Законот на Телема

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Најди си го местото под ѕвездите човеку...
Ништо не си научил што е ТЕЛЕМА а што не...
Драги мој телемиту...

Животот каков што му е даден на човекот е тежок, неправеден. Се раѓа, страда, умира, како што вели најкратката историја на човекот на Анатол Франс. Луѓето, низ вековите се обиделе да му се спротивстават на смрта, на различни начини. Религијата, Уметноста, Науката, Филозофијата, Мистиката се обиди да се одговори на проблемот на смртта. Сите тие обиди очајно потфрлиле. Го оставија човекот да му гледа во лицето на смртта, без никаков одговор. Тешко е тоа, не е за секого. Полесно е да се пикне главата во алкохол, дрога, Христијанство, мистицизам, вера во прогресот и што уште не. Зошто мислиш дека твоето е одговор?

Зарем не те убива контигентноста на настанот? Баш во 1904-5 година, баш на Кроули? Безброј пати се имаат случувано такви објави, само што е игра на случајот кој од нив ќе биде запаметен и претворен во Ред. Популарната култура го направи Кролуи она што е. Гностици, мистици, алхемичари, неброени низ историјата. Исто е и со религиите, случајност и политичка потреба решила Христијанството да биде запаметено, и врз тоа покасно да се изгради една кула на бесмислици.

Разбираш? Многу е просто, само треба да се мисли малку...

--- надополнето ---

Infected и initiate и не е баш исто!
Македонски не помага многу понекогаш, знаеш тоа?
Пробај и со латински, потеклото е тоа... Па ќе си одговориш дали има или нема случајност :nesvest:
93 93/93
Тоа беше шега... :vozbud: Невозможно е да мислиш дека бев сериозен околу тоа...

--- надополнето ---

Ништо не си научил што е ТЕЛЕМА а што не... a не обвинуваш нас телемитите, и мене, и ќе спасуваш млади кои поминале од тука да прочитаат нешто и да научат!
Неуки не учат никој и не спасуваат никој! Само си го трошат времето, дали од мрза дали од омраза, и тука има сличност на зборовите!
За степенот на мојата и твојата ученост ќе ги оставиме другите да судат. Само ќе ти кажам дека мудроста е обратнопропорционална со степенот на фанатизам и живеењето во затворени системи...

Ти како сакаш...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.307
Поени од реакции
12.299
Македонски мене ме учиш а маваш битолски до немајкаде :nesvest:

Но ти немаш 2 реда прочитано што вели Кроули за мистицизам, за христијанство, за дрогата, за смртта, што мислат телемити за тајните, мистериите(дали има разлика за тебе од мистерии и мистицизам, што мислиш?)
Еве за смртта, Liber 106, напиши на Google, ќе ти ја даде, мала е, прочитај...
Игра на случајот, да да, како што се вели во Книгата на Лаги: Бидејќи се е случајност, само затоа и животот е добар. Парафраза...

Не те сфатив сериозно, но морам малку патокази да давам за некој млад кога ќе помине да прочита и да побара... преку одговори на твоите постови(какви и да се) јас дополнувам со информации... Колку толку да биде корисно пишувањето не само пишување...
93 93/93

P.S. О.Т.О. ти е затворен систем? Што зборуваш младичу?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Битолско-Прилепско-Велешкото наречје е основа на Маедонскиот литературен јазик, тоа се разбиира го знаеш.

Јас не планирам да пишувам во оваа тема повеќе, кажав што имам да кажам. Да го цитирам Ниче, Кој има уши, нека слушне...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.366
Поени од реакции
84.600
Повеќе не се трудам да "им вадам очи" на форумов на Телемитите. Не затоа што се у право, него затоа што "вадење очи" на форум заради сопствени уверувања е погрешна практика. Па се трудам (иако не ми успева секогаш) тоа да не го правам. A и плус, дотолку повеќе што, како што гледам, Телемитите тоа го прават во помала мерка од другите, или пак воопшто не го прават. ....за разлика од атеистите (кои се најревносни во убедувањето на другите во туѓата неисправност и сопствената исправност) и Муслиманите, да речеме.

Според мене Заратустра е во право кога го посочува помалку смешно-надмениот однос на Телемитот (а и другите Телемити често така се поставуваа, на форумов, во минатото).
А Телемитот кажува една голема форумска вистина, а тоа е дека форумскиве атеисти (или скептици wateva') ги разгледуваат нештата кои немаат таков карактер од профан аспект, па уште бараат и одговори и објаснувања исклуиво од таа позиција, што делува помалку ограничено и наивно.
 
Г

Господ

Гостин
Абе книгава џабе се чита.Секој стих е посебна филозофија шо може да се разложи на километарски свитоци.Ако не осетиш на своја кожа никад нема ги сфатиш телемитиве.
Човек може цел живот да потроши на думање на стиховите и на крај да остане шо се вика со к*рот у раце,затоа и овие се ќутлив народ.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.307
Поени од реакции
12.299
Не сме ќутливи до толку... :nenene:
И не сме надмени, само со каков тон ни се обраќаат со таков враќаме (не вртиме образ, нема смисла тој закон,)! Многумина овде мислеа дека сме горди, дека се правиме дека знаеме нешто повеќе(да, знаеме за темава многу, не за џабе не нарекуваат телемити), но откако се разговараше на сосема друго ниво, се сменија нечии ставови...

И добро е кажано:
А Телемитот кажува една голема форумска вистина, а тоа е дека форумскиве атеисти (или скептици wateva') ги разгледуваат нештата кои немаат таков карактер од профан аспект, па уште бараат и одговори и објаснувања исклуиво од таа позиција, што делува помалку ограничено и наивно.

Овде би сменил форумџии (не мора да се атеисти само). Да не зборуваме за незаинтересирани за темава кои поставуваат прашања како да е ова темата христијанство или муслиманство и сега треба овде да се натегаме кој што мислел со тоа што е кажано во Законот или пак нашите пракси кои се јавни... Прочитале од wiki или од нет(без да проверат колку е тоа веродостојно, ниту да размислат со своја глава) и доаѓаат и ни кажуваат каков е Законот кој не го познаваат ниту практикуваат, на нас, кои го живееме тој Закон! И нормално, ние сме оние смешно-гордите, кај кои доаѓате незапознаени со Законот, ниту пак со праксите и нормално каде ве водат истите!
Но нека биде така...

Кај нас нема двосмислено значење, секој разбира во свое светло и како го разбира Законот, така и дејствува! Ако згреши, да нема право да обвинува никој друг освен самиот себе си, и да се поправи и да разбере подобро и да дејствува подобро! Ако може да го направи тоа...

П.С. Благодарност до сите што ми го честитаа големиот празник : Трите дена на пишување на Законот !

93 93/93
 
Г

Господ

Гостин
Хммм не ?
Мислам дека би требало да се биде.
Секој по својот пат,мене дебатирањето ми стана некако,одбивно,отсега ќе ве читам повеќе и нема да поставувам прашања,ниту ќе поставувам тези-противтези.
А и има една,without speech there will be no deceit,ми се допаѓа.
Инаку илузијата на двосмисленост доаѓа од самата универзалност,барем јас така мислам.
Ама ајде,доволно дрндлам без поента.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.307
Поени од реакции
12.299
Потребно е дебатирање, но прво да се реши тој што прашува, зошто прашува и што сака да постигне со прашањата... Тој што одговара, зошто одговара и што ќе постигне со тоа... Тоа е договор...
Не може да се прескокнуваат работи кои сами треба да ги научите... Не можеме да ви кажеме се отворено... Ние нема да изгубиме ништо ако ви кажеме (дали воопшто може да ви се каже? Зошто некои веруваат дека работите се кажуваат??), вие ќе изгубите премногу ако работите се постават така.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Што тоа другите можат да изгубат ако работите се постават така?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
А Телемитот кажува една голема форумска вистина, а тоа е дека форумскиве атеисти (или скептици wateva') ги разгледуваат нештата кои немаат таков карактер од профан аспект, па уште бараат и одговори и објаснувања исклуиво од таа позиција, што делува помалку ограничено и наивно.
An Atheist Surprise Attack!!!

...пошто библијата е ного неограничена и конзистентна, без контрадикторности и современа една книга која го совршено отсликува неменливиот морал на човештвото и дава јасни напатствија за правилен живот и фер третман на себе и другите. (особено од соседните земји)

Мислам дека не го разбираш телемитот што всушност ти кажува.


...а атеистите никогаш не спијат. Поделени сме на смени и ве вребаме по форумиве ;)
 
Г

Господ

Гостин
Потребно е дебатирање, но прво да се реши тој што прашува, зошто прашува и што сака да постигне со прашањата... Тој што одговара, зошто одговара и што ќе постигне со тоа... Тоа е договор...
Не може да се прескокнуваат работи кои сами треба да ги научите... Не можеме да ви кажеме се отворено... Ние нема да изгубиме ништо ако ви кажеме (дали воопшто може да ви се каже? Зошто некои веруваат дека работите се кажуваат??), вие ќе изгубите премногу ако работите се постават така.

Но тој што одговара може да ја каже вистината само за себе,не може вистински да се помогне на друг.Дури и лицемерно е да се мисли дека е можно.Во право си не треба да се прескокнува градивото,треба секој сам да си го открие патот.
Ние,да изгубиме нема,може само да пропуштиме,затоа треба по ред,насамо да се проучува,оти вака,со прашување и без вистинско изучување може да се пропуштат битни детали.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.307
Поени од реакции
12.299
Но тој што одговара може да ја каже вистината само за себе, не може вистински да се помогне на друг. Дури и лицемерно е да се мисли дека е можно.Во право си не треба да се прескокнува градивото,треба секој сам да си го открие патот.
Ние, да изгубиме нема,може само да пропуштиме,затоа треба по ред,насамо да се проучува,оти вака,со прашување и без вистинско изучување може да се пропуштат битни детали.
Уште полошо ако пропуштите. Изгубеното се пронаоѓа со напор, работа, пропуштеното по патот, е исчезнато засекогаш.

Во врска со сопствените патишта, нечии прашања, нечии одговори на истите еве што мислам:
Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму.
Значи Големото Дело е едно, Иницијацијата е една, Наградата е една, макар колку различни и да биле симболите во кои е завиткано Неизговорливото. - Liber LXI
Мислам дека е доволно јасно што е и како е, со играта прашања - одговор, нели!
Но сепак, прави како ти е волја и тоа нека биде цел закон!
Немаш друго право освен да ја извршуваш својата волја!
 
Г

Господ

Гостин
Уште полошо ако пропуштите. Изгубеното се пронаоѓа со напор, работа, пропуштеното по патот, е исчезнато засекогаш.

Во врска со сопствените патишта, нечии прашања, нечии одговори на истите еве што мислам:
Мислам дека е доволно јасно што е и како е, со играта прашања - одговор, нели!
Но сепак, прави како ти е волја и тоа нека биде цел закон!
Немаш друго право освен да ја извршуваш својата волја!

Одамна се гледа дека сме во апсолутна спротивност,иако можеби целта ни е иста.
Ти секогаш целиш кон организираност и иницијација во Ред,јас пак сметам дека патот треба да се изоди сам(токму така,поради одбивноста кон хиерархии,организираност и ред).Не ми се допаѓа идејата за помагање оти секој знае да помага на свој начин,по своја волја и сега имаме интерференција на волји.
Мислам дека имаше во некое четиво дека некогаш му е волја на некој да му се помогне ама ти ваљда знаеш повеќе за ова :)

Инаку сакав да те прашам,дали ги има некаде во Македонија,по можност Скопје Магика без Солзи,Еквиноксот на Боговите некои од коментарите за Законот(не знам дали се во целина),оти некое време убаво и имам седнато на Магика без солзи ама очиве отекуваат,а принтер јок,се мислев да ги испринтам некаде ама што знам.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.307
Поени од реакции
12.299
Кон хиерархии скоро сите профани имаат одбивност, таков е нивниот пат низ системот, такво им е искуството. Тоа што виделе тоа и научиле! Тука не може да се зборува за хиерархијата на Редот и што е хиерархија.
Битна е иницијацијата. И за неа нема ништо што да се каже конечно на еден форум.

Никој не помага ако не се побара од него да помогне, ако не добие прашање, нема што да одговори. Никој не треба премногу да бара помош, бидејќи така ќе докаже нешто сосема друго, а не дека е на вистинскиот пат. Така да, се урамнотежуваат волјите, и тоа многу добро.

Магика без Солзи ја има во Скопје, Табернакул можеби, ја има и Законот е за Сите, Атлантида, Мали есеи кон вистината, Преку понорот... Не знам во кои книжари ја има, тоа може да се провери ако веќе сакате на македонски, иако ги има на нет книгите без пари.
 
Г

Господ

Гостин
Во ред,веќе нема да зборувам за редот.
А во поглед на профаните,може ли навистина да ни се замери?
Но јас немам ништо против хиерархијата во поглед Крал-Питач,не зборувам за хиерархијата во ОТО,или било која организација.
Тука засега ништо не можам.
Можеби затоа што сме доле имаме толку одбивност према она горе,ама потајно секој се стреми натаму.
И благодарам за информациите за книгите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom