[vladimir];1858700 напиша:
Ок ајде да го оставиме времето настрана.
Можеш да лежиш на тие 6 месеци заеднички живот дека ќе биде онака како што сакаш?Можат да ти бидат гаранција за убав брак?
И што ако небиде така? Ќе се откажеш?
Види...гаранција нема нигде. Но...
Парови по само неколку месеци од стапување во врска рипаат во брак. И се разведуваат дур си кажал "бритва".
Сосема различно е кога живееш со некој заедно и кога си во врска. Кога живееш заедно ги согледуваш сите позитивни и негативни страни на една личност. И многу е поинаку. Со некои работи ќе можеш да се помириш и да ги прифатиш, со некои не.
Едноставно, подобро е, отколку да се туфкаш после и да си викаш "кај се заебав да ти ебам, кај се залетав". Или во расправија на партнерот да му кажеш "Да знаев дека си ваква/ваков...". Или "сега гледам што мустра си..."
После свадбата, најкризни се првите месеци заднички живот. Партали летаат.
Порано, во време на дедо ти и баба ти било за на бесилка и срам ако некои живеат заедно, а немаат книвче. Сега се други времиња. Зошто да не пробаш заеднички живот со некој кога можеш. А и не поради тест период, чисто онака, ако се сакате, имате планови за заедничка иднина и врската е сериозна, но сеуште не планирате свадба (од било кои причини) зошто да си одите секој по домите после град, кога можете заедно да си бидете.