Живеењето заедно е еден вид на тест дали може да се издржи повеќе од еден месец со личноста која сме ја таксале за брак под ист покрив. Доколку се јават разни сметњи, боље да се спречи пред да се официјализира.
Венчање во црква=само непотребно фрлање пари за да се официјализира љубовта пред сите роднини и пријатели. Господ и без тоа ни ја одобрил врската ( ЧД ). Подобро парите би ги потрошила на патување со партнерот на некое егзотично место или ќе штедиме за да изградиме куќа... пошто со моите аспирации за милијарда животни-стан не доаѓа в предвид.
Здравје, кога ќе сакаме да го прошириме семејтвото, тогаш ќе мавнеме по еден потпис, ал без некои фешти. Ние решивме да се венчаме, одиме до матично и толку. Фала, пријатно.
Добро бе вие жените имате озбилен проблем тестови и експерименти на глувци се праат, а не на луѓе.
Ќе бидеш со еден ке живееш 2-3 месеци еј не ја бидува работава, ќе дојде друг пак ќе проживееш 2-3 месеци заедно, ма јок и со овој не бидува, па трет, па четврт се дур не дојде правиот а? Не се премногу ЦИМЕРИ?
Животот во брачна заедница подразбира големо пожртвување и отстапки кои се учат, се е во тоа колку сте спремни да го прифатите другиот и секојдневно да правите компромиси. Неверојатно но вистинито е како луѓето се менуваат во моментот кога ќе знаат дека некој потполно им припаѓа. Жените губат интерес за повторно заведување, а мажите за освојување.
Навистина се прашувам дали постојат луѓе кои сфаќаат дека односот на двајца луѓе без разлика дали се (дечко и девојка или сопруг и сопруга) мора секојдневно одново да се гради, да го разбираш молкот на другата половина, да имаш трпение за секое ново добро утро или добра ноќ.
Венчањето е скапо, а разводот уште повеќе...сакајте се без стресови и непотребно трошење пари...Ова некој нов тренд е? Амерички?
Нееее !!!!! Сеа е тренд “мамо и тато јас ќе живеам со дечко ми...после 2-3 месеци....мамо и тато ние ќе имаме бебе“...па да видиш како се праи свадба со брзина на светлината