Задолжителна пракса за сите студенти од оваа година!

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Е добро де, кога може во средните стручни училишта преку летото да се оди на пракса (бар така беше во мое време), зошто да не може сега? Многу се жалат за тоа како учеле само теорија, немале воопшто пракса... епа еве ви пракса. Што се однесува до мене, ова е ОК, ако бидам наредното лето во Македонија и така ќе барав некаде да одам на пракса, вака факултетот ќе ти обезбеди :)

А праксата ќе биде воглавно составена од дете оди купи бурек - земи потпис или ќе има некој да надгледува :icon_lol:?
Па горе пишува...
студентот ќе биде под надзор на ментор од високообразовната установа , односно стручњак кој одговара за успешно реализирање на практичната настава, а за секојдневните активности студентот ќе води дневник.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Абе и да се работи само за потпис, у смисла ќе те запишат дека си отишол а нема врска, пак не одговара - губењевреме, секирации, ај сиктер. Тууу ме сневесели ова.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Па горе пишува...
студентот ќе биде под надзор на ментор од високообразовната установа , односно стручњак кој одговара за успешно реализирање на практичната настава, а за секојдневните активности студентот ќе води дневник.
Знам, прочитав, него ова беше и порано ама еве мајка ми работи на клиника и доаѓаат студенти и за нив важи истово надзор дрн дрн ама купи бурек е работата, затоа си прашав :)
 
T

Tetro

Гостин
А праксата ќе биде воглавно составена од дете оди купи бурек - земи потпис или ќе има некој да надгледува :icon_lol:?
Секако. Да не мислиш дека некој ќе ти даде да лепиш кондензатори на некоја плоча додека си на пракса? :)

Со ЕКТС има денови за пракса, на МФ се изведува во 7-ми семестар, се оди групно еднаш во неделата во некоја поголема компанија и таму се ку*одрвосуваат студентите додека некое стручно лице им покажува што има лево и десно од нив. Нормално дека на влез се земаат шлемови и мантили (некои неиспрани 2 години). :)
Тоа е накратко како личи една еднодневна пракса.
 

Koko Roko

Oh Mr. Topper!!!!!!
Член од
21 јуни 2010
Мислења
623
Поени од реакции
563
Абе ајде ја уште прва не сум ја изгурал, па уште пракса. Иако бар за кај мене праксата ми е неопходна ама со практична кај мене се почнува од трета, така да малку ми е нелогично само да се вртам како изгубен германец.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Баш ме интересира кој го снабдува министеров со наркотични средства :/
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
А праксата ќе биде воглавно составена од дете оди купи бурек - земи потпис или ќе има некој да надгледува :icon_lol:?
Нешто како кафе кувар/ка, мали иди подај она..

Ако е во тек на годината, нема да има време за учење, цел месец секој ден од дома до факс па до местото кадешто е праксата итн итн.
Може и да ја разделат кога сакаш да одиш но во рок од една година да направиш 30 дена, да отидеш на 16 септември, 12 декември, 9 јануар, 4 мај ... и ете 30 дена, ама за џабе праксата така. :icon_eek:
Ако е во тек на летото збогум одмор, плус трошкови ако ти е праксата во некој друг град или во Скопје.
Ако ја прават така да направат секој да ја има својата пракса во својот град во текот на летото. Да биде поедноставно за секој.
А што рекоа ке даваат надомест за еден месец пракса?? Оти слушнав дека фирмите ке им плаќаат на факултетите па тие да се одлучат дали ке им ги дадат тие пари на студентите или да ги задржат за себе??
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Супер идеја ... нешто шо е многу потребно ..
се надевам на реализација ..
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Супер е ова за студентите кои вистина сакаат да го работат она што го студираат, 30 дена не се ништо, доколку посетуваш пракса за нешто што цел жив ќе го работиш, е сега повеќето со социјалистички и заостанат менталитет кои факултетот го сфаќаат само како нешто што мора да се направи и успех е, ако се заврши факултетот без ништо да научиш и потоа следна фаза вработување во државната администрација, е на таквите им смета оваа одлука нормално тие не ни сакаат да го работат она што го студираат најчесто на факултет се затоа што немаа што попаметно да прават. Се додека има такви со таков менталитет далеку ќе бидеме од нормалниот тек на животот во Европската Унија и во Америка. Сфатете ја праксата како услуга која што ја нудат факултетите. Се разбира ЗА
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Подобро е за студентот после дипломирањето едногодишна пракса да обезбеди за факултетот отколку вака, ова повеќе пречи на учењето отколку што помага, може од запад гледаат вакви работи само не знаат дека на запад до 13.00 часот сите часови се завршени, за разлика од тука каде може и цел ден да го поминиш на факултет.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Пракса секако дека треба, но, од друга страна треба да се земе во предвид дека на некои факултети како што е ПМФ, студентите се по цел ден на факултет, скоро и да немаме време за учење, едноставно си знаеме, кој испит ќе го полагаме преку колоквиуми, а кој на испит. Исто така, еден испит може да се спрема и по 2 месеци, зависи од неговата тежина. Моето мислење е дека ова нема да отиде далеку од канцелариите на министерството, бидејќи ќе биде многу тешко за спроведување. Тоа се премногу студенти кои треба да одат на пракса, сега всушност ќе се соочиме со проблемот и ќе сфатиме дека во Македонија има повеќе студенти, отколку фирми во кои тие би можеле потенцијално да се вработат.
Студентите кај нас немаат навика да идат на предавања, а не пак на пракса, можам да замислам какви критики ќе паѓаат во мај, кога ќе треба да се распределуваат студентите.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.677
Поени од реакции
4.793
Убаво , гледајте оптимистички , цело време некој песимизам се фура.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
морам пак да пишам ...
можеби нема да биде се како шо треба годинава или наредната .. можеби не секаде можеби секаде ..
Но
Праксата е нешто незаменливо ... обврзана со закон уште подобро, ако/кога ќе/ се реализира како шо треба квалитетот на студентите верувам дека ќе порасне ..

Гледање/следење, практикување на она шо се учи во фирма која се занимава со тоа ... па тоа е тоа шо фали најмногу во државава .. и сега има некои фирми кои примаат практиканти ... но тоа е мал процент .. односно одат Оние кои се сериозни во намерата да си ја вршат својата работа во иднина (која под претпоставка си ја сакаат), и тие успеваат ... сите оправдувања дека ова не е во ред се излишни ...

Моменталната ситуација, само теорија и скоро никаква пракса = инвалидни студенти (во огромен број) кои не се способни да си ја работата работата
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Дај му таму пракса, без пракса ништо не бива, и ако може во текот на летото да биде :icon_lol:.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
морам пак да пишам ...
можеби нема да биде се како шо треба годинава или наредната .. можеби не секаде можеби секаде ..
Но
Праксата е нешто незаменливо ... обврзана со закон уште подобро, ако/кога ќе/ се реализира како шо треба квалитетот на студентите верувам дека ќе порасне ..

Гледање/следење, практикување на она шо се учи во фирма која се занимава со тоа ... па тоа е тоа шо фали најмногу во државава .. и сега има некои фирми кои примаат практиканти ... но тоа е мал процент .. односно одат Оние кои се сериозни во намерата да си ја вршат својата работа во иднина (која под претпоставка си ја сакаат), и тие успеваат ... сите оправдувања дека ова не е во ред се излишни ...

Моменталната ситуација, само теорија и скоро никаква пракса = инвалидни студенти (во огромен број) кои не се способни да си ја работата работата
Разбери една работа праксата е ок, само има факултети каде има и по 40 предмети немаш сили да ги слушаш сите, има денови кога си по цел ден на факултет, значи оваа би било многу добро ако после дипломирањето имаш 1 година пракса обезбедена од факултетот и тоа било каде во Европа, да ти ја обезбеди факултетот со сите трошоци платени за таква пракса аферим, ама со ова може само повеќе студенти да губат години а не да добијат нешто плус, а и 1 месец пракса е ништо значи за 4 години 4 месеци пракса
 

Kajgana Shop

На врв Bottom