониква и генерално Осогово?

Ќе одам викендов, па ме интересира што и каде е вредно да се види/прошета/седне. Дали и каде има патеки за лесен хајкинг низ шумите, има ли жичара или нешто слично и интересни местенца што може да се видат пешки?
Со кола сум, така да, не ми е проблем и да извозам 40-50км ако има нешто интересно да се види и на друго место.

Слободно пишете и препораки за некој ресторан или кафиќ, со убава храна и атмосфера за седење надвор.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Искуства/препораки за Пониква и генерално Осогово?

Ќе одам викендов, па ме интересира што и каде е вредно да се види/прошета/седне. Дали и каде има патеки за лесен хајкинг низ шумите, има ли жичара или нешто слично и интересни местенца што може да се видат пешки?
Со кола сум, така да, не ми е проблем и да извозам 40-50км ако има нешто интересно да се види и на друго место.

Слободно пишете и препораки за некој ресторан или кафиќ, со убава храна и атмосфера за седење надвор.
2 места се така да за викенд плус ако е добро времето подобро закажи си иначе кога кога нема снег незнам колку е привлечно местото за да тепаш до таму пат
подобро оди на брана градче барем ке свртиш некој круг до водопадот и кај браната


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom