Фокалози (фокална инфекција) и т.н. консекутивни заболувања. Во жаришта во оралната празнина или фокуси не спаѓа амалгамот како пломба или компонентите во амалгамската пломба. Бројни истражувања се правени и докажано е дека нема никаков ризик од труење ниту реперкусии врз системското здравје. Во фокуси најчесто спаѓаат импактирани заби, периапикални процеси, радикс реликта (заостанати корени), заболувања на пародонтот како жаришта, тонзилитиси, страни тела во оралните ткива како фокуси итн. Затоа коментарот мој насочен кон прашањето за зголемената температура беше токму насочен кон согледување на други евентуални проблеми во заболото, заостанати корени, пародонтопатии / гингивитис, несанирани кариозни дефекти итн. во однос на амалгамската пломба која рече дека ја има и му стои. Дефинитивно не е изворот или поврзаноста ниту треба да се гледа кон тоа со фебрилната состојба.