Живот без емоции

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Јас немам емоции, т.е. ние желките немаме емоции :toe:
Ти како една од мутираните желки имаш неверојатноа сила и брзина. Тоа ти доаѓа од покаченото ниво на адреналинот. Тоа покачено ниво на адреналин создава возбуда која те тера да бидеш хиперактивен.
Возбудата е емоција:)
Ете, дури и вие желките имате емоции.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Замислете едно утро да се разбудите без емоции,едноставно да ги немате.Да не чувствувате ништо....ни бес,ни љубов,ни тага,ни среќа....

Дали таков човек би бил способен да преживее?
Има ли таквиот живот смисол?
Колку и како би се променил начинот на размислување?
Постои еден филм таков, земаат серум за да не чувствуваат, т.е да немаат емоции. Филмот се вика “Рамнотежа“ - “Equilibrium“.

Језда е тешка пуцачина, ама може да биде поучен.

Доколку немаме емоции ке бидеме како роботи, значи ке се водиме по законите на живот, поради тоа што нема да размислуваме за последици, ќе немаме страв од ништо, тој свет ке функционира кратко, се додека не се сруши на крај. Бидејќи се ќе се случува механички, нема да има тага, љубов, среќа, жал, ништо. Буквално ке бидеме ко машини. Размислувањето ке се сведе на минимално ниво, т.е на само тоа што е потребно за да се исполнат условите што некој ги диктира. Пријателство, нема да постои, другарство, во никој случај, жена, само на хартија. Нема да се слават родендени, нема да постои религија (што би ми одговарало), нема да има журки, нема да има забава. Поради тоа што нема да не исполнува тоа.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Јас немам емоции, т.е. ние желките немаме емоции :toe:
е како немаш...
прст да им покажеш на желките се плашат и се кријат...ете ти емоција=страв:)

нема човек кој што живее без емоции...сите си имаме само што некој мн сторого ги крие....а пак некои 100% ги покажуваат.....:toe:
 

VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
Постои еден филм таков, земаат серум за да не чувствуваат, т.е да немаат емоции. Филмот се вика “Рамнотежа“ - “Equilibrium“.

Језда е тешка пуцачина, ама може да биде поучен.

Доколку немаме емоции ке бидеме како роботи, значи ке се водиме по законите на живот, поради тоа што нема да размислуваме за последици, ќе немаме страв од ништо, тој свет ке функционира кратко, се додека не се сруши на крај. Бидејќи се ќе се случува механички, нема да има тага, љубов, среќа, жал, ништо. Буквално ке бидеме ко машини. Размислувањето ке се сведе на минимално ниво, т.е на само тоа што е потребно за да се исполнат условите што некој ги диктира. Пријателство, нема да постои, другарство, во никој случај, жена, само на хартија. Нема да се слават родендени, нема да постои религија (што би ми одговарало), нема да има журки, нема да има забава. Поради тоа што нема да не исполнува тоа.
Баш поради тоа што би станале како роботи би сакала да имам некое копче да се исклучам во моментов. Чкрап и толку:) Нити ќе се замарам дали на некој сум му крива за нешто, нити дали некој страда, нити зашто сум постапила така и повредила.. Ништо ништо. Прекрасно роботче би била:pipi:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Живот без емоции? Тогаш ќе сме киборзи.
Незнам колку ќе биде прогресивна човековата цивилизација ако не постојат емоциите...
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Може да немаме емоции и пак ке бидеме луѓе.Тоа ќе му дојде нешто како борг.Само памет рационализам бла бла....марсовка еве видете ја...така нешто само по радикално:smir:
Се што ке правиме ке биде по корисно,попаметно, ке придонесеме многу повеќе за прогресот на човештвото,ама колку тУжно ке ни биде.Ај што ке ни биде тУжно па и нема да знаеме дека ни е оти нема да имаме емоции.Ке гледаме која опција е најповолна.Се ќе се сведува на разум:toe:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.677
Поени од реакции
34.161
Еmoциите се човековата слаба точка. Колку би биле понапредни без нив.
Објективност, смиреност, без страв и тако даље. Роботизацијата владее.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
голем број на емоции како и да ги немаме. Постепено намерно или не, на многу емотивни реакции делуваме без реакции или не делуваме воопшто, така што оддаваме впечаток дека многу емоции како и да не знаеме веќе како да ги доживееме па регираме со нереагирање. Случајно или не среќата, љубовта, и др. чуства се толку отуѓени од нас, така што кон нив не покажуваме никаква емоција. Не реагираме, ниту пак се обидуваме да сфатиме зошто и што е причината за нашата нереакција. Веројатно губењето на нашиот идентитет во оваа сурова глобализација и брз тек на животот на човештвото, не прави ладнокрвни- топлокрвни суштества
Па, денес сме бомбардирани со милиони информации секој момент.
Примаме секакви дразби и полека но сигурно почнуваме да ги игнорираме и да стануваме индеферентни на се.
Замисли пак, да реагираме преемоционало на се што ќе видиме, почувствуваме, доживееме, слушнеме итн. Ќе се исцрпиме емоционално.
И да, во последно време луѓето се склони на прикажување на апатија или непокажување на никакви емоции. Лошото е што со тек на времето вистинскиот интензитет на емоциите ќе се изгуби и ќе биде лошо.

Што се однесува до болдираното- тоа се нарекува емоционален шок. Кога ќе се случи некој настан не покажуваме никаква емоција, потоа според експресијата на лицето не можеме да заклучиме за која емоција станува збор, а подоцна веќе почнуваме да покажуваме емоција проследена со соодветна експресија на лицето.


Он: Се ијам разбудено и сум била апсолутно индеферентна на се, баш „ни на мртво плаче, ни на живо се смее“.
Дури ни болка не чувствував. Краткотрајно емоционално слепило.
Не би сакала пак да го доживеам тоа зашо е многу лошо, гледаш дека сите реагираат на надворешни дразби, а ти као теле нишо не осеќаш.
Ама за среќа краткотрајно беше.
Не можам да замислам цело човештво така да се однесува, баш како на филмот “Equilibrium“, на крајот сепак се доаѓа до заклучот дека човект има потреба од емоционалност инаку е машина.

Еmoциите се човековата слаба точка. Колку би биле понапредни без нив.
Објективност, смиреност, без страв и тако даље. Роботизацијата владее.
Без болка, среќа, сексот е механички.
Без гордост и почит према себе и другите..
Без љубов, заљубеност, загриженсот....
Не знам дали би биле понапредни...
Замисли ситуација каде треба да убиеш човек-и ти го правиш тоа без око да ти трепне, без да судиш дали е правилно или не, без да почувствуваш грижа на совест или каење...
Неќум :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.677
Поени од реакции
34.161
Замисли ситуација каде треба да убиеш човек-и ти го правиш тоа без око да ти трепне, без да судиш дали е правилно или не, без да почувствуваш грижа на совест или каење...
Неќум :)
Замисли.. :pos:


Него стварно, замисли пак да ти убијат човек без кој буквално неможеш.
Од тагата може да доживееш срцев удар, од надежта.. дека бог има поголеми планови за него ќе одлепиш, од омразата ќе станеш судија, па би го убила убиецот. Fucked up shit. Емоции. DO NOT WANT. Штета што се неизбежни.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Замислете едно утро да се разбудите без емоции,едноставно да ги немате. Да не чувствувате ништо....ни бес,ни љубов,ни тага,ни среќа....
Тогаш ќе знам дека сум мртов.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Баш поради тоа што би станале како роботи би сакала да имам некое копче да се исклучам во моментов. Чкрап и толку:) Нити ќе се замарам дали на некој сум му крива за нешто, нити дали некој страда, нити зашто сум постапила така и повредила.. Ништо ништо. Прекрасно роботче би била:pipi:
Не вреди, веруј. :)
Кога ке заврши ефектот, станува полошо, се ке ти се врати одеднаш, и после ке завршиш, бардовци демирхисар. :)
А ако останеш вечно така, цепаш затвор :)

Ти текнуе?
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Па, денес сме бомбардирани со милиони информации секој момент.
Примаме секакви дразби и полека но сигурно почнуваме да ги игнорираме и да стануваме индеферентни на се.
Замисли пак, да реагираме преемоционало на се што ќе видиме, почувствуваме, доживееме, слушнеме итн. Ќе се исцрпиме емоционално.
И да, во последно време луѓето се склони на прикажување на апатија или непокажување на никакви емоции. Лошото е што со тек на времето вистинскиот интензитет на емоциите ќе се изгуби и ќе биде лошо.

Што се однесува до болдираното- тоа се нарекува емоционален шок. Кога ќе се случи некој настан не покажуваме никаква емоција, потоа според експресијата на лицето не можеме да заклучиме за која емоција станува збор, а подоцна веќе почнуваме да покажуваме емоција проследена со соодветна експресија на лицето.


Он: Се ијам разбудено и сум била апсолутно индеферентна на се, баш „ни на мртво плаче, ни на живо се смее“.
Дури ни болка не чувствував. Краткотрајно емоционално слепило.
Не би сакала пак да го доживеам тоа зашо е многу лошо, гледаш дека сите реагираат на надворешни дразби, а ти као теле нишо не осеќаш.
Ама за среќа краткотрајно беше.
Не можам да замислам цело човештво така да се однесува, баш како на филмот “Equilibrium“, на крајот сепак се доаѓа до заклучот дека човект има потреба од емоционалност инаку е машина.
Нема да се исцрпеме, вистинската емоција не не исцрпува, туку лажната наметната апатија лесно не става во подредена положба и не тера да мислиме дека емоцијата всушност е зло. Емоцијата покажува дека човековиот мозок е здрав и спремен логички да расудува. А здрав мозок во ова време некому не му е од корист. Затоа се наметнува лажна апатија која ни го приморува мозокот да се почуствува болен и да се предаде пред налетот на бомбардирањето со дозирани информации со кои ќе се стави под некаква контрола и размислување по нарачка или неразмислување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom