Аман луѓе.. „Факултет не ти треба, најди си курс или учи занает“ е реченица на секој втор изгубен по фабрики што работи , а сака да си го крене социјалниот рејтинг повисоко. Па и самите курсеви и онлајн- академии почнаа да тврдат дека нема потреба од факултет, оти таму ќе си научел се. Очигледно имаме изгубено компас за значењето на високото образование и како во храната, така и во се останато бараме да биде брзо. Високото образование треба да создава мислечки академски граѓани, кои ќе го градат идното општество, а не само привремен импут во бизнисите како што тоа најчесто го прават тие курсеви и академии.
Образование од неколку месеци и скрипта од 100 страни може само да начнат одредена тема, најчесто во однос на трендовски алатки според потребите на пазарот. Додека, посветени студенти, кои неоколку години ВИСТИНСКИ проучуваат одредена област и го соберат знаењето од квалитетни учебници и автори, имаат повисоко ниво на разбирање прво на областа, а потоа и на нејзината примена во општеството на долг рок, не само во однос на актуелен тренд.
Да не говориме и дека се она што се предава на академиите по 2000 евра, го има и бесплатно со 2-3 клика по интернет, за некој што вистински му се учи. Исто време ќе потроши, неколку месеци. Секако дека нашето образование денес е далеку од совршено, ама од академија е најмалку неколку години разлика, што и не е така малку. Секако и дека не се сите за на факултет, ама дефинитивно не се сите и само за на академија.
Редно време е да научите да разликувате стручно од високо образование и да разберете каде се вклопувате во пејзажот, наместо да ги учите младите дека немаат потреба од факултет. Чисто се сомневам дека инженери, лекари, професори, архитекти, стратези и сл. ќе можат да станат со неколку месечна академија.
^ Текстов е инсирација од некаде на интернет. Намалете со идолизирање на тој “Ендру Тејт“ и неговото манипулирање на младите, од што само тој има корист и се збогатува, а овие се затупуваат повеќе и повеќе. Прост народ - проста Држава - проста иднина.