Ел Класико: Реал Мадрид - Барселона (1:3)

Како ќе заврши натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    308
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Запнале тема та тема, еве ви тема ај испокарајте се и тука.. :)


Во сабота на 10.12.2011 се игра 216 Ел Класико, најголемото дерби во фудбалскиот свет.

Сезоната започна со Супер купот во кој повторно се сретнаа овие два тима. Барселона повторно го победи Реал Мадрид, и можеа да се слушнат проценки дека не очекува уште една сезона на Барселона, и уште сезона во заборав за Реал Мадрид.

Но текот на сезоната покажува дека не се без врска оние муабети Мурињо своите најдобри резултати ги покажува во втората сезона, откако ќе ја сложи екипата по свој вкус. Реал гази се пред себе, имаат импресивни резултати, Роналдо стандардно брилјира, а Бензема конечно покажува зошто за него се платени 35 милиони евра. Ако ги погледнеме резултатите од оваа сезона, може слободно да се каже дека Реал после долго време е фаворит во Ел Класико.

Од друга страна пак Барселона делува бледо, истрошено, нетипично за Барселона под водство на Гвардиола. Барселона стана домашна екипа на која секое гостување и е неизвесно, па дури и некое за кое противник го има Гетафе. Фабрегас се врати дома и игра одлично, Санчез во последните два натпревар игра некоја важна улога, Меси е единствениот кој е на онаа форма од минатата сезона, Виља е тотално надвор од форма..

И што сега да прогнозираме ?

Од една страна имаме екипа која моментално ја оправдува тезата на втората сезона на Мурињо. Екипа која делува како несопирлива машина, која е во топ форма. Екипа која игра на домашен терен и за кој и нерешено би бил одличен резултат. Затоа што разликата во бодови е огромни 6 бода, а таква разлика во Примера во последните години значи 95 % титула.

Од друга страна ја имаме никогаш побледата Барселона, Барселона која не делува доминантно како некогаш.

Во Гвардиола постои несигурност, додека пак Мурињо е стандардно самоуверен со онаа негова насмевка на лицето. На Мурињо му е доволен и Х, има 6 бодови предност, во удобна ситуација е, и мајстор е за наметнување притисок на противникот, и сигурно ќе знае максимално психички да делува на сепак понеискусниот Гвардиола. Реал Мадрид не е само фаворит, Реал е со едната нога на победничкиот трон.

Ќе може ли Гвардиола да го расипе славјето на Мурињо ? Колку црвени картони ќе има ? Дали Пепе ќе биде повторно на она ниво како и на последните Ел Класика ? Дали Роналдо повторно беспомошно ќе ги шири раците изгубен во бермудскиот триаголник ? Дали Мурињо ќе игра Бункер ? Колку сантиметри ќе биде тревата на Бернабе ? Дали прашањето за останување на еврото е поважно од Ел Класико ? Кој ќе го освои оскарот за најдобар глумец на Ел Класико ? Кој овој пат ќе добие прст во око ? Ќе постои ли Виларато и овој пат ?

Тролови и спамери на цела Кајгана, соединете се. :pipi:

Мое видување за натпреварот:

Ние сме во успон, тие се во пад. Го чувствувам оној филинг дека правдата мора да пресуди на наша страна. Ништо не е вечно, нема да трае вечно ни нивната доминација над нас, со оглед дека разликата е многу мала.

Од оние 5 - 0 минатата сезона, Реал секој следен натпревар покажуваше се подобра и подобра игра. Добивме нешто, изгубивме нешто, и за тоа пресуди една топка, еден центаршут, една грешка на одбраната, еден глуп испад. Не може тоа секој натпревар се повторува. Не се непобедливи, пропуштија многу бодови, ќе пропуштат и сега. Конечно го имам она чувство дека сме подобри од нив.

Подобра ситуација, не ни можевме да си замислиме. Да ми кажеше некој дека ќе имаме 15 победи по ред, 6 бодови предност пред Ел Класико, ќе му речев дека е луд. Подобро и не можеше. Не заостануваме, немаме ни бод-два предност, имаме цели две победи повеќе.

Ќе ги победиме. Нема да биде петарда, никогаш нема за тоа да им вратиме, бар не во блиска иднина. Веројатно некоја тесна победа 1 - 0, 2 - 1, 3 - 1. Али ќе им зададеме тежок удар. Сезоната во Шпанија завршува оваа сабота. Се гледаме наредната сезона.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.020
Поени од реакции
20.761
Каде е анкетата? :D
Сега за сега, на кратко да се искажам, очекувам... уствари, не знам ни што очекувам. Тешко дека некој може да предвиди исход или не дај Боже резултат на Ел Класико. Веројатно ќе биде тврд натпревар, табелата налага Барселона да напаѓа, бидејќи само победа ни одговара, во спротивно титулата 80% ќе биде изгубена. Реал може да избира. Можат да тргнат и тие напаѓачки, да одат на победа, за да се порази најголемиот ривал и за да разликата на табелата ја направат 9 бода(тој еден неодигран натпревар им го сметам за победа). Можат и мирно да си ја чекаат шансата на контри, бидејќи Барселона нема што да брани и веројатно ќе напаѓа.
Сега за сега толку, подоцна веројатно ќе напишам повеќе, мислам дека било каков исход во овој натпревар нема да биде изненадување, освен победа изразена со над 3 гола разлика на било која од екипите.
Како навивач на Барса, со најголеми желби ја посакувам оваа победа. VISCA BARCA! :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.988
Treba da bide interesen mec.Ako Barsa ne pobedi tesko deka ke osvoi titula.Se mislam deka ovaa nema da ima mnogu golovi.Pretpostavuvam X deka ke zavrsi
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Мислам дека ова е првиот реален тест на Мурињо со Реал Мадрид.

Лани не ги важам, бидејќи него, а богами и на секој тренер би му требало време да го простудира тимот. Така да, сега ќе се види дали може да ја сопре Барселона - неговата најголема желба уште откако не му дадоа да биде главен тренер таму. :)

За утакмицата, ако се иде како што би требало (бидејќи за мене Мурињо е поголем тактичар од Пеп), ќе победи Реал. Ама X-факторот на Барселона, попознат како Чави/Меси/Иниеста, може да изненадат и да направат нешто ванземаљско, што никој нема да може да го спречи.
Така да, јас ја заземам политички коректната опцијата (попозната и како "пичкарска" опција) и нема да пробам да предвидувам резултат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Повредени има од двата тима?

Е чекајте малце за анкета, ќе треба дубари да се направат, just a second. :)
 
Член од
14 септември 2011
Мислења
577
Поени од реакции
179
Одиме на победа и само победа..долго ја чекаме оваа победа...и мислам дека во сабота конечно ќе стигнеме до неа...Хала Мадрид !
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.006
Поени од реакции
2.042
Посакувам победа на Барселона : ))
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.034
Поени од реакции
28.670
Како никогаш до сега сум сигурен на поволен резултат.
Под поволен се подразбира и нерешено затоа што во моментот ни одговара. Меѓутоа гледајќи ги последните неколку ел класика можам да кажам дека очекувам победа во Сабота. Во претходните дуели Барселона ја имаше топката повеќе во посед тоа е факт меѓутоа единствена причина поради која победи е затоа што успеаа да си ги искористат шансите. Очекувам Реал конечно во Сабота да распука, меѓутоа топка е и ништо не може да се каже предвреме, затоа е и убав фудбалот и затоа сите ние со нетрпение очекуваме уште една величествена ноќ каде ќе се сретнат двата најдобри тима во најголемото дерби на светот.

Хала Мадрид
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.588
Поени од реакции
10.227
не залетвајте многу пак да не плачите после
ова е еден од најважните натпревари за барса од ко дојде пеп, мора да се победи иначе сезоната во ла лига е 99% изгубена
така да очекувајте една мастер партија од барса, веројатно не со 5 разлика, ама тука негде..
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
It's time...
Еве го големиот тест со кој треба да му се спротистави Мурињо со неговата машинерија. Многу работи се променети од минатата сезона. Кај Реал работите се во нагорна линија,а кај Барселона работите не се како што треба. За прв пат гледаме бледа Барселона под водство на Гвардиола и ќе му биде ептен (пеколно) тешко за освојување на трите бодови во престолнината. За Реал што да се кажи,газат се пред себе имаат 15 победи со ред,играчите се во страшна форма,атмосферата на највисоко можно ниво. Ќе биде пеколно,но мислам дека конечно ќе видиме вистинско Ел Класико,без инциденти,без актерски потези и други прљавштини што се користат во фудбалот. Очекувам судиската четворка да си ја заврши својата работа одлично,да си наметнат авторитет и да не дозволуваат притисок од двете екипи.
Иако Барселона не е во најдобро светло,очекувам одлична игра од двете страни,шанси,голови,мајсторски потези, па нека победи подобриот.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
vovedot krivo levo e dobar od strana na juanito,samo mnogu go potcenuvas timot na pep
tocno deka ste prvi i deka igrate mnogu podobro od prethodnite 3 sezoni,no da ja potcenuvas barsa koja sto e recisi ista kako i minatite 3 sezoni togas trebe da ti fale nesto :)
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Нема веќе лабаво, Барселона трга во освојување на титула, и не само што ќе тепа Барселона, ќе тепа со 3-4 гола разлика, точен резултат 5:1 за Барса
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Нема веќе лабаво, Барселона трга во освојување на титула, и не само што ќе тепа Барселона, ќе тепа со 3-4 гола разлика, точен резултат 5:1 за Барса
:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom