Значи темата е „Живот после смртта„ т.е дали постои живот после смртта-тоа значи дали откако човекот ќе замине од овој материјален свет опстојува на друга димензија,секако физички и материјално не,но духот секако да.Се е енергија.Не случајно ја спомнав клиничката смрт кога на пр.пациентот е прогласен за клинички мртов што значи нема знаци на живот,срцето повеќе не чука воедно престануваат сите животни функции,но во многу книги,списанија има луѓе кои после прогласената клиничка смрт го опишуваат своето искуство откако истиот повторно се врати во живот,а како тоа?(оваа е од прочитано)-Пациентот е на операциона маса каде истиот е прогласен за мртов,се исклучуваат апаратите,но истиот тој пациент тимот од лекарите ги вика дека тој сеуште е жив оти тој така се чувствува,цело време ги гледа како трчаат околу него,значи тој цело време е свесен за себе..но како?неговиот дух,неговата енергија сеуште постои,а кога истиот пациент го вратат во живот во точни детали опишува дека цело време видел се што се случува и тоа лебдеејќи над своето тело.Незнам колку сте запознаени(со извинување кон оние кои се запознаени)за АП-Астрална Проекција каде човекот може да патува низ времето и просторот со неговото Астрално тело и повторно да се врати во својот дупликат-можеби тоа некој и го доживеал преку „сон„несвесно се оделува астралното тело од физичкото тело,но има некои луѓе кои со вежби успеваат да ја достигнат таа состојба...значи не постои само оваа физичко материјално тело.
Незнам колку се слагате со оваа,но тоа е моето мислење,верување.