Г
Ах ова дури сега е забележано!така е .. не е се за секого ...
незнам само дали да го земам Хептаграм и неговиов последен пост како официјален став на секој Телемит за да можам да си оформам мое мислење конечно за учењево ... би сакал Магус да ми го потврди :smir:
Зарем не е самото пишување на овој форум во спротивност на цитираното? Ако не сакаш да објаснуваш, ако мистериозниот успех е твојот (вашиот) доказ, тогаш зошто сево ова?AL-III:42: Success is thy proof: argue not; convert not; talk not over much!
Значи твоето прашање, како дел од профаните, не може да биде одговорено на задоволителен начин. Немаме ние потреба да објаснуваме. Успехот е нашиот доказ. Ако прашаш кој успех, и тоа нема да ти одговорам. Ако се чудиш па зошто, е тоа си е твој проблем.
Но истиот Закон вели:AL:III - 42. Искушенијата ќе ги надгледуваш ти самиот, освен оние слепите. Не одбивај никого, но ти ќе ги препознаеш и уништиш предавниците. Јас сум Ра-Хоор-Куит; и моќен сум да го заштитам мојот служител. Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу! Тие што сакаат да те намамат, да те поразат, нив нападни ги без милост или сожалување; и уништи ги потполно.Остро како згазена змија сврти се и удри! Биди посмртоносен од неа! Фрли ги нивните души во стравотни маки: смеј се на нивниот страв: плукни на нив!
Гледаш дека не е спротивно? Законот е да се даде на сите, а кој ќе го прифати си е негово. Не преобратуваме, не зборуваме премногу, но тие што сакаат со ниски удари да не свлечат во нивните подли размисли, имаме Закон да направиме како ни е волја.AL:III - 59. Како браќа борете се!
Нам ни се објаснува. Смири се малку, диши. Аман не ни помагај по толку, сите ќе се просветлиме...Уште посмешно е што ви се објаснува, бидејќи некој има таква Волја, да помогне на некој што бара, искрено...
Ти така ме гледаш мене преку твојта призма, дека јас се правам дека сум испил не знам што. Тоа си е твое. Ова веќе е пишувано кажувано...Нам ни се објаснува. Смири се малку, диши. Аман не ни помагај по толку, сите ќе се просветлиме...
Пријател, не едно место во оваа тема објаснуваш дека ти лично најмногу му замераш на Кроули што го направил учењето премногу јавно. Сега пак ТИ доаѓаш на ЈАВЕН форум и филозофираш (во најпежоративна смисла на зборот филозофираш) на истото, однесувајќи се како да си ја испил целата мудрост на светот. Јас би рекол дека тоа е контрадиторно, ама ти сигурно ќе најдеш некој Збор од Книгата каде што се среќаваат Кралеви, Просјаци, Германци со камиони, Пеце на Надето, итн, за да ме побиеш...
И да, премногу големи букви има во книгата, на писмените луѓе големите букви им служат да означат почеток на реченицата...
Друга работа, кога сакаш да дискутираш на јавен форум за книги од тој тип, на тебе е теретот на објаснувањето. Не можеш да лупнеш два три цитати полни со големи букви, а потоа да тврдиш дека личното искуство е најважно. Смешно, зарем не?
Види на пример вака.
Ти си Трева. Ти си оторинголарингологија. Победи, изгуби, свири...
Јас тврдам дека ова е извор на најдлабока мудрост, и секој што не го прифаќа е Просјак, ама не сакам да објаснам, само искуствено може да се сфати...
Оф леле...
Ајде со ред.Ти така ме гледаш мене преку твојта призма, дека јас се правам дека сум испил не знам што. Тоа си е твое. Ова веќе е пишувано кажувано...
За големите букви, или воопшто за буквите, дај прочитај ја Книгата барем еднаш, има за се што овде зборуваш, го има таму. Некои работи се за секој во таа Книга... Аман, сега треба да се повторувам за тоа што е јавно а што тајно...
И да, ќе најдам уште 150 книги со цитати за да те побијам, бидејќи ти си обвинувачот тука, кој не го ни проучува Законот, ниту пак имал некаква пракса или допир со иницирани ширум Земјата!
Ти си ПРОФАН кој што сака(иако мислам дека ти си го згрешил подфорумот) да му се објасни профано за Законот! Се даваат само патокази! Што добро ќе ти направам ако ти фатам врски за да разбереш побрзо што е и како е? Нели не сакаме така?
Секој цитат е ставен во контекст на она што го зборувам, а ако не разбираш, јас сум крив? Па седни учи, ако си заинтересиран за Законот, ако не, не ни доаѓај тука... Толку е лесно... Почитувај го барем првиот дел од Законот: Прави како ти е волја и тоа нека биде целиот закон, за вториот, Љубовта е закон, љубов под волја, за тоа треба пракса! Но ти не ги знаеш нашите пракси (освен сега ако убиеш 2 часа барајќи по нет да најдеш нешто кое што нема да го разбереш)
И повторно на дискусијата со просјаци и кралеви... Додади ги и робовите тука, тие се најниско од сите, исто така Човек на Земјата е најнизок од сите три степени од Тријадите на О.Т.О., но сепак потребен дел и тоа и те како битен за целата структура.
Додади ги и Жените обвиени со Црно Кои што за среќа ги има помалку...
Кога твојата најголема филозофија ќе има практична примена во општеството (упс ти не го сакаш општеството) нема да кажам ништо... Твое си е тоа која ти е најголема филозофија, сигурно нема да дојдам да ти велам не не не е тоа најголемата филозофија (па не сум јас христијанин или муслиман)
Но ти си наплашен од хиерархии... Научен од твоето искуство низ животот... Не ме обвинувај мене и мојата филозофија за твоите искуства... Ако тебе претходното ти е твоја највнатрешна филозофија, ова е мојата! И не ме обвинувај мене што давам само патокази, кои што ако не ги разбираш, значи ти нешто не си научил...
П.С. Нема сите да се просветлите, и да дишам и да не дишам. Види и за тоа, што е како е... Само без документарки, книги, најдобро е
Да можеш, да сакаш, да имаш волја и да знаеш, ќе правиме друг муабет!
П.П.С. Море филмови правење Извини, за надзборување немам Волја! Ова општество кое го мразиш, јас во него живеам и егзистирам! А тоа значи работење! Така да, кој се натпреварува за надзборување со бесмислени изјави ?
Се вели допирај, гибај, дирај е Србизам и звучи многу лошо. Ако најде некоја сличност со подфорумите христијанство и ислам, тоа е нормално. И таму има заблудени души кои зборуваат небулози, па некој треба да им помогне.П.П.С. Море филмови правење Извини, за надзборување немам Волја! Ова општество кое го мразиш, јас во него живеам и егзистирам! А тоа значи работење! Така да, кој се натпреварува за надзборување со бесмислени изјави ?
Кроули во својата Автобиографија убаво си кажува кој бил и што правел! Тоа се знае... Знаеш други телемити освен Кроули? Знаеш што смениле и што дополниле во праксите сиве овие години? Зарем толку ти е битен Кроули? Мене не ми е многу битен... Тој што бил и како бил, јас не сум ни 2% од тоа...
Вакви муабети потсетуваат на подфорумите Христијанство и Ислам... Таму се оцрнува Исус, Мухамед за да се поткопа целата филозофија... Овде самиот Кроули си кажа кој е и што е... Види го претходното видео на Вилсон, ќе ми ти биде појасно момче, а не да се натпреваруваш тука во зборување бесмислици...
И убаво велам, без документарки за заговори... Централата не ја дирај ќе ти го исклучиме телефонот!!! :tv:
Не сите филмоци се добри :smir:
Абе пријател, остави ја Книгата за момент, аман. Сигурно и формата на буквите и стилот кријат некоја Тајна над Тајните...Прво: Види како е пишувана Liber AL , и што се зборува во неа за буквите!
Второ: Во Автобиографијата Кроули вели дека не му се допаѓа стилот и буквите на пишување, но ЗАБРАНЕТО Е МЕНУВАЊЕ НА ФОРМАТА НА БУКВИТЕ И СТИЛОТ! (Види Liber AL)
Трето: Не треба да спасуваш никој, секој има своја филозофија која ја следи! Не наметнуваме филозофии овде. Младите нека прочитаат, разберат и пресудат! Но постојат правила кој ќе биде поканет а кој не! И за тоа имаме пишувано (види ја страницата) , но Спасителот нема време да прочита и научи против што и кој се бунтува и зошто!
Четврто: Твоето шамарање е чисто галење кога шамараш на теми што не ти се познати... Трошиш време залудно.
Петто: И преку тебе се шири Законот, преку одговори на твоите постови кои ги пишуваш колку да се пишува! И тоа одговори од некој што е барем малку запознаен со Законот! Затоа и пишувам овде!
93 93/93
П.С. Почни да имаш сопствена филозофија! И следи ја! Или ќе страдаш или ќе успееш преку неа! Но ќе бидеш барем свој! :smir:
Не е точно дека не се разбираме, јас тебе те разбирам. И твоите потреби ги разбирам. Живееме во грд, механички свет, свет на реклами и трошење. Јас ја разбирам твојата потреба за мистика, за чуда. Сите ја имаат. Но каде е границата помеѓу задоволување на таа потреба со читање на Господарот на Прстените, и забегуваќе во небулозите на Кроули? Танка е границата, и ти веќе ја премина. Еве баш ти правам психолошки портет, тоа што си вежбал карате е корисна информација.Значи овде звборуваме според тебе каков сум јас, а не за Законот, телемата и слично...
Треба да се разговара и прашува како да се искористи сето тоа за личен напредок без да се гледа премногу на туѓи успеси и падови...
Пробај тоа да го правиш за разлика од сега што трчиш наваму натаму да кажуваш на некој каков е според тебе. Секој си знае каков е!
Ете затоа не се разбираме...
Ти се обидуваш да ме ставиш мене во твојот кош на селекции, каков сум и што сум според тебе...
Небулози... познат збор кој што го користи премногу еден корисник тука (ќе се препознае истиот)
П.С. Штом си стигнал лихвари да те тепаат (јас во живот се немам степано, иако имам кафен појас карате [за џабе вежбање било изгледа ]), очекувам од тебе се да напишеш тука, не очекувам ништо помалку. Но дали ќе ти одговорам (бидејќи од патетични луѓе што ќе ти е одговор) е мое право... Не сум тука за натпреварување кој ќе биде последен :helou:
93 93/93
Ова ли е твојот напад без милост? Во твојот последен пост има 12 (дванаесет) emot-икони. Хммм...Ништо не е сменето во начинот на пишување, само ти повеќе направи муабет со мене и го смени мислењето! Многумина го имаа твоето мислење за мене, но кога помине време во муабет, се менува мислењето
И се нешто ти е смешно... Има добар есеј за смеата во една книга од Кроули, треба да погледнеш
Учете македонски Не фала Доволно ми беше до средно, потоа заборавив
Штом не сум го искористил моето познавање на каратето врз некој, мислиш дека не сум разбрал, или сакаш да не сум разбрал? Кажав изгледа, изгледа младичу, читај внимателно не трчи
И како да ја оставам Книгата кога темата е Liber AL vel Legis svb figura CCXX и телема? Не си ти тој кој што не пишува ништо за темата? Или си мој личен професор за македонски и да ми кажуваш што се небулози Зборот ќе ми стане омилен
Да не си промашил ти темата ?
Ми правиш психолошки потрет? Без пари? Одлично Иако имам пријатели психијатри ако имав проблеми ќе ме решеа многу бргу :tv:
И пак небулози ... овој збор премногу почна да се користи од одредени корисници
Батали го Кроули, не е само тој... зошто не ме читаш и си тераш по свое?
Има тема и за Кроули, ајде оди таму и "твори", со малку подобри постови од тука, со цитати од негови книги за да си ги подржиш тезите, а не вака...
Ајде да не те учам како мало дете, сигурно ја минуваш 25-та година...
За навреди и кажување кој каков е, без да се знае човекот, го прават децата тоа...
Дури и профаните треба да знаат одредени закони...