Живеам на Бит Пазар во воените згради, кои патем го имаат издржано земјотресот во 1963. Најгоре, на 5. кат, се нишаше толку многу што буквално не можев на нозе да застанам, а може беше така бидејќи од страв ми се пресекоа. Мислев дека нема крај, како цела вечност да траеше, ја држев малата во раце и чекав да престане и да излезам надвор. Сите аларми во околина се запалија, цел стан бучеше од потресите, ми се направи цела хоризонтална испукнатина на еден од ѕидовите, предмети испопаѓаа, цела зграда на секој спрат беше испукана на ѕидовите, фасадата на ивиците како раскопчана и во наредна прилика може и да падне, паднат голем дел од ѕидот од пролазните тунели на зградите.
Никогаш не сум бил поисплашен во животот, морам да признаам.