Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон!

Само да спомниме, да не се заборави, или пак да се научи нешто:

Liber AL vel Legis sub figura CCXX - Поглавје II

36. Постојат ритуали на елементите и прослави на сезоните.
37. Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
38. Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
39. Прослава за Тахути и детето на Пророкот - тајна, О Пророку!
40. Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Еквинокс на Боговите.
41. Прослава за оган и прослава за вода; прослава за живот и уште поголема прослава за смрт!
42. Прослава секој ден во вашите срца во радоста на мојата наслада!
43. Прослава секоја ноќ за Ну, и задоволство на крајниот занес!
44. Навистина! празнувајте! радувајте се! нема страв од сега натаму. Разложувањето, и вечната екстаза се во бакнежите на Ну.
45. Смртта е за пците.


Денеска е 12 Август, денот кога Големиот Ѕвер ја имаше првата Ноќ со својата Невеста, далечната 1903 година, кога завршуваше Крушевската република.
Невеста која е "крива" за примање на Законот од страна на Ѕверот.
Да! Жена стои зад сета таа "лоша" личност, позната под името Кроули или Големиот Ѕвер. Тоа е Жената која законот ја воздигна на рамниште на мажот како пример за тоа дека Сите сме Ѕвезди. Секој маж и секоја жена. Доста беше жената да биде во сенката на мажот. Тоа умре заедно со стариот еон, еонот на Умирачкиот Бог.
Нејзиното име е Rose (Роза, или Uarda[роза на арапски]), за која Големиот Ѕвер напишал поема (Rose of the World).
Таа е Невестата која му кажала на својот сопруг што треба да прави во текот на 8, 9 и 10 април – времето кога била примена Книгата на Законот.

Денеска, можете да прославите. Како ви е волја, со кого ви е волја, и каде ви е волја. Но, постои еден закон:

Liber AL-II:35. Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!

Тажните и меланхолични зборови не се вредни за воспевање на еден Бог, кој е дел од нас.

Љубовта е Закон, Љубов под Волја!!!

P.S. Требало на почетокот на темата, да ставате линкови од каде ги копирате информациите.
Сепак тоа се официјални документи на Редот преведени на македонски. Од чиста учтивост, не за друго. :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Ова колку да се освежи темата со нешто ново и непознато.


"But in the new Aeon the Hierophant is Horus (Liber CCXX, I, 49) therefore the Candidate will be Horus too. What then is the formula of the initiation of Horus? It will no longer be that of the Man, through Death. It will be the natural growth of the Child. His experiences will no more be regarded as catastrophic. Their hieroglyph is the Fool: the innocent and impotent Harpocrates Babe becomes the Horus Adult by obtaining the Wand. 'Der reine Thor' seizes the Sacred Lance. Bacchus becomes Pan."

А стихот од Liber CCXX, I, 49 гласи:
Поништени се сите ритуали, сите искушенија, сите зборови и знаци. Ра-Хоор-
Куит го зазеде своето седиште на Исток за време на Еквиноксот на Боговите; и нека
Асар биде со Иса, кои исто така се едно. Но тие не се од мене. Нека Асар биде
обожувател, Иса страдалник; Хор во неговото тајно име и блескот е Господ

иницирачки.

Од тука мислам дека следуваат и малите разлики на масонските и телемитските иницијации. Едните се низ смртта, другите низ животот.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Еве овде ќе споделам линк кој содржи превод на едно поглавје од "Книгата на Лаги" од Алистер Кроули!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Последен пост кој ти го толерирам како таков ..
Рекламираш! ... темава не е отворена за реклама на твојот блог ..
Споделувањето на линкови оди обратно од тоа шо ти го правиш ..
значи поставуваш тука текст (кој е во контекст на темата се разбира и дебатата) и оставаш линк до Извор .. а не поставуваш прашања па ако демек сакате повеќе да дознаете посетете ми го блогот .. таму се ќе ви објаснам тука не .. ех ..
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Не знаев дека е проблем линк да се даде да се прочита.
Истото се прави и со youtube линкови и линкови до wiki и слични нет страни.
НЕ знам што е проблем да се стават линкови од блогот. Бидејќи е телемитски е проблем или? Чиста дискриминација :)
Не го рекламирам блогот. Блогот не е МОЈ ако мислиш на мене како личност.
Но некои постови не може да се стават овде цели. Ако не е проблем може дел од постовите да ги пастирам овде, а другиот дел ако е некој повеќе заинтересиран, нека доаѓа на страната(блогот).

--- надополнето ---

Еве, со ова се надевам нема да предизвикам акт да се избрише постот.
На почетокот телемата и магиката ги сметаа исто како и магијата, шарлатанството, ефтините трикови, спиритисти кои си играа со квази-духови, и ги заведуваа лековерните и оние кои лесно се фасцинираа .
Сите тие магии, сите тие сеанси само донесоа магиката да не биде разбрана и да биде дел од тоа семејство на измамници и губитници и друмски разбојници(слично направија хипиците со нивното злоупотребување на дрогата).
Кај луѓето е нормално да не се замараат премногу со работите. Денес се оди брзо, со скратени патеки. Некој слушне магија, наредниот пат магика, и тоа е исто. Умот не му ни бара слични поими да ги разгледа, раскрши на ситни парчиња и да види дали едното и другото се исти или пак сосема различни.

За телемитите, магијата е дело на Црните Браќа (за тоа можеби некогаш друг пат), нешто што е подло, ниско, слично на хипноза без дозвола на другиот.
Додека Магиката(Magick) е сосема нешто друго. Врзана е со Чистата Волја, некорумпирана од страста за резултат, така поставувајќи го патот да биде совршен. Магиката за разлика од магијата, не ги силува Силите на природата(какви и да се тие сили), туку ги проучува, ги категоризира, и откако ќе се научи Законот, Магиката станува чиста уметност во Пракса.
Можеби некој пак ќе праша подли прашања во стилот ако Волјата сака да наштети на некој друг.... Таква Волја не е Чиста волја... Ако прифатиме дека Прави што ти е волја важи за нас, истото важи и за било кој друг. Со тоа прифаќаме дека ако ние сме Ѕвезда која има своја орбита, тогаш и другите се ѕвезди. А ако сето тоа се силува, и Волјата сака да наштети, Тоа е Магија... И тука станува збрканоста на обичниот човек кој не е запознаен ниту со магија ниту пак со магика.
Во постот се дадени дирекно од перото на Фр. Пердурабо размислите и конечната поделба на тоа што е магика а што магија.
Тој вели дека Магиката е Наука и Уметност. Дека секој Акт, секоја мисла е Магика. На многу места, низ многу свети книги е кажано дека и човековата мисла ќе се суди. Магиката е Уметност и Способност да не се троши Бесконечната Резерва на Енергија.
Во ова дело, "Магика без Солзи", се одговорени голем број на битни и сложени прашања кои, ете понекогаш дури и самиот Аџија на патот, го збунуваат и се трудат да го застранат.
Многумина велат дека магиката е сатанизам или слично, но сето тоа е само еден обид да се скрши Волјата и Мислата на човекот.

П.С. Екс се надевам сега е ок... Во твој стил, објаснето, има простор за прашања некој да каже спротивно, а и да ја посети страната :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
За телемитите, магијата е дело на Црните Браќа (за тоа можеби некогаш друг пат), нешто што е подло, ниско, слично на хипноза без дозвола на другиот.
Дa, но само на хартија, додека во пракса - прават обратно.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
@Evil BEtty: Дa, но само на хартија, додека во пракса - прават обратно.

Интересно гледиште, но не можеш да генерализираш така едноставно.

Сега зборуваш за сите телемити, или за одредени луѓе кои можеби се телемити, можеби не се??? Сигурно имаш искуство (пракса во магика) со телемити кои станале Црни браќа(сепак ги викаме браќа ако не забележа), или пак луѓе што се занимаваат со магика, па така зборуваш, дека се е само на хартија, а ништо во пракса.
Тоа е во ред, но твоето искуство не е мое. Ниту моето твое. Не велам дека нема луѓе што паднале од патеката. Но не знаеме дали нивните искушенија ние би ги поминале.

Запишано е на хартија, да, но секој сам мора да си го изоди патот. Не за секој е иста праксата ниту искушенијата ниту животот.

Инаку, хартијата ни е небитна нам. Праксата е она што ни е битно. Не ми веруваш? Тука не можам ништо... Не сум овде да натерам некој да верува.
Запишаните зборови се само сведок за вас, другите. Кај нас, оди од уво на уво, нели.

Магика е магика, магија е магија.
Телемата(чистата волја) е магика во пракса, а не магија. А магика кажавме што е во постот!

П.С. Можеби не требаше ништо да се искоментира, но некако твојот коментар ме потсети на други теми, како христијанство, ислам, а таму застрануваат темите и мислата некако премногу брзо и бесцелно со вакви изјави од еден ред, без да се објасни од каде таков став за нечиј претходен пост.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Инаку, хартијата ни е небитна нам. Праксата е она што ни е битно. Не ми веруваш? Тука не можам ништо... Не сум овде да натерам некој да верува.
Запишаните зборови се само сведок за вас, другите. Кај нас, оди од уво на уво, нели.

Магика е магика, магија е магија.
Телемата(чистата волја) е магика во пракса, а не магија. А магика кажавме што е во постот!

П.С. Можеби не требаше ништо да се искоментира, но некако твојот коментар ме потсети на други теми, како христијанство, ислам, а таму застрануваат темите и мислата некако премногу брзо и бесцелно со вакви изјави од еден ред, без да се објасни од каде таков став за нечиј претходен пост.
Сега забележавме дека не се поправени линковите до некои постови, па да поправиме.
За да не се разбериме погрешно со модераторот, ова е само за да го поправиме линкот од претходните постови бидејќи не дозволува да се промени веќе наипшаниот пост.
Блогот е затворен, но линкот до постот за магика, е поправен во цитатов.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Само да известиме дека постои група на facebook за страната Heptagram IX, која е првиот телемитски портал во Македонија!
Имате и книга на гости на која може да се запишете, има и e-mail (heptagramix@gmail.com) , на кој може да прашате нешто, да ни кажете нешто...
Се во името на комуникацијата! :smir:
Ако касниме со одговори и слично, не е до нас!

P.S. Бидејќи сите знаеме дека Нова година е на 21 Март, нема да ви ја честитаме уште сега, премногу е рано, нели... :smir:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Ете да потсетам дека денес е 20 Март, кога се празнува телемитската нова година, кога се празнува Еквиноксот на Боговите и изведувањето на Големиот Ритуал 1904 година, кога започнува нов циклус на Живот и Смрт во Природата на Земјата!

Повеќе тука!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ете да потсетам дека денес е 20 Март, кога се празнува телемитската нова година, кога се празнува Еквиноксот на Боговите и изведувањето на Големиот Ритуал 1904 година, кога започнува нов циклус на Живот и Смрт во Природата на Земјата!

Повеќе тука!
Честитки! :smir:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ете да потсетам дека денес е 20 Март, кога се празнува телемитската нова година, кога се празнува Еквиноксот на Боговите и изведувањето на Големиот Ритуал 1904 година, кога започнува нов циклус на Живот и Смрт во Природата на Земјата!

Повеќе тука!
И годишнина од нападот на Ирак feat. тазе напад на Либија :smir:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Ајде ајде, и војните се за луѓе! :smir:
Ќе има уште многу војни и многу напредок, ништо не е сменето, ќе бидеме тоа што сме :) Бидејќи додека има луѓе ќе има и омраза :) Заради проклетите ви разлики и политики на ограничување и бесцелни закони во кои се плеткате!

Нека оваа година, вашите патишта бидат исполнети со најмачни искушенија, а нивното поминување ваша света задача!

Догодина, да бидеме за трошка подобри :)
Поздрав до сите телемити, и пријатели на Редот! Празнувајте и живејте го животот!

93 93/93 :)
 
Член од
25 август 2010
Мислења
179
Поени од реакции
23
Оо јееееееее.
Готово , јасно ми е .
Терајте си со хипноза , а ја ке си продужам со лафинг медитејшн.
Убаво си реков јас а се надевам дека модераторот ке ми се извини(освен ако не сум го проценил лошо , ама ке видиме)
И пак ке кажам со цело мое срце(ама малку видо изменета од мене) :
Кој со рогатиот тикви сади , заедно со рогатиот си очи вади.
Success is thy proof: argue not; convert not; talk not over much!
Да ама кој успех , гледам дека е изгледа материјалниот а ?
Гледам и читам сте останале без душа , a тропате за љубов и за воља.
А која воља ?
На Сатанаил или Луцифер или како ли се вика.
Оффффф лелееее .
Гаволот на Исус му го даваше цел свет.
П.С. Кои сте вие?
O збунет гулабу значи не си у право,материјалните добра воопшто не треба да се гледаат како лоша цел ,материјалниот успех не значи дека ја губиш душата,како што спомна користиш медитација,медитацијата со тек на време може да ти помогне да ја спознаеш својата вистинска волја и да ја разбудиш искрата на лјубовта во твоето срце ,колку повеке ја спознаваш својата волја свакаш дека тоа е и волјата на господ, остварување на твојот сон на твојата лична легенда, живот во хармонија без страв,колку повеке медитираш ке дознаеш дека со разни техники можеш кон себе да привлечеш разни материјални добра и имаш потполно право да уживаш во нив,единствено што треба е да чувствуваш лјубов и да ја пратиш својата волја и божјиот план за тебе бидејки твојата вистинска волја и божјиот план се исти,треба да му дозволиш на животот да ти го даде максимумот,но не да бидеш опседнат со било какви ниски желби твојот ум да биде насочен само кон лјубовта и таа сама ке ти ги даде сите работи кој ти се потребни.Гаволот незнам зашто го перцепираш како личност,тој не е личност тој е потсвеста на лугето која често ги спречува да ја остварат својата лична легенда и да го следат својот пат,најголема желба на исус била да го заврши својот пат и да ја изврши мисијата која му била наменета ,токму ради тоа тој го одбил целото богатство кое му било понудено од неговиот личен демон,но не го одбил поради тоа што тој чувствува презир или нелагодност при уживањето во материјалните добра туку затоа што го спречувало во својата лична легенда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom