Економски факултет (reloaded)

Член од
4 септември 2010
Мислења
9
Поени од реакции
1
Дечки ако може некој повеќе да каже за следниве предмети:
Маркетинг Менаџмент
Менажмент на Е=бизнис 1
Основи на интернет архитектура

кој е најтежок? на кој предмет мора да се оди на предавања итн
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.134
Поени од реакции
16.011
па кај смеат вака да прават? на веб страната нудат едно а во реалноста друго? ако навистина имаме 3 задолжителни предмети во зимскиот семестар ќе ги тужам за нетранспарентност...можеле да напишат на веб страната за тоа па пред уписите да бевме свесни за тоа што не чека...
:pos:
Можат што сакаат да прават и ти тука не можеш ништо, а и ќе станете свесни од 15 натака што ве чека ;).

Значи и јас не бев свесна дека сега ќе имам 4 задолжителни во семестаров, па ме прашува мене некој? Не. :( И да, тоа и ми е прашањето. Видов дека е поставено претходно, али некој кој ги имал предметиве: менаџмент, финансиско сметководство, макроекономија и финансиски пазари и институции, нека биде фин и нека сподели некои информации за нив и најбитно прашање ми е, што е најпаметно да се остави за на испит, оти учење на сите 4 во еден семестар ми изгледа на mission impossible :eek:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Океј, ве читам страници уназад како се буните што имате 4 задолжителни предмети во еден семестар и морам да прашам, аман стварно е до толку тешко?? Даа знам уште не сум почната, од 15ти ќе видам што ме чека, ама гледам се буните за 4 предмети..А што да речат другиве факултети кај што има и по 5-6 (ај да не претерам со 7) предмети во семестар?? Се навраќам уште еднаш на прашањето: Стварно е толку многу тешко? :eek:
(Немој да ме плашите сега уште непочната аман :\ )
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.134
Поени од реакции
16.011
Па како што си пиша сама, ќе си видиш од 15 натака ;)

А дали е тешко, тоа е индувидуално. Нека не те плашат постовите, можеби тебе нема да ти биде воопшто тешко, секој има свое искуство, што не значи дека и ти ќе го имаш истото како мене или другите.

И да, по 7-8 предмети ако сакаат нека имаат, али не ги споредувај предметиве и книгите на другите факултети со предметиве и книгиве на економски, бидејќи тежината на тие со нашиве, не се споредува, секој факултет, своја тежина. Може нивните 7-8 вредат за овие моиве 4 што сум ги пишала погоре ;)
Гледам дека си бруцош, со среќа на факултетов, е тоа знам дека ќе ти треба доста :)
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.983
Поени од реакции
12.542
Абе вежби имате или не?
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Епа фала како што гледам богами и ќе ми треба среќа xD А иначе за тежината, па си праев некои споредби со медицина, стоматологија, електро и слично..Али секој со своето :\
 
Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Океј, ве читам страници уназад како се буните што имате 4 задолжителни предмети во еден семестар и морам да прашам, аман стварно е до толку тешко?? Даа знам уште не сум почната, од 15ти ќе видам што ме чека, ама гледам се буните за 4 предмети..А што да речат другиве факултети кај што има и по 5-6 (ај да не претерам со 7) предмети во семестар?? Се навраќам уште еднаш на прашањето: Стварно е толку многу тешко? :eek:
(Немој да ме плашите сега уште непочната аман :\ )
За тешко, не е многу тешко, ама за обемно, е обемно. :)
Ако имаш навика за учење и редовно си учиш нема да имаш некои големи проблеми. Ќе видиш од постари колеги кој предмет како треба да го учиш и нема да имаш потешкотии. Битно е да не дозволиш да ти се натрупа материјал.
Првиот месец ќе ти биде најнапорен али и најинтересен. :)

Значи и јас не бев свесна дека сега ќе имам 4 задолжителни во семестаров, па ме прашува мене некој? Не. :( И да, тоа и ми е прашањето. Видов дека е поставено претходно, али некој кој ги имал предметиве: менаџмент, финансиско сметководство, макроекономија и финансиски пазари и институции, нека биде фин и нека сподели некои информации за нив и најбитно прашање ми е, што е најпаметно да се остави за на испит, оти учење на сите 4 во еден семестар ми изгледа на mission impossible :eek:
ФПИ-го предава најдобриот професор на Економски-Михаил Петковски. Предавањата не се задолжителни, али се доста корисни. Прашањата му се логични, и не е предмет кој се учи, туку се чита (нешто како Економијата на Таки). Едино нешто што ќе треба да се учи се податоците дадени во Додатоци. Лошо е што го имате во ист семестар со Менаџмент, оти знае да биде напишано малце поинаку од она што е во книга, а вие да сте се програмирале од збор до збор за менаџмент, па да се мислите дали да заокружите. (Звучи глупаво ама ќе видите на што мислам кога ќе почнете .) Како предмет е доста интересен и корисен.

Менаџмент-пишав погоре учење од збор до збор, не признава синоними, а тие му се омилени да ги дава во понудените како замки. Не дава потпис без присуство на предавања.

Фин. сметководство-Љубе пак, само што е малце потешко од основи на сметководство, има повеќе книжења и знаат да дадат прашања на кои ќе се чудите од кај се извадени.

Макрокономија-професорот дури предава е доста конфузен, ама треба да идете на предавања зашто дава домашни од кои ви се паѓаат прашања на колоквиум. Исто учење на памет не ви помага тука. На испит има и отворени прашања, а на колоквиум е на заокружување и плус дава задачки или графикони.

За на испит мој избор би бил или ФПИ или финансиско.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Anne ^ више кога споделуваш информации ако не ти е мака дај кажи нешто за Математика на економисти, Основи на економијата, Основи на сметководството...Sorry to bother you, ама знаете како е првачиња (малце досадни xD), како што ми се ближи почетоков така ме фаќа паника некоја, од ништо појма немам...Однапред благодарам :)
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.030
Поени од реакции
2.045

Ај да не ја мачиме Ане јас ќе ти кажам. :D

Јас учев средно економско и првиот семестар на Економски го поминав ептен лесно, економија и сметководство се прелесни предмети, нема да изгубиш многу време за да ги научиш, имаш и прашања во Либро, земи си ги, многу од нив се паѓаат на колоквиуми... математика зависи, на предавања не оди - ќе немаш никаква корист, ама на вежби оди - ќе научиш многу. Јас не вежбав дома, одев редовно на вежби, имав среќа и положив на колоквиуми. :D
Е сега ако не ти оди математика... ќе треба да вежбаш малку повеќе, ама нека не те лажат, ако се трудиш се ќе биде во ред. :)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.985
Поени од реакции
5.604
:pos:
Можат што сакаат да прават и ти тука не можеш ништо, а и ќе станете свесни од 15 натака што ве чека ;).

Значи и јас не бев свесна дека сега ќе имам 4 задолжителни во семестаров, па ме прашува мене некој? Не. :( И да, тоа и ми е прашањето. Видов дека е поставено претходно, али некој кој ги имал предметиве: менаџмент, финансиско сметководство, макроекономија и финансиски пазари и институции, нека биде фин и нека сподели некои информации за нив и најбитно прашање ми е, што е најпаметно да се остави за на испит, оти учење на сите 4 во еден семестар ми изгледа на mission impossible :eek:
Менаџмент учи само цртички и табели, ама да ги учиш како првата стихотворба во основно. ФПИ не сум го имал, ама сум ја читал книгата и е доста интересна. Мислам дека логичко учење би ти помогнало.
Океј, ве читам страници уназад како се буните што имате 4 задолжителни предмети во еден семестар и морам да прашам, аман стварно е до толку тешко?? Даа знам уште не сум почната, од 15ти ќе видам што ме чека, ама гледам се буните за 4 предмети..А што да речат другиве факултети кај што има и по 5-6 (ај да не претерам со 7) предмети во семестар?? Се навраќам уште еднаш на прашањето: Стварно е толку многу тешко? :eek:
(Немој да ме плашите сега уште непочната аман :\ )
Кај нас ретко некој предмет да е под 400 страни, тоа е разликата. На некои факултети имаат и по 10 предмети во семестар... ама по максимум 50 страни во просек. Ќе почнеш и ќе видиш сама како ќе ти биде :)
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Ај да не ја мачиме Ане јас ќе ти кажам. :D

Јас учев средно економско и првиот семестар на Економски го поминав ептен лесно, економија и сметководство се прелесни предмети, нема да изгубиш многу време за да ги научиш, имаш и прашања во Либро, земи си ги, многу од нив се паѓаат на колоквиуми... математика зависи, на предавања не оди - ќе немаш никаква корист, ама на вежби оди - ќе научиш многу. Јас не вежбав дома, одев редовно на вежби, имав среќа и положив на колоквиуми. :D
Е сега ако не ти оди математика... ќе треба да вежбаш малку повеќе, ама нека не те лажат, ако се трудиш се ќе биде во ред. :)
Now, that's the spirit! :D Фалаааа сега ми влеа малце надеж :D
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Бидејќи овој семестар не зафркнаа со овие 4 задолжителни предмети, па не можеме да си земеме изборен, сакам да прашам дали во четвртиот семестар каде имаме само 2 задолжителни можеме да земаме два изборни предмети, се разбира да не надминеме 35 кредити. Бидејќи некои тврдеа дека тоа не било возможно.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Да можно е.
И доста со тоа не зафрканаа со 4 задолжителни. Мислите изборните се којзнае колку полесни, има два-три и кога тие ќе се истрошат сите веќе се исти по тежина. Ако на вашиот смер е задолжителен на другиот е изборен и кога гледаш, исти ѓавол. И јас сега имам 4 со 2 па не се жалам.
Факултетот и не е квантна физика, да не може да се заврши, само треба работа, упорност и многу нерви.
Вие испаничивте, уште непочнати, а камоли после, кога книгата менацмент ќе мора да ја носите со две раце ( ова ваши за девојчињата).
Ако па ептен заглавите, ние сме тука да помогнеме, за тоа сме луѓе.
Ајде позз и уживајте. Студентскиот живот е најубав.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.162
Поени од реакции
888
Финансиски менаџмент сум пуштен на дополнителен испит - што значи ова?
Ми рекоа дека бил на раскажување, точно е?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom