Занает или факултет - дилема на модерниот млад маж

Член од
13 април 2021
Мислења
3.326
Поени од реакции
11.085
Дали некој ќе биде успешен и ќе има пари не зависи од тоа дали има завршено високо образование или е занаетчија. Познавам многу луѓе кои успеале во животот и без факултет, а познавам и луѓе со факултетска диплома кои не можат да најдат работа и седат дома.

Кај нас сеуште живее тој дел од комунистичката ера каде факултетот е светост и каде луѓето мислат дека по завршувањето на факултетот си ги решиле сите проблеми и си обезбедиле успешна иднина. Во суштина ваквото дообразување може да биде огромен плус и секој што може и сака треба да го заврши, но далеку од тоа да биде одлучувачки за многу работи.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.811
Поени од реакции
5.688

Тука нема ништо спорно, исто и јас познавам ѕидари и плочкари, со основно училиште, па им тргнала работата, си регистрираа приватни фирми во туѓа земја што се вика, и заработуваат многу подобро од наши високо образувани луѓе, кои во истата таа земја не можат да се снајдат и не им ги ни важат македонските дипломи, па мора да работат по фабрики за некои бедни плати...
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Занаетот на денешницава злато вреди.Еден обичен бербер со просечна интелигенција,со добро разработен бизнис калапи доста солидна дневница.Ниту му виси некој над глава,ниту се замара за било што.
Плочкари да не правам муабет.Исто и еден куп други занаетчии.
Башка што и во странство се наоѓа многу лесно работа за доста солидни пари.

Од друга страна,факултетот блага веза нема во повеќето случаеви во државава.Ќе се отепа човек од малтетирање,ќе се фрлат еден тон пари и на крајот пак огромни се шансите ништо да не се направи.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
298
Поени од реакции
658
Според мене и двете си имаат предност, занает те става порано во оптек да работиш, ти добиваш практично искуство додека некој арчи време на учење, но универзитетот има предност особено за комуникативни и пробијсвет луѓе, ќе создадат врски, па после со тие врски до работа се доаѓа, а особено па уште и ако универзитетот е добар, т.е. перспективен, премија. Е сеа, со целово ремоут срање, ако учиш правен и уште од дома, без создавање на врски плус и факултет со чија диплома можеш гз да избришеш (пример правен), у таков случај да, многу подобро занает и/или курс по нешто.
 
Член од
1 февруари 2023
Мислења
73
Поени од реакции
81
Можда факултетот е и најпрактичен од цел образовен тек, основно школо 8 години ништо практично не учиш, средно исто така (освен стручните школи)
Потребна е промена у првите 12 години образование, завршуваш средно исто како да не си завршил никакво школо битно ги знаеш главните градови и некои небитни статистики кои не може да имаат практична примена.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
@Aceso Преферирањето на факултет над занаетот нема идеолошки предзнак, и за време кралска Југославија факултетот бил извонредно ценет само бил недостапен за многу луѓе. За време СФРЈ (“комунизмот“ како што го нарекуваат многумина општественото уредување тогаш, иако погрешно) високото образование е бесплатно за сите и многу подостапно од пред војната, долго време Југославија кубурела со високостручен кадар па се носеле мерки за мотивирање на младите матуранти да продолжат со студии, посебно инжињери и доктори, со бесплатно домување за време на школувањето, школувањето е бесплатно а после завршениот факултет инжињерот/докторот/дипл кадар добива и бесплатен стан. Вработувањето се подразбира. Носени од тоа искуство, ќе ги чуеш постарите како препорачуваат факултет на средношколците, немајќи ни најблаг поим за моменталната инфлација на високото школство... сѐ додека не им се случи во фамилија, умен дечко/умна девојка у роднини одбраниле магистратура и седат дома, без работа.
Не ја отворив темата за да анализирам патеки на успешни луѓе, повторно, тие се малцинство, што е и нормално. Не мора да биде “или стратосферски успех или бездомник“, би морало да има некоја златна средина во која мнозинството би се нашло. Младата машка популација е посебно погодена, се носат закони со кои отворено се дискриминира машкиот труд освен ако е мануелен. Ако не се веќе донесени, се на пат, знаејќи како моменталнава северџанска кнежевска елита вредно препишува закони од колективниот запад без обѕир дали тоа е во полза на поданиците пардон, населението со кое владеат.
@МОЦАРТ Планот ти е одличен, веројатно веќе изодена патека од неколкумина, меѓутоа за таква патека на самообразување е потребна челична самодисциплина, која полуматурантите и матурантите ретко ја имаат, што е нормално. Што ги прави тие луѓе кои ќе успејат преку курсеви онлајн да изградат портфолио на проекти малцинство. Не ја отворив темата за малцинство случаеви, туку за мнозинство.
Ги спомна Сеавус и некои други успешни македонски ИТ фирми. Вработувањето по стручност и искуство голема е веројатноста да отстапи место на вработување по родов и национален клуч дури и во приватните фирми. Комплет штикли и кристална круничка ќе имаат предност при вработување наместо јасно демонстриран талент и страст за работа ако кандидатот е маж, и тоа од македонска националност.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.171
Поени од реакции
18.094
Тука нема ништо спорно, исто и јас познавам ѕидари и плочкари, со основно училиште, па им тргнала работата, си регистрираа приватни фирми во туѓа земја што се вика, и заработуваат многу подобро од наши високо образувани луѓе, кои во истата таа земја не можат да се снајдат и не им ги ни важат македонските дипломи, па мора да работат по фабрики за некои бедни плати...
Убаво е работите да не ги глеаш врз неколку примери. Има многу успешни приказни, луѓе што со основно работеле занает и отвориле фирми и станале богаташи. Меѓутоа како што не сите програмери се Бил Гејтс, така и сите мајстори нема да станат газди.

Најбојље да си го видиш просечниот работник, и дали повеќе ти се допаѓа работата и условите на плочкар или програмер.
И за факс, ја вајда сум еден од ретките млади што го има старинското сваќање. Ако не си еден од ретките генијалци што точно знаат што сакаат и ќе си го губат времето таму, боље е да си идеш на факс. Сметам дека некој работи што се учат таму се доста повредни од техничките кој се учат на курсевите.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.509
Убаво е работите да не ги глеаш врз неколку примери. Има многу успешни приказни, луѓе што со основно работеле занает и отвориле фирми и станале богаташи. Меѓутоа како што не сите програмери се Бил Гејтс, така и сите мајстори нема да станат газди.

Најбојље да си го видиш просечниот работник, и дали повеќе ти се допаѓа работата и условите на плочкар или програмер.
И за факс, ја вајда сум еден од ретките млади што го има старинското сваќање. Ако не си еден од ретките генијалци што точно знаат што сакаат и ќе си го губат времето таму, боље е да си идеш на факс. Сметам дека некој работи што се учат таму се доста повредни од техничките кој се учат на курсевите.
Факултетот не е гаранција дека ќе направиш контакти, особено не квалитетни.
Факултетот исто не е гаранција дека ќе знаеш повеќе од некој без факултет, ниту дека ќе бидеш поуспешен, ниту дека ќе живееш поквалитетен живот.
Единствено што ќе остане е лимитација што и како смееш да бидеш од поглед на лиценцирање и сл. (инженерски струки, правни науки, економски и сл.) и веројатно ќе се бара секогаш во медицина.

За ИТ се помалку и помалку е релевантен, како и голем дел од книгите. Реално повеќе ќе научиш ако отвориш документација на тој што го создал тоа што ти е потребно (програмски јазик, софтвер и сл), отколку да чекаш некој истото да го обработи/надроби во книга/испечати и пушти во продукција, или пак да снима видео/прави презентација. Со АИ-то веќе добиваш резиме на цело поглавје додека трепнеш.

Контакти ќе направиш и самиот ако те бива, знаеш да комуницираш со околината, и најбитно да може луѓето околу тебе да се сметаат на тебе во секој момент, бидејќи во приватен сектор веќе никој не гарантира за другиот ако не го бива (постепено ќе го снема ова и на Балканот).
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.976
Поени од реакции
11.070
Ми се допаѓа воведот во темата.

Нема воопштена дефиниција што е подобро, двете работи имаат свои предности и маани.
Што и да одлучи човек треба максимално да се посвети и сериозно да го сфати истото, што најверојатно ќе биде последица на домашно воспитување и пред сè на карактер.

Кај нас балканците, барем кај постарите генерации, нормално е покрај формалното образование (некој факс и слично) да имаш и неформално т.е. да знаеш по некој занает, ако не и најчесто повеќе и иако не си професионалец да можеш слободно да се снајдеш и со водовод, струја, фарбање/глетовање по дома и слично - што секако го олеснува животот понатаму.

Во однос на професионалните преференци, треба родителите да знаат да го насочат детето од мало да не ја убива љубопитноста, тоа мислам дека е главниот фактор ОД основно до крај на средно за да на можеш после тоа или да се насочиш кон една работа или да експериментираш со неколку.

Во секој случај, некаде до кај 25 треба да се изградиш со основни знаења од било која област и веќе да почнуваш да ги усовршуваш истите.
Доколку тоа е факс и следува со истото канцелариска работа (не мора да е ИТ) сепак ќе ти страда кичма, врат или било што од таа регија бидејќи имаш секојдневно монотони и исти движења, а истото важи и ако се бавиш со занает и работиш на отворено или со дигање одредена тежина. Во секој случај и тука веќе треба да имаш изградено една култура на внимавање на здравјето - што и да работиш.

Убав баланс во животот би бил да знаеш барем 1 занает на напредно ниво, два јазици на високо ниво (англиски е must have во денешно време) и ако се профилираш академски - без разлика дали преку курсеви или формално образование во однос на факултет треба да го направиш тоа навремено, а не да влечкаш факс по 7-8 години.

Во секој случај, зависи од лични преференци и што и да одбери човек си бара усовршување во стручноста, дали тоа ќе биде преку купување на нов алат, следење на нови техники на работа и материјали кои се користат во работата или од др страна завршување на факс и континуирано дообразование во вид на курсеви и семинари од специфични области, исто му доаѓа.

Лично, отсекогаш сум ги сакал и двете работи (и физичката и умствената) и не ми биле туѓи за да можам да заработам и од двете.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.286
Одлична тема, кој занает според вас е најисплатлив за учење?
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.811
Поени од реакции
5.688
Одлична тема, кој занает според вас е најисплатлив за учење?
Мое мислење, занает кој тебе те привлекува и ти е интересен. Ако учиш нешто на сила, само затоа што е најисплатливо, нема да догураш далеку со учењето но и да успееш, нема да го работиш со мерак.
Сигурно имало нешто што те интересира уште од детството, но сепак тоа е само мое мислење...
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.286
Мое мислење, занает кој тебе те привлекува и ти е интересен. Ако учиш нешто на сила, само затоа што е најисплатливо, нема да догураш далеку со учењето но и да успееш, нема да го работиш од мерак.
Сигурно имало нешто што те интересира уште од детството, но сепак тоа е само мое мислење...
Е ова е проблемот кај мене што не знам што сакам, што ме привлекува, 28 ги начукав а како 18 да имам не знам ни дали пубертетот ми заврше.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Е ова е проблемот кај мене што не знам што сакам, што ме привлекува, 28 ги начукав а како 18 да имам не знам ни дали пубертетот ми заврше.
Што попипава работа, јас мислам подобро се плаќа. На пример електричар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom