Се изначитав последниве денови коментари од фанови на Барса, пред се оној диалог меѓу бетменот и Филе.
Муабетов од сите што навиваат за Барса (не на форумов), туку општо, цело време им иде муабетов како Барса не била истата онаа Барса од прошлите сезони, па затоа не се сигурни во победа. Според мене тоа е алиби за евентуалниот неуспех, зошто јес да Барса не е толку силна како прошлите сезони ама сепак нема некоја голема разлика.
Доколку тепа Реал, ја би рекол дека тоа е резултат само на многу подобрата игра на Реал сезонава, а не падот на Барселона.
Ќе биде тежок меч, тој што пробуе да типуе победник го прае тоа од навиачки аспект. Ја ќе бидем реален (колку што можем), и ќе речем дека никој, ама баш НИКОЈ неможе да типуе на нечива победа (освен навивачки како што кажав). Ова е најголемото дерби у свет, пред се решава мотивот и желбата за победа, па после моменталната форма. Моментална форма не игра скоро никаква улога на Ел Класико. Така да, овојпат очекувам една тврда утакмица, затоа што ни Барса сега нема да се опушти толку како на минатите утакмици, зошто сигурно и кај нив стравот е многу поголем отколку на претходните утакмици. Добрата игра на Реал, пресингот кој го врши мислим дека ќе помогне многу да се спречи Барса да ја оствари нивната препознатлива игра. А знаејќи какви контри можат да изведат играчите на Реал, како што кажав Барса сигурно нема да се опушти и да тргне напаѓачки од самиот старт.
Како и да е, подобриот нека победи. Пред се сакам ФЕР ПЛЕЈ, ФЕР СУДЕЊЕ, нешто што го немаше на последните неколку Ел Класика.