- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 14.614
- Поени од реакции
- 14.486
Запнале тема та тема, еве ви тема ај испокарајте се и тука..
Во сабота на 10.12.2011 се игра 216 Ел Класико, најголемото дерби во фудбалскиот свет.
Сезоната започна со Супер купот во кој повторно се сретнаа овие два тима. Барселона повторно го победи Реал Мадрид, и можеа да се слушнат проценки дека не очекува уште една сезона на Барселона, и уште сезона во заборав за Реал Мадрид.
Но текот на сезоната покажува дека не се без врска оние муабети Мурињо своите најдобри резултати ги покажува во втората сезона, откако ќе ја сложи екипата по свој вкус. Реал гази се пред себе, имаат импресивни резултати, Роналдо стандардно брилјира, а Бензема конечно покажува зошто за него се платени 35 милиони евра. Ако ги погледнеме резултатите од оваа сезона, може слободно да се каже дека Реал после долго време е фаворит во Ел Класико.
Од друга страна пак Барселона делува бледо, истрошено, нетипично за Барселона под водство на Гвардиола. Барселона стана домашна екипа на која секое гостување и е неизвесно, па дури и некое за кое противник го има Гетафе. Фабрегас се врати дома и игра одлично, Санчез во последните два натпревар игра некоја важна улога, Меси е единствениот кој е на онаа форма од минатата сезона, Виља е тотално надвор од форма..
И што сега да прогнозираме ?
Од една страна имаме екипа која моментално ја оправдува тезата на втората сезона на Мурињо. Екипа која делува како несопирлива машина, која е во топ форма. Екипа која игра на домашен терен и за кој и нерешено би бил одличен резултат. Затоа што разликата во бодови е огромни 6 бода, а таква разлика во Примера во последните години значи 95 % титула.
Од друга страна ја имаме никогаш побледата Барселона, Барселона која не делува доминантно како некогаш.
Во Гвардиола постои несигурност, додека пак Мурињо е стандардно самоуверен со онаа негова насмевка на лицето. На Мурињо му е доволен и Х, има 6 бодови предност, во удобна ситуација е, и мајстор е за наметнување притисок на противникот, и сигурно ќе знае максимално психички да делува на сепак понеискусниот Гвардиола. Реал Мадрид не е само фаворит, Реал е со едната нога на победничкиот трон.
Ќе може ли Гвардиола да го расипе славјето на Мурињо ? Колку црвени картони ќе има ? Дали Пепе ќе биде повторно на она ниво како и на последните Ел Класика ? Дали Роналдо повторно беспомошно ќе ги шири раците изгубен во бермудскиот триаголник ? Дали Мурињо ќе игра Бункер ? Колку сантиметри ќе биде тревата на Бернабе ? Дали прашањето за останување на еврото е поважно од Ел Класико ? Кој ќе го освои оскарот за најдобар глумец на Ел Класико ? Кој овој пат ќе добие прст во око ? Ќе постои ли Виларато и овој пат ?
Тролови и спамери на цела Кајгана, соединете се.
Мое видување за натпреварот:
Ние сме во успон, тие се во пад. Го чувствувам оној филинг дека правдата мора да пресуди на наша страна. Ништо не е вечно, нема да трае вечно ни нивната доминација над нас, со оглед дека разликата е многу мала.
Од оние 5 - 0 минатата сезона, Реал секој следен натпревар покажуваше се подобра и подобра игра. Добивме нешто, изгубивме нешто, и за тоа пресуди една топка, еден центаршут, една грешка на одбраната, еден глуп испад. Не може тоа секој натпревар се повторува. Не се непобедливи, пропуштија многу бодови, ќе пропуштат и сега. Конечно го имам она чувство дека сме подобри од нив.
Подобра ситуација, не ни можевме да си замислиме. Да ми кажеше некој дека ќе имаме 15 победи по ред, 6 бодови предност пред Ел Класико, ќе му речев дека е луд. Подобро и не можеше. Не заостануваме, немаме ни бод-два предност, имаме цели две победи повеќе.
Ќе ги победиме. Нема да биде петарда, никогаш нема за тоа да им вратиме, бар не во блиска иднина. Веројатно некоја тесна победа 1 - 0, 2 - 1, 3 - 1. Али ќе им зададеме тежок удар. Сезоната во Шпанија завршува оваа сабота. Се гледаме наредната сезона.