Живеење заедно без брак

V

[vladimir]

Гостин
Дефинитивно да...треба да се проба и тоа барем едно 6 месеци да се живее заедно, па да се види дали ќе се преживее :uvo:

Јас не сум за генерални проби.
Ако ја сакам,ме сака сме решиле да го поминеме животот заедно негледам потреба од генерални проби, или survivor дали ќе издржиме или не.Свесно се впуштаме во тоа и треба да се носиме со сите тие краници и убави моменти,а не да се откажуваме после првата караница и кревај раце ова не иде добро е што не се земавме...:pipi:
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
[vladimir];1858616 напиша:

Не е муабетот да се откажеш по првата караница и за нешто што еднаш се случило. Муабетот е за оние навики и однесувања кои не можеме да ги видиме кога сме во врска. Колку ќе можеш да ги надминеш и покрај љубовта и толеранцијата? :smir:
 
Хехехе бабами и дедоми не си играле маж и жена ниту мајками и татко, а верувам и мајка ти и татко ти, па ете издржале толку време заедно.Тое е релативно така неможеш да се пробаш.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
[vladimir];1858684 напиша:

Не е работата за "играње" маж и жена.

Не размислувај по психологија од времето на баба ти и дедо ти :)
 
Ок ајде да го оставиме времето настрана.
Можеш да лежиш на тие 6 месеци заеднички живот дека ќе биде онака како што сакаш?Можат да ти бидат гаранција за убав брак?
И што ако небиде така? Ќе се откажеш?
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
[vladimir];1858684 напиша:
Хехехе бабами и дедоми не си играле маж и жена ниту мајками и татко, а верувам и мајка ти и татко ти, па ете издржале толку време заедно.Тое е релативно така неможеш да се пробаш.
Некои парови подобро да си поиграле малку пред да стапат во брак :)
Потполно различни времиња, со потполно нови навики и нов концепт на живот и оттаму потполно неспоредливи.
Најбанален пример: баба ти како млада немала никакви обврски, освен домашните. Имала време да ги заврши бидејќи е цел ден дома и оттаму дедо ти немало потреба да помага при истите. Јас денес работам до 5h и кога ќе си дојдам дома ако немам помош макар повремено не е изводливо се` да завршам сама.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
[vladimir];1858700 напиша:
Ок ајде да го оставиме времето настрана.
Можеш да лежиш на тие 6 месеци заеднички живот дека ќе биде онака како што сакаш?Можат да ти бидат гаранција за убав брак?
И што ако небиде така? Ќе се откажеш?
Па не е исто со некој да си во врска да се гледаш секој ден по неколку часа и заеднички живот.
Тука треба се заеднични да делите. Нема мама и тато околу вас. Вие сте тие што ќе ги решавате проблемите, што ќе се трудите да егзистирате од вашите сопствени средства и сами да ги извршувате домашните обврски.

Па ако увидиш за тие 6 месеци дека навистина имате многу спротивставени гледишта зашто и да не се прекине тоа. Подобро тоа него со некој да стапиш во брак и потоа да увидиш дека заедничкиот живот нималку не е таков каков што си замислувал и да сакаш развод.

И не мислам дека двојките кои се решаваат за заеднички живот пред бракот дека со самото тоа превземаат голем ризик нивната врска да заврши. Поголеми се шансите за зближување на партнерите и да дознаат колку навистина си значат еден на друг, да научат да живеат со маните и предностите на партнерите отколку да се одлучат да раскинат.

Јас сум за заеднички живот, ако се има можности за тоа.
Но кај нас поретко ова се случува. Обично кога ќе се договорат парнерите за брак и свадба тогаш се купува стан или се прави куќа и од свадбата се чека да се уредат истите.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
[vladimir];1858700 напиша:
Ок ајде да го оставиме времето настрана.
Можеш да лежиш на тие 6 месеци заеднички живот дека ќе биде онака како што сакаш?Можат да ти бидат гаранција за убав брак?
И што ако небиде така? Ќе се откажеш?
Види...гаранција нема нигде. Но...

Парови по само неколку месеци од стапување во врска рипаат во брак. И се разведуваат дур си кажал "бритва".

Сосема различно е кога живееш со некој заедно и кога си во врска. Кога живееш заедно ги согледуваш сите позитивни и негативни страни на една личност. И многу е поинаку. Со некои работи ќе можеш да се помириш и да ги прифатиш, со некои не.

Едноставно, подобро е, отколку да се туфкаш после и да си викаш "кај се заебав да ти ебам, кај се залетав". Или во расправија на партнерот да му кажеш "Да знаев дека си ваква/ваков...". Или "сега гледам што мустра си..."

После свадбата, најкризни се првите месеци заднички живот. Партали летаат.

Порано, во време на дедо ти и баба ти било за на бесилка и срам ако некои живеат заедно, а немаат книвче. Сега се други времиња. Зошто да не пробаш заеднички живот со некој кога можеш. А и не поради тест период, чисто онака, ако се сакате, имате планови за заедничка иднина и врската е сериозна, но сеуште не планирате свадба (од било кои причини) зошто да си одите секој по домите после град, кога можете заедно да си бидете.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Парови по само неколку месеци од стапување во врска рипаат во брак. И се разведуваат дур си кажал "бритва".

После свадбата, најкризни се првите месеци заднички живот. Партали летаат.
Spored statistikata, najgolem broj (mnogu poveke od 50%) od parovite se razveduvaat vo prvata godina od brakot.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Spored statistikata, najgolem broj (mnogu poveke od 50%) od parovite se razveduvaat vo prvata godina od brakot.
И е најкризна првата година, веќе спомна Мистичен погоре.
Имаш период на учење на заедничко живеење, создавање на заеднички навики, поставување на правила. Ако си женско и ако живееш кај мажот имаш сосема нов начин на живот каде освен што треба да се прилагодиш со мажот ти, треба да се прилагодиш и со останатите членови од фамилијата. Треба многу мудрост, толеранција и живци да ги надминеш сите ситуации, а да не разрушиш нешто или бар не до темел.
 
V

[vladimir]

Гостин
Види...гаранција нема нигде. Но...

Парови по само неколку месеци од стапување во врска рипаат во брак. И се разведуваат дур си кажал "бритва".

Сосема различно е кога живееш со некој заедно и кога си во врска. Кога живееш заедно ги согледуваш сите позитивни и негативни страни на една личност. И многу е поинаку. Со некои работи ќе можеш да се помириш и да ги прифатиш, со некои не.

Едноставно, подобро е, отколку да се туфкаш после и да си викаш "кај се заебав да ти ебам, кај се залетав". Или во расправија на партнерот да му кажеш "Да знаев дека си ваква/ваков...". Или "сега гледам што мустра си..."

После свадбата, најкризни се првите месеци заднички живот. Партали летаат.

Порано, во време на дедо ти и баба ти било за на бесилка и срам ако некои живеат заедно, а немаат книвче. Сега се други времиња. Зошто да не пробаш заеднички живот со некој кога можеш. А и не поради тест период, чисто онака, ако се сакате, имате планови за заедничка иднина и врската е сериозна, но сеуште не планирате свадба (од било кои причини) зошто да си одите секој по домите после град, кога можете заедно да си бидете.
Погајки од свеста и знаењето повеќето постапуваме или донесуваме одлуки врз основа на тоа што сме го научиле, што во зависност од ситуацијата може да биде нималку, делумно или целосно точно во практиката.
Комбинацијата на инстинктот и свесноста кај човекот ја прават интуицијата, луѓето со добро развиена интуиција се сметаат за емоционално интелегентни личности емоциите не сметаат во расудувањето.
Јас се сложувам со тебе дека дека примерот што го дадов и не е баш соодветен, сепак живееме во друго општество со многу видоизменети влијанија од околината и со по либерални сфакања од тогаш, ама сакав да потенцирам нешто друго дека заедничкиот живот пред брак не е сигурна гаранција за во иднина, и дека заедничкиот живот не секогаш треба да резултира со брак многу луѓе тоа така го сфакаат.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
[vladimir];1858929 напиша:

Види, ова се онака, општопознати работи од книга. Кажи ми, си живеел заеднички со партнер? Збориме за реално искуство од семејство - нели, основна клетка на секое општество : )

Точно, не се работи само за тоа дека сега се полиберални сфаќањата, туку и дека се е поинаку. Во времето што го спомна на баба ти и дедо ти, се знаело како е, мажот глава во куќа, ако жената галами - шлапни и една и решен проблем. И многу им било гајле дали ќе им се погоди. Единствено битно било да знае да прави добар грав и да сука зелник. Океј, и да може да раѓа.

Сега..хехе, сега е многу поинаку. Затоа.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Naseto opstestvo tesko go prifaka toa.Jas sum verena sega ama pred da se veram ziveev so partnerot vonbracno i dvajcata sakavme taka.Nemavme prepreki od domasnite iako im bese cudno na pocetokot no posle se soglasija so nas i svatija deka za site e taka najdobro.E sega lugeto kako ne gledaa i zborea toa e druga rabota.Inaku toa mi bese najubaviot period vo mojot zivot.
 
V

[vladimir]

Гостин
Види, ова се онака, општопознати работи од книга. Кажи ми, си живеел заеднички со партнер? Збориме за реално искуство од семејство - нели, основна клетка на секое општество : )
Па затоа и пишав дека може да биде нималку, делумно или целосно точно во практиката, во реалниот живот.

Не сум живеел заеднички живот, неискусен сум на тоа поле и годините сеуште не ми го дозволуваат мислам дека е прерано барем за мене за еден таков живот.Тоа е мое мислење и невелам дека можеби во иднина нема да се промени, некој се сложива друг го порекнува ќе покаже животот и искуството.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom