Заби и сѐ во врска со забите

Член од
10 март 2014
Мислења
1.009
Поени од реакции
1.217
Со месеци не сум бил на контрола за протезиве поради состојбава нели, сакам да прашам дали има некој негативен ефект и дали протезите сеуште затегнуваат односно дали загризот може да оди на полошо?
За среќа ништо не е откачено или одлепено.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836
Две години имав температура 37.1, 37.2 што се појавуваше и траеше некогаш и со месеци и од очај се и сешто пробував, читав една книга за хронични мистериозни болести кај што една од причините беше и живата со амалгамските пломби. Јас од што бев толку очаен решив се да пробувам додека најдам лек па и амалгамите да ги извадам три имав.
Фокалоза се вика тоа, поврзаност на болести кои се надвор од орална празнина со забите. Но тоа е обично поради постоење на процес на коренот на забот (кој може да биде и асимптоматски), или длабоки гингивални џебови, а не со амалгамски пломби.
Едно прашање, дали се намали температурата веднаш после вадење на амалгамот или уште ја има?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73

Фокалози (фокална инфекција) и т.н. консекутивни заболувања. Во жаришта во оралната празнина или фокуси не спаѓа амалгамот како пломба или компонентите во амалгамската пломба. Бројни истражувања се правени и докажано е дека нема никаков ризик од труење ниту реперкусии врз системското здравје. Во фокуси најчесто спаѓаат импактирани заби, периапикални процеси, радикс реликта (заостанати корени), заболувања на пародонтот како жаришта, тонзилитиси, страни тела во оралните ткива како фокуси итн. Затоа коментарот мој насочен кон прашањето за зголемената температура беше токму насочен кон согледување на други евентуални проблеми во заболото, заостанати корени, пародонтопатии / гингивитис, несанирани кариозни дефекти итн. во однос на амалгамската пломба која рече дека ја има и му стои. Дефинитивно не е изворот или поврзаноста ниту треба да се гледа кон тоа со фебрилната состојба.
 
Све ова ми е познато мене, впрочем тоа ми е и струка. Цитатот се однесуваше на другиот член, кој рече го извадил амалгамот поради тоа што негде прочитал дека е штетен и дека е можен причинител за зголемена т.т.
Како што пишав и погоре амалгамот не е причина за тоа

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Фокалоза се вика тоа, поврзаност на болести кои се надвор од орална празнина со забите. Но тоа е обично поради постоење на процес на коренот на забот (кој може да биде и асимптоматски), или длабоки гингивални џебови, а не со амалгамски пломби.
Едно прашање, дали се намали температурата веднаш после вадење на амалгамот или уште ја има?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
Не мислев на амалгамот како дирекна причина за температура туку како причинител за намалување на имунитетот и преовладување на други вируси кои големиот дел од луѓето ги имаат и кои можат да надвладеат кога имунитетот е паднат од типот на (пример фамилија херпесвируси конкретно epstein barr и мн други). Јас имав три амалгами два ги извадив зимата еден сега.

Мене очигледно температурата ми се појавуваше при зголемен стрес и поладно време и очигледно ми е поврзана со имунитетот. Не можам да кажам дека температурата ми е дирекно поврзана со амалгамите но секој сомнеж на работи кои ми го компромитираат имунитетот ги отфрлав и пробував се, така што кога ги вадев амалгамите отфрлив и брза храна се префрлив на мн здрава, прочистувач на воздух дома, триста видови алги, витамини и суплементи кои го појачуваат имунитетот и подобруваат здравјето така што сменив еден куп навики и работи. Така што од кога ги извадив се појави уште еднаш и ја немаше цела пола година. Се додека не го извадив и последниот амалгам после некоја недела пак ми се појави исто така во време кога имав поголем стрес но за разлика од порано траеше кратко и не со големи симптоми.

Амалгамите беа контаверзни затоа што читав најразлични котрадикторни студии едни дека намалуваат T cells или како и да се викаат, се до тоа дека не влијаат никако. Секако не ме кошташе многу да го отфрлам и тој сомнеж.

Сегашниот проблем ми е што последниов заб ми остана чувствителен на топло/ладно и почнува цела глава да ме боли и не знам дали ќе престане некогаш тоа без интервенција пак.
 
Член од
16 август 2015
Мислења
225
Поени од реакции
278
Kazuvajte zabar so raboti sega v nedela ve molam , iam strasnki bolku u zab koj sto e skrsen i mi se napravi kako dzeb gnoj i probav da go raschepkam ama premnogu boli ne mozam da go dopram
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Член од
30 јануари 2014
Мислења
518
Поени од реакции
262
Kada ima kaj nas. KOj ima dobar kvalitet. Bi sakal da ne e obična ordinacija tuku malku poozbilna klinika ili sl.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Некој аматерски прашања пошто мојов заболекар е на одмор..незнам дали е од умникот а е само на левата страна ме боли и имам како рана кај што треба да биде умникот..неколку дека веќе, со усна вода повеќе пати пробувам и чистам али сеуште е исто. Незнам дали е обично отечен или од нешто друго..може да почекам на него или да одам кај тој што го заменува иако не сакам да менувам.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Некој аматерски прашања пошто мојов заболекар е на одмор..незнам дали е од умникот а е само на левата страна ме боли и имам како рана кај што треба да биде умникот..неколку дека веќе, со усна вода повеќе пати пробувам и чистам али сеуште е исто. Незнам дали е обично отечен или од нешто друго..може да почекам на него или да одам кај тој што го заменува иако не сакам да менувам.
Оди штом имаш болки.
Најверојатно ќе ти препише антибиотик и ќе ти закаже за вадење на умникот (ако е заглавен).
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Што ме болеше забот после ставањето на нова пломба (многу чувствителен на топло ладно цела глава почнуваше да боли и мораше аспирини), забарот ми рече некоја состојба таму сум имал кај што коренот на забот е мн плиток и живецот ми допирал.. кога ми ја ставал пломбата со бушење пробил. МЕ интересира дали решението е да се вади коренот да се прави тунел или како и да се викаше тоа? Или може да се спаси тоа..
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Што ме болеше забот после ставањето на нова пломба (многу чувствителен на топло ладно цела глава почнуваше да боли и мораше аспирини), забарот ми рече некоја состојба таму сум имал кај што коренот на забот е мн плиток и живецот ми допирал.. кога ми ја ставал пломбата со бушење пробил. МЕ интересира дали решението е да се вади коренот да се прави тунел или како и да се викаше тоа? Или може да се спаси тоа..
Јас сум пробувал да спасам со лек и ми успевало. Кога не успева, се вади нервот и тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom