Ок, еве ја мојата филозофија. Човекот е составен од тело и душа (за жал душата не ја рецкаме, гледаме само телото да го задоволиме, затоа и грешиме). Телото умира, душата е енергија и таа останува. Човекот умира кога ќе ја заврши мисијата за тој живот, некој има многу мала мисија, некој поголема, зависи од нивото на развиеност на душата. Потоа душата одбира друго тело (бебе) и повторно од ново....Тоа бебе таа го одбира во зависност од тоа низ какво искуство треба да помине во тој живот (ако треба да искуси болест, ке одбере такво бебе). И така натаму...предлабоко е морам да упростам и скратам. Значи ние самите си бираме ама не сме свесни за тоа...
Инаку душата исто така има еволуција, прво била во некој микроорганизам, па растение, животно па човек...значи душата расте и го акумулира целото искуство од сите животи, на кои ние не се сеќаваме бидејки сме преокупирани со тоа што кола вози комшијата, дали утре ќе ме испраша историја, дали јас сум најдобра во се, како да го скршам оној.......За жал, уште како мали сме принудени да се прилагодиме на таквиот начин на живот. А замислете да го имаме сето знаење на нашата душа
Јас вака размислувам, не мора никој да се сложи со ова :nenene: