Ми се допаѓа воведот во темата.
Нема воопштена дефиниција што е подобро, двете работи имаат свои предности и маани.
Што и да одлучи човек треба максимално да се посвети и сериозно да го сфати истото, што најверојатно ќе биде последица на домашно воспитување и пред сè на карактер.
Кај нас балканците, барем кај постарите генерации, нормално е покрај формалното образование (некој факс и слично) да имаш и неформално т.е. да знаеш по некој занает, ако не и најчесто повеќе и иако не си професионалец да можеш слободно да се снајдеш и со водовод, струја, фарбање/глетовање по дома и слично - што секако го олеснува животот понатаму.
Во однос на професионалните преференци, треба родителите да знаат да го насочат детето од мало да не ја убива љубопитноста, тоа мислам дека е главниот фактор ОД основно до крај на средно за да на можеш после тоа или да се насочиш кон една работа или да експериментираш со неколку.
Во секој случај, некаде до кај 25 треба да се изградиш со основни знаења од било која област и веќе да почнуваш да ги усовршуваш истите.
Доколку тоа е факс и следува со истото канцелариска работа (не мора да е ИТ) сепак ќе ти страда кичма, врат или било што од таа регија бидејќи имаш секојдневно монотони и исти движења, а истото важи и ако се бавиш со занает и работиш на отворено или со дигање одредена тежина. Во секој случај и тука веќе треба да имаш изградено една култура на внимавање на здравјето - што и да работиш.
Убав баланс во животот би бил да знаеш барем 1 занает на напредно ниво, два јазици на високо ниво (англиски е must have во денешно време) и ако се профилираш академски - без разлика дали преку курсеви или формално образование во однос на факултет треба да го направиш тоа навремено, а не да влечкаш факс по 7-8 години.
Во секој случај, зависи од лични преференци и што и да одбери човек си бара усовршување во стручноста, дали тоа ќе биде преку купување на нов алат, следење на нови техники на работа и материјали кои се користат во работата или од др страна завршување на факс и континуирано дообразование во вид на курсеви и семинари од специфични области, исто му доаѓа.
Лично, отсекогаш сум ги сакал и двете работи (и физичката и умствената) и не ми биле туѓи за да можам да заработам и од двете.