Задолжителна пракса за сите студенти од оваа година!

Jukka

chili
Член од
16 мај 2007
Мислења
537
Поени од реакции
2
Абе ајде доста шо на факс сум од 9 до 7 па и на пракса ...... 3 смена да не сака да одам ..... Според новиот ЕКТС на архитектура имаме летна пракса 2 и 3 год. 10 работни дена и дневник да водиш во текот на тие денови ...... ние не сме црнци :vozbud:
 

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
758
Поени од реакции
1.207
А како тогаш во западните земји стигнуваат и на факс да одат,и да учат,и да работат и плус им останува слободно време?
Пракса,добра идеја ,само лоша ќе е реализацијата на ова.
Многу студенти.:smir:
 
Член од
20 август 2010
Мислења
149
Поени од реакции
16
Не верувам дека ќе биде успешно спроведена.:nenene::nenene:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.014
:vozbud::vozbud::vozbud:
Ма и лето и зима, ич не ми треба одмор, само асална пракса да ијам.
Ептен мерак ќе ми напраи ова да се спроведе.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Најверојатно мислат за оние факултети кои немаат лаборатории т.е. можност за лабораториски вежби. Еве кај мене имам по 4-5 часа лабораториски вежби по секој предмет, а по програма имаме 30 дена пракса на крај на 3 та година.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Да барам кај има најдобар бурек значи, може и ќе ме вработат после тоа. I'll be the burek guy.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Ова не верувам дека ќе успее од проста причина што има многу студенти во Македонија,а приватните фирми не се обврзани да земаат студенти на пракса туку тоа го прават ако имаат добра волја а и тие практиканти треба да се платат и повторно ќе кажам со оглед на бројот на студенти тоа не се малку пари.Инаку како идеја не е лоша ,но ако се сетиме на нашиот менталитет каде што секоја новина се гледа со скепса и моментално одбивање ова ќе биде попљукано уште во старт
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
А како тогаш во западните земји стигнуваат и на факс да одат,и да учат,и да работат и плус им останува слободно време?
Стигнуваат оти сите работни задачи со факултетот му завршуваат до 13 или 14 часот, а кај нас некој тек тогаш почнуваат
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Многу добра идеја !
НЕшто што навистина требаше.

Досега се излегуваше од факс со дипломата врака ,и освем на познавањето на стручните поими се имаше многу малце познавање од практичната работа.

Секако мора да се поработи на некои финеси кои погоре ги споменавте Колеги ,како времето кога би се обавувала праксата и сл, - за сето ова да биде поттик за поголем квалитет на сите студенти!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
ЈЕС!
Одлично!
Практична настава фор д уин!
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Народот леб нема да јаде овие на пракса ќе ги праќале...
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Мислам дека ова е одлична идеја али не верувам дека ќе биде успешно спроведена.
Потребно ни е да видиме како се функционира во практика, зашто теоретското знаење не ни игра баш голема улога.
Се додека не ме тераат да варам кафе/купувам појадок и 2 месеца би ишла, али тешко дека ке биде така...
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Баш сега гледав за оваа година 2010/11 отворени се 27.046 слободни места на државните факултети во Македонија.
Околу 100 000 студенти годишно треба да одат на пракса.
А Македонија нема ни пола од таа цифра активни фирми.

А зар мислите дека со 1 месец ќе ви дадат да работите нешто посебно?
И зар мислите дека ќе ви плаќаат?
Постои практиканство/волонтерство во Македонија, на дипломирани студенти, кои што не се плаќаат и работат по 6 месеци, година, две бесплатно,а не па за 1 месец да се плаќаат студенти. Може само во фирмата на тета, чичо, вујче да земете некоја пара.
Бидете среќни само ако најдете фирма кај што ќе имате пракса. Ама не ни очекувајте премногу од односот во таа фирма.

Пред да се донесеше оваа пракса требаше министертвото да преговара со фирми, да најде можност кај практикантите да одат на пракса, да се запознаат фирмите со ова.
Вака или сам практикантот ќе трчкара и ќе си бара работа, или ќе се пријави некоја фирма и ќе се испотепаат кој да оди во неа и ќе седат по 3ца на едно столче. И ќе фотокопира, скенира, прави кафе, купува бурек ... Ниедна фирма на непознат студент, за 20 работни дена, нема да му даде посебни одговорности ;)

Не се донесуваат измени во правилниците за студирање само со запишување во тетратче и со потпис, а без претходна разработка на нив господине министере.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom