Забрана на пластични кеси, од 1 декември биоразградливи кеси по цена од 15 денари

Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
Не ми е јасно зошто сите го критикувате поскапувањето на пластичниве кеси. Мислам дека исто така е промашена дебатата што е подобро: пластична или хартиена. Штосот е во тоа кесите да се користат што е можно повеќе пати. Користењето на хартиени кеси нема да го намали загадувањето и трошењето на енергија ако секој ден купувате нова кеса. Некој и спомна дека енергетски гледано произвотството на хартија има поголеми побарувања а со тоа и е понеисплатливо од пластиката. Пластиката од друга страна скоро и да не се разградува а и потешко се рециклира.
Со ваки мерки или ќе се научиме да си носиме платнени торби (има и мрежести вреќулиња за зеленчукот и овојето) или една иста кеса ќе користиме дури не се распадне или ќе плаќаме за луксузот кои ни ние, а ни планетева неможеме да си го дозволиме веќе.
Се сложувам, има многу други побитни работи кои треба да се решат. Сепак.. свеста за одржливо живеење нема да ни никне дури и ако се решат тие проблеми.

Постојат ресторани и кафетерии кои ги охрабруваат муштериите доколку сакаат да си си земат пијалок со себе да си донесат своја чаша (керамичка, стаклена, пластична, на расклопување), или да си позајмиш од кафичот. Кога ќе ја вратиш чашата ти ги враќаат и паричките што си им ги оставил како депозит.
најеколошки е да цицаш млеко директно од вимето на козата, а салатата, н.пр. рукола, директно ја сечеш од над коренот и јадеш :cool:
Има многу дилеми околу екологијата..
н.пр. соларните автомобили малку загадуваат, ама нееколошките литиумски батерии се прават во Кина, к*р не заболе...
ветерните централи наводно уништувале се живо околу себе, а сссоларните панели ја завземале плодната земја... башка бидејќи околу соларните панели ќе расне плевел, треба овци да одат и да го пасат... НЕ кози, оти тие рипаат врз панелите и ги кршат...
Нема крај ова со екологијата, имаше СТАР цртан Професор Балтазар, за оџаците, ама му опнаа голема ЦЕНЗУРА и сега не го наогаш никаде...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
Не ми е јасно зошто сите го критикувате поскапувањето на пластичниве кеси. Мислам дека исто така е промашена дебатата што е подобро: пластична или хартиена. Штосот е во тоа кесите да се користат што е можно повеќе пати. Користењето на хартиени кеси нема да го намали загадувањето и трошењето на енергија ако секој ден купувате нова кеса. Некој и спомна дека енергетски гледано произвотството на хартија има поголеми побарувања а со тоа и е понеисплатливо од пластиката. Пластиката од друга страна скоро и да не се разградува а и потешко се рециклира.
Со ваки мерки или ќе се научиме да си носиме платнени торби (има и мрежести вреќулиња за зеленчукот и овојето) или една иста кеса ќе користиме дури не се распадне или ќе плаќаме за луксузот кои ни ние, а ни планетева неможеме да си го дозволиме веќе.
Се сложувам, има многу други побитни работи кои треба да се решат. Сепак.. свеста за одржливо живеење нема да ни никне дури и ако се решат тие проблеми.

Постојат ресторани и кафетерии кои ги охрабруваат муштериите доколку сакаат да си си земат пијалок со себе да си донесат своја чаша (керамичка, стаклена, пластична, на расклопување), или да си позајмиш од кафичот. Кога ќе ја вратиш чашата ти ги враќаат и паричките што си им ги оставил како депозит.
Проблемот не е типот на кесата, туку културата на стоката што живее на таа планета, неконтролираното размножување на одредени народи и религии, и едукација на луѓето.
Додека ние тука си правиме бајрам со умот дали ќе загадувала повеќе пластичната, или хартиената кеса, и дали ќе плаќаме екстра даноци за екологија, некој циган прави 15 деца и дома се грее со горење на пластика/гума.
Е тоа е парадоксот на нашето човештво, кое навидум изгледа како да напреднало многу, а уствари само ги маскира реалните проблеми.
Европа не е проблемот ниту за глобално затоплување, ниту за било каков еколошки проблем во светот, проблем се делови на Азија, Африка, Јужна Америка и нивното неконтролирано котење како глувци.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Нема ништо полошо за планетата од пластика за една употреба.
Нас не треба да не интересира кој колку загадувал затоа што за чиста околина и зачувување на планетата секој треба да почне од себе.
Се додека гледаме другите колку загадуваат и сме со вакви размислувања ние ќе пливаме во гомна.

Еве живеам на Малта, многу често кога ќе дувне ветре морето се пуни со пластични кеси. Тие не исчезнуваат во водата, тие се тука со векови.
И сега ако јас гледам дека некоој јаде кроасан или било што од пластична кеса и потоа ја фрли, многу е погрешно и јас да продолжам да го правам истото со изговор дека и онака се загадува, зашто да не и јас.

Малце ми е чудно како вака размислувате, особено за нешто кои сами сме си криви, но и претходно сум имал дискусија на оваа тема и сум сфатил дека македонците пре би пливале во ѓубре отколку да носат кеса во џеб кога идат до продавница. Кај нас подолго се води кампања за рециклирање, а ефектот е нула.
Поставија и контејнери за селектирање на рециклиран отпад, луѓето фрлаа мртви мачки во нив. Не сме многу далеку од таа багра која ја сметаме за главен виновник на ова загадување со пластика за една употреба (Индија, Пакистан), туку сме само помалку на број.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377

Не ти се случува многу пати да си излезен по сосема друга работа и попатно да купиш 6-7 работи од маркет? Никој не носи платнена торба во џеб на буквално секое излегување од дома.

Со цена од 15 денари ова е само рекет на народот и ништо друго.
 
Нашите деца и внуци не се ништо криви затоа што БилбоБагинс му текнало попатно да купи 6-7 работи од маркетот а притоа заборавил кеса.
Секој може тоа да го користи како изговор а притоа никогаш да не понесе кеса со себе.
А токму нашите потомци ќе живеат во планини ѓубре ако не се смениме драстично во брзо време. Ние куртулевме колку толку но овој тренд на загадување не запира а свеста на граѓаните е мала околу оваа работа.
Ако си заборавил, ќе идеш ќе си земеш кеса па ќе се вратиш. Или па не купувај тогаш и планирај си ја куповината поинаку.
Не земам пластични кеси воопшто. Дури и кога некогаш ќе земам од тие био разградливите, гледам што повеќе ствари да ставам во неа за да не трошам кеси за џабе. Идам еднаш неделно да пазарам во маркет и секогаш имам кеси (не од тие за една употреба туку големи торби за пазарање во маркет) во кола. Дури и да заборавам некогаш од тие големите кеси со кои пазарам, фрлам се во гепек и се паркирам пред зграда па пакувам на лице место. Канчиња од јогурт ги миам, па ги фрлам во кесата за рециклирање. Исто и со сите останати работи кои имаат остатоци од храна на нив а притоа треба да се рециклираат.
Ако сакаме чиста околина, ова е начинот. За изговори од типот сум заборавил кеса, ај бе шо кур само една кеса следен пат ќе носам, има мал милион и исто толку луѓе кои тоа го прават.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.308
Постојано со торба си одам на пазарување и ова воопшто ништо не ми менува. Па барем да се некои квалитетни кеси овие што ги повлекуваат да ти биде криво. Заменуваат едно гомно со друго, па уште 15 денари ќе биле новите еколошки. Треба да си ненормален таква кеса да платиш 15 денари. Ако им е толку за екологија, постојат многу други мерки кои би придонеле ако се превземат од другите развиени земји.
Се е тоа во ред и се почесто гледам луѓе кои го прават истото. Ова е уште од пред некоја година кога беа првите измени за пластичниве кеси кои наводно веќе немаше да ги има во продавниците или ќе се наплаќаа по 5 денари, така нешто. Некои маркети си ги наплаќаат по 1 денар.
Тоа стои и е океј кога идеш да пазариш на големо, да напуниш 2-3 торби, или со количката да искочиш до надвор и да ја натовариш колата.

Ама што правиме со ова што го збори Билбо над мене, идеш шеташ и ти текнало да влезеш у продавница да си купиш нешто за дома и притоа треба да платиш 15 денари за кесе. Кај го има тоа и на што личи.

Што треба, со ранци да шетаме рандом да не случајно ни текне да си купиме некоја ситница уз пат. Или со кесиња по џебови. Им ебам мајката, уште мртви луѓе не почнале да горат низ фабрикиве, земале замараат со екологија доека почињаме да ја шиеме и Индија у поглед на бутање рекорди у загаден воздух.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Проблемот не е типот на кесата, туку културата на стоката што живее на таа планета, неконтролираното размножување на одредени народи и религии, и едукација на луѓето.
Додека ние тука си правиме бајрам со умот дали ќе загадувала повеќе пластичната, или хартиената кеса, и дали ќе плаќаме екстра даноци за екологија, некој циган прави 15 деца и дома се грее со горење на пластика/гума.
Е тоа е парадоксот на нашето човештво, кое навидум изгледа како да напреднало многу, а уствари само ги маскира реалните проблеми.
Европа не е проблемот ниту за глобално затоплување, ниту за било каков еколошки проблем во светот, проблем се делови на Азија, Африка, Јужна Америка и нивното неконтролирано котење како глувци.
Ептен елитистички и расистички ти е муабетов. Не дека не се согласувам со тоа дека се котат неконтролирано а живеат во сиромаштија невидена.

Но проблемот што тука го имаш испуштено е фактот што едно Американско, white privileged дете, подеднакво ја ебе природата и местото на живеење, само што тоа го outsorce-а. Секој втор ден нова играчка, нов гаџет, нова количка, ново креветче, нова облека од fast fashion бренд кој никој никад нема да го рециклира.
Претерана конзумација на месо и млечни производи, месо и што уште не.

Си се фатил за некои амазонски племиња или филипински гета кои да, ја загадуваат средината масовно и за тоа нема дилеми, ама демек развиениот свет не го загадува.
Еве, свесен си колку ИКЕА или ЈУСК или таквите ебат матер на природата? Верувам за 1 маса од таму ти требаат 4 дрва кои се берат демек од "добро менаџирани шуми". Да не почнам со троседи двоседи и некои поголеми конструкции и што уште не.
Пустошот што се случува во Тајланд во океаните, езерата, морињата и шумите таму е за потребите на западен пазар. Туните што ги јадеш или Лососите или што год, ебат матер таму на све живо и диво. Цел запад тоа го знае, ама го премолчува. Дури и буквално ропство на рибарски бродови преќутуваат и замижуваат. Тоа све што се убива при тој лов не сакам ни да помислам.
Тоа под океанот све е пустина станато од фактот што ти денес сакаш да јадеш фенси туна салата во Mosh на пример.

Да не почнам за сите технолошки гаџети кои ги користиш и користиме, или пак штетата што е направена задниве 60 години масовно купување и користење на коли/мотори/автобуси/камиони... Џабе што денес се освестуваат и се вртат кон велосипеди. The damage is done. Совеста на западњаците нема да си ја исчистат.

Да не почнам за Зара, Ваикики, Х&M и тако даље... Ама срамота е детето 2 пати во иста облека да оди на школо.

Си се фатил ептен еднодимензионално и дури би рекол расистички за некој проблем кој е минорен. Сепак, не викам дека не постои и дека се претерува со "котењето" на тие "нижи" раси кои ги наброја.

Имаше некоја статистика дека дете од прв свет троши 10 пати повеќе ресурси и неколкукратно повеќе ја загрозува животната средина од она сиромашното во Тајланд или Ангола.

Најголеми уништувачи и масакрирачи на животната средина биле, се и ќе останат КОРПОРАЦИИТЕ и западните конзументи, во кои ние и спаѓаме и веќе сме длабоко навлезени во целиот конзумеризам. 99% кривицата е во нив. Другите 1% се многу фактори, меѓу кои и оној што го наброја ти.

Најголемиот проблем и она што највеќе иритира во целиот муабет е фактот што западњаците демек освестени, демек преземаат нешто, демек они се recycle friendly или што и да е... А уствари сакаат да си ја исперат нечистата им совест со некои ефтини шминки. Лицемерието им е до плафон отидено, и тоа е нешто што ствара поголем диспаритет меѓу сите нас. Демек ние сме елфови вие у Филипинските гета сте орки. Не, сите сме исти говна :)
Меѓу другото, западните центри на моќ и на перење на мозок, буквално тоа сакаат да го мислат сите, дека они се environmentally conscious, a орките од трет свет што горат пластика и гуми се деструкторите на природата и животната средина. Fuck no.

Или демек фактот што сеа некој ќе купи некаков хибрид или електричен автомобил тотално го брише масакрот што тој, неговите родители и дедовци/баби го имаат напраено на природата. No it fucking won't.\

Буквално најголем интерес на СИТЕ КОРПОРАЦИИ кои што имаат невидена и незамислива моќ е сите ние, да мислиме дека проблемот е во "котењето на орките", а не во "конзумеризмот на елфовите".
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.682
Поени од реакции
38.869
целта им е буџетот да го полнат, потрошувачката на кеси нема нешто значително да падне. Сигурно некој скопјанец на висока нога што има 500 евра плата нема да го натераат торби да влече.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Еве ви малце да погледнете што се дешава после два-три дена ветер без престан во Малта. Ако ова истото сакате да го имате и во вашата околина каде шетате со вашите деца, продолжете со истиот мајндсет демек некој сака вас да ве ограби.
На крај се работи за ваше добро ова поскапување. Тоа што ќе потрошите екстра 30-60 денари во месецот на 4 кеси не е поентата на одлукава, туку одвикнување од користење на пластика за една употреба и поголемо рециклирање. Многу сме назад во поглед на другите европски земји, ама затоа секогаш сакаме да се споредуваме со нив кога е нешто убаво. (Малта не ја земајте како пример за чиста европска држава, исти пештерковци се тие ко нас, нула од култура)

20211009_172736.jpg 20211009_172733.jpg 20211009_172838.jpg 20211009_171714.jpg
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Се е тоа во ред и се почесто гледам луѓе кои го прават истото. Ова е уште од пред некоја година кога беа првите измени за пластичниве кеси кои наводно веќе немаше да ги има во продавниците или ќе се наплаќаа по 5 денари, така нешто. Некои маркети си ги наплаќаат по 1 денар.
Тоа стои и е океј кога идеш да пазариш на големо, да напуниш 2-3 торби, или со количката да искочиш до надвор и да ја натовариш колата.

Ама што правиме со ова што го збори Билбо над мене, идеш шеташ и ти текнало да влезеш у продавница да си купиш нешто за дома и притоа треба да платиш 15 денари за кесе. Кај го има тоа и на што личи.

Што треба, со ранци да шетаме рандом да не случајно ни текне да си купиме некоја ситница уз пат. Или со кесиња по џебови. Им ебам мајката, уште мртви луѓе не почнале да горат низ фабрикиве, земале замараат со екологија доека почињаме да ја шиеме и Индија у поглед на бутање рекорди у загаден воздух.
А тоа лесно се решава... Првата кеса гратис другите наплаќај ги.. Дека ако инцидентно пазариш е ок, ама ако имаш повеќе кеси и не си спремен, јеби га :)

Ова е веќе дел од некаква глобална пракса и нема тука ништо лошо. Тоа што попатно не запазуваме ниту еден стандард и што сме надвор од секакви регулативи не е предмет на муабет. Мора да следиме ЕУ трендови.. Знаеш во случајов како изгледа МК? Како стегната типка со средени нокти и недепилирани нозе под панталони :)
Автоматски споено мислење:

Еве ви малце да погледнете што се дешава после два-три дена ветер без престан во Малта. Ако ова истото сакате да го имате и во вашата околина каде шетате со вашите деца, продолжете со истиот мајндсет демек некој сака вас да ве ограби.
На крај се работи за ваше добро ова поскапување. Тоа што ќе потрошите екстра 30-60 денари во месецот на 4 кеси не е поентата на одлукава, туку одвикнување од користење на пластика за една употреба и поголемо рециклирање. Многу сме назад во поглед на другите европски земји, ама затоа секогаш сакаме да се споредуваме со нив кога е нешто убаво. (Малта не ја земајте како пример за чиста европска држава, исти пештерковци се тие ко нас, нула од култура)

Прегледај го приврзокот 314987Прегледај го приврзокот 314988Прегледај го приврзокот 314989Прегледај го приврзокот 314990
Не се прави на будала, кај нас ова и без ветер го има :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Не се прави на будала, кај нас ова и без ветер го има :)
Па тоа ми е поентата. Добро знам дека го има, 25 години живеев таму. Кај нас поголем фраер си ако го фрлиш тука пред сите отколку да отидеш 100 метра до контејнер. Може вака со гледање на одвратни слики луѓето ќе се згадат и ќе размислат малку повеќе за што се дискутира тука.
Но немам некои големи очекувања дека нешто ќе сменам, особено не на форумов и особено не кај луѓе кои веќе мислат дека државата рекет им мава со кеса од 15 денари. :unsure:
 
M

Macedon1um

Гостин
Законов потполно го подржувам, 99% од народот вклучувајки ме и мене сигурно нема да плаќаат хартиена кеса од 15 денари на секое пазарење така да ќе си носиме торби за повеќекратна употреба. Владата дури треба да најде и модел кој ќе биде прифатлив и за компаниите кои произведуваат млеко, сокови и сл да ги продаваат истите исклучиво во стаклена амбалажа која ќе се наплаќа на каса - а кога ќе ја вратиш или пуштиш во автомат за рециклирање да си ги земеш парите назад

Е сега ова сигурно нема да го реши проблемот со загадувањето, приоритет треба да биде да престанеме да бидеме депонија за увоз и согорување на отпад. Секако парарелно со ова да се реализираат и проектите за регионални депонии каде што ќе се селектира и уништува правилно домашниот отпад.

Австрија и пред ова ме фасцинираше со чистотата кога сум шетал таму, пред некоја недела и видов зошто е тоа така..

Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
Вака сега, маркетите ќесите ги набавуваа по 1 а ги продаваа по 2 денари?
Сега ќе ги земаат 1 а ќе ги продаваат 15?
Или друга е математиката?

Каде ќе одат тие 13 денари?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom