rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Со новите правилници што ги усвои Министерството за образование и наука, студентите на јавните и приватните универзитети низ земјава ќе имаат практична настава во студиите која не може да биде пократка од 30 дена.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров рече дека практичната настава за студентите нема да може да биде покуса од еден час ниту подолга од осум часа во текот на денот. За време на практичната настава, студентот ќе биде под надзор на ментор од високообразовната установа , односно стручњак кој одговара за успешно реализирање на практичната настава, а за секојдневните активности студентот ќе води дневник. Стручњаците ќе ги плаќаат универзитет.
За студентите покрај академските стекнати знаења од пресудно значење се тајните и предизвиците на професијата, оние кои не се учат од книгите туку можат да се искусат преку личниот опит или подвигот на колегите,“ додаде Тодоров.
Правилниците стапуваат на сила за прв пат од оваа студентска година.
makfax
Сите студенти 30 дена во компании на пракса! Ќе продолжи старата практика само да се даваат потписи и да не се оди на пракса или конечно ќе заживее практиканството на студентите.
Колку компаниите ќе бидат заинтересирани за примање на студенти?
Наместо да имате од Јули во 15 Август одмор сега студентите ќе треба да имаат изгледа само 15 дена одмор.
Колку сте ЗА или ПРОТИВ оваа новина?