- Член од
- 24 декември 2008
- Мислења
- 1.375
- Поени од реакции
- 1.566
Вака сега, да прашам некој дали знае да ми помогне.
Пред неколку месеци ми се подскрши пломбата на 6-ката доле, која и пред тоа беше подрасипана и така си терав неколку месеци, додека не почна саглам да ме боли на ладно/топло.
Отидов на забар, ми го извади останатиот дел од старата пломба, го стругна и ми стави лек за умртвување на живецот. После 7 дена отидов повторно за да го извади тој лек и да стави нов, за по неколку дена откако беше умртвен живецот бев да го извадат.
Откако го извади ивецот, потоа стави еден жолт лек за внатре во каналот, демек ваљда финално се да умртви, кој требаше да го сменам за 7 дена, т.е. да видиме ако се е ОК да ми го пломбира забот. Арно ама, откако во петокот ми го ставија лекот, вчера и денес сабајле Господ во пижами го видов, два дена сум на аналгини и кетонали, сабајлево бев на забар и ми го отстранија лекот. Забаркава ми кажа дека воздух правел притисок, дека е нормално и се случувало така на луѓе, ми стави памукче со лек и ми рече не го затвора недела дена за да дише забоат. По саат време повторно почна да ме боли и сега ви пишувам благодарение на уште една доза апчиња!
Ме интересира дали некој имал вакво искуство, дали да си одам сабајле да го снимам, пошто некој ми спомна дека е можно да има нешто останато во каналот или пак да има некој скриен канал и сл.