Ајдее, видена приказна. На почетокот на сите квалификации, сите сме оптимисти.
Ама, ајде, ќе се одиграат 2-3 натпревари па ќе сфатиме до каде сме.
Луѓе, сфатете. Во оваа група, посебно на Филип 2ри,
можеме да ги победиме буквално сите 5 противници. Ама, тоа НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ, од мноогу причини.
Прво, немаме победнички менталитет. Џабе оти медиумите прават екстра најави пред утакмица, џабе оти мотивираат и публика и играчи. Кога ќе излезат на теренот ко утепани, со наведнати глави, па ни збрцаат гол во 3та минута и демек ние притискаме, а уствари нашиве ќе потрчаат едно две минути и после, се по старо, наведнати глави и едвај се движат.
Второ, многу пати повторувано. Со оваа гарнитура во ФФМ, нема простор за напредок. Кога во куќата на фудбалот во Македонија, никој не се интересира за фудбал, што да очекуваме?? Дури не се интересираат ни квалитетен селектор да најдат. Си ставаат нивни луѓе, си лапаат пари, фудбалот си тоне. Џабе оти некој критикува, кучињата си лаат, караванот си врти.
Ама, да имаме селектор по мерка, федерација по мерка, со тоа што го имаме на располагање во Македонија на играчки план(млади играчи, играчи кои не се никогаш повикувани за репрезентацијата..) можеме над 13 бода да освоиме во ваква група. Ама, прво треба некои работи да се сменат, а за тоа треба и време. Во превод, сега и да се доведе нов селектор, дури и Хари и мафијата да си заминат, тешко дека нешто може да се направи, треба време.
Така да, овие квалификации, уште непочнати, јас ги отпишувам. Може да послужат само како забава на стадион, да се испробаме до каде сме, како стоиме со поранешните братски републики. И то е се.