Економска политика на Македонија

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Зошто ми е избришан постот од 13.03.18?
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Тевдовски: Најголем годишен раст на платите од 2010, прв пат просечната нето плата надмина 24.025 денари

Во најголемиот дел ваквиот раст се должи на порастот на минималната плата во текстилната и кожарската индустрија, што би значело дека ваквиот раст не е природен и не се должи на зголемената економска активност во државата последнава година. Растот на минималната плата беше политички мотивирана мерка, предизборно ветување. Дури и се водеја дискусии дали воопшто економијата може да го поднесе таквото зголемување во услови кога економската активност се движи во границите на рецесија поради политичката криза и недостатокот на инвестиции.

Така да ваквиот раст на просечната плата е очекуван и никако не е поврзан со економските реформи на СДСМ, туку е предизвикан едноставно од една политичка одлука.
До сега секој раст на просечната плата беше резултат на растот на платите и примањата во горните, побогати слоеви на општеството, кај една група привилегирани граѓани.

Она за што никој не зборува е тоа како да се намали јазот во примањата помеѓу овие две групи на граѓани, кој што постојано се зголемува и е еден од највисоките во Европа. Кај нас зголемувањето на платите во јавниот сектор, јавната администрација и понатаму се главен двигател кон растот на просечната плата.
Во нормална држава ваквиот раст се случува природно, под влијание на законите на економијата, со растот на активноста во реалниот сектор, приватните компании и индустријата треба да бидат главен двигател за растот на платите во државата. Задача на владата тука е само да се грижи да се спроведуваат законите, да стимулира и да интервенира по потреба, не да се меша директно.

Ова на Сдсм е само мачкање очи на народот, е само еднократна мерка. За вистински раст на стандардот ќе треба многу повеќе од ова.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974

Znam deka samo komunototalitaristicki zemji ima rast na standard bez rast na bdp...a znaeme kako zavrsuvaat tie. Bez bdp stanard jok.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
^
А на мене уште не ми се разјасни КАКО е можно ова, долгот е зголемен за 100 милиони (до крајот на 2017 сега е повеќе), БДП-то е на 0%, а процетот на долгот спрема БДП да биде помал од лани:toe:

НЗС некое(n)
 
Aha ima bdp deflator nominalno bdp se presmetuva za dolg a ne realno ima finta...toa moze da e. Kolku sto znam.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Тевдовски: Најголем годишен раст на платите од 2010, прв пат просечната нето плата надмина 24.025 денари

Во најголемиот дел ваквиот раст се должи на порастот на минималната плата во текстилната и кожарската индустрија, што би значело дека ваквиот раст не е природен и не се должи на зголемената економска активност во државата последнава година. Растот на минималната плата беше политички мотивирана мерка, предизборно ветување. Дури и се водеја дискусии дали воопшто економијата може да го поднесе таквото зголемување во услови кога економската активност се движи во границите на рецесија поради политичката криза и недостатокот на инвестиции.

Така да ваквиот раст на просечната плата е очекуван и никако не е поврзан со економските реформи на СДСМ, туку е предизвикан едноставно од една политичка одлука.
До сега секој раст на просечната плата беше резултат на растот на платите и примањата во горните, побогати слоеви на општеството, кај една група привилегирани граѓани.

Она за што никој не зборува е тоа како да се намали јазот во примањата помеѓу овие две групи на граѓани, кој што постојано се зголемува и е еден од највисоките во Европа. Кај нас зголемувањето на платите во јавниот сектор, јавната администрација и понатаму се главен двигател кон растот на просечната плата.
Во нормална држава ваквиот раст се случува природно, под влијание на законите на економијата, со растот на активноста во реалниот сектор, приватните компании и индустријата треба да бидат главен двигател за растот на платите во државата. Задача на владата тука е само да се грижи да се спроведуваат законите, да стимулира и да интервенира по потреба, не да се меша директно.

Ова на Сдсм е само мачкање очи на народот, е само еднократна мерка. За вистински раст на стандардот ќе треба многу повеќе од ова.
Како не може економијата да го поднесе, газдите на текстилците и слични ним со џипови и коли од 100к еур се паркираат пред фабрика, па не можеле да поднесат зголемувања.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Како не може економијата да го поднесе, газдите на текстилците и слични ним со џипови и коли од 100к еур се паркираат пред фабрика, па не можеле да поднесат зголемувања.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Како не може економијата да го поднесе, газдите на текстилците и слични ним со џипови и коли од 100к еур се паркираат пред фабрика, па не можеле да поднесат зголемувања.
Тие можеби не се засегнати толку од тоа, зборувам за големите и средни претпријатија. Меѓутоа малите фирми со по 5-10 вработени кои што остваруваат помали приходи потешко ги поднесуваат ваквите издатоци. Затоа и имаше нели најави за владина помош на некои фирми со државно финансирање. Меѓутоа тоа е друга тема за тоа кои фирми ја добија таа помош и дали некој воопшто и ја доби.

Еве некои мали претријатија во ваква ситуација кога државата директно му се меша во есапот се принудени, за да ги дадат тие 200€ да кратат на трошоци. Или да избркаат некој од вработените, или да ги прекинат планираните инвестиции, да ги скратат давачките за придонеси, да ги осигураат на скратено работно време...
Како и да е, ваквата мерка директно се одразува врз растот и развојот на малите и некои средни претпријатија, бидејќи значи дополнителни трошоци. Тука зборуваме од економска гледна точка, не од морална. Сите сакаме минимална плата од 1000€ но едно се желбите а друго можностите на економијата.

Факт е дека платата од 200€ на СДС не беше економски издржана, повеќе спаѓа во доменот на популистички мерки. Тие ако сакаа да го кренат прагот за минималната плата требаше да почекаат година две економијата да се стабилизира па дури после да се размислува за такви мерки. Истата да се корегира согласно растот на економијата и растот на трошоците на живот. Тука има еден куп микро и макроекономски индикатори кои што треба да се следат.
Да се прати растот на стопанството по сектори, инвестициите...со други зборови владата треба да му овозможи клима на претпријатијата низ реформи и законски решенија самите тие да дојдат до тоа ниво за да може минималната плата да се зголеми.

Инаку за ова со газдите и џиповите. Сеуште имаме високо ниво на невработеност затоа си играат со работникот. Да видиш при невработеност од 3% и недостиг на работна сила како ќе се сменат работите. Моментот кога слободно ќе можеш да мигрираш од една фирма во друга со подобри услови. Кога газдите ќе се натпреваруваат да овозможат што подобри услови и плати за да ги задржат и привлечат работниците.
Кај нас законите се спроведуваат селективно. Тоа некогаш е и поголем проблем, условите за работа, од колку тие 2000 денари плус плата.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Што да објаснувам не вреди тие се комунистички (социјалистички) комплекси на нижа вредност и љубомора во основа човечки недостатоци на карактер.
Може малце да се смириш, не ми треба психоанализа и меме сликички.

Убаво те снема еден период.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
http://plusinfo.mk/левиот-шампион-тевдовски/
Ова со новиот персоналец за „богатите“ навистина е наивно левичарење. Ваквите палијативни мерки ќе поттикнат даночна евазија и убеден сум дека фискалниот ефект ќе биде далеку под очекувањата.
Напишано од
Бранко Героски

Сега излегува дека секој втор се жали.
Ако платите биле реален просек 250 евра, ако наводно само 2% имале над 40000 плата, чудно како толку луѓе одеднаш се против овој данок. 60000 месечно нето во Македонија... :confused:
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Премногу време се губи на дискусија за прогресивен данок на доход кој реално нема да има никаков ефект на буџетот. Данокот на доход мислам дека носи нешто по 15% од јавните приходи. Ако стварно 2% земаат над 1000 евра, прогресијата од 18% за сумата над 1000 евра апсолутно нема ништо да смени. Штета што немаме сериозни новинари кои ќе направат сериозна анализа кој ќе бидат јавнит приходи од оваа мерка и ќе ја срушат уште во сам старт.
За мене многу позначајна е политиката на поврат на ддв која мислам дека реално ќе допринесе за зголемување на буџетските приходи. Надвор од Скопје ретко кој плаќа ДДВ, па ваквата мерка која ќе ги поттикне потрошувачите сами да бараат фискални сметки ќе допринесе да се зголеми наплатата.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.751
Мене само не ми е јасна таа формулација над 1000 евра? Месечно? Кој става месечен доход како основа за прогресивно/било какво оданочување? Многу пологично е да се постави граница на годишно ниво и на тој начин да се утврдува кој колкава стапка ќе плаќа. Може некое лице во два месеци ќе оствари над 1000 евра, а во другите десет месеци 0 евра. Тоа не може да биде во никој случај лице кое треба да подлежи на даночна прогресија, нема никаква економска оправданост. Месечниот доход е премногу краткорочен елемент за да се зема како основа на прогресивно оданочување.

Всушност и самиот доход е краткорочен елемент, за да се направи темелна реформа и вистинско повисоко оданочување на богатото население треба прогресивно да се оданочува богатството. Еден човек ако поседува 7 коли кои вредат по 100 000 евра, 4 куќи и три стана, тој е неминовно богат, сосема е небитен неговиот тековен доход.

Инаку иронично е од една страна што до некни се зборуваше за огромна нееднаквост, социјална неправда и не знам што и сега наеднаш се бунат против прогресивното оданочување. Може да се критикува формата и содржината, ама во никој случај самата идеја која е оправдана.

Во колумната која што ја стави @Lurtz се гледа оваа иронија. Мене ми е океј тоа што Героски сака да покаже дека ја критикува и оваа власт, ама од преголема желба да докаже некоја си политичка неутралност треска глупости на тема која реално треба да се тргне од политиката. Мене ми е многу битно овој новинар да каже кој е тој експерт што му сугерирал дека покачувањето на ДДВ ќе биде многу подобра мерка, баш би сакал да слушнам како покачувањето на овој данок кој што е регресивен по својата природа, со чие покачување сиромашното население ќе премине во бедно ќе и помогне на економијата во нашата држава.

Можда се збунил овој па експертите да му рекле дека треба да се подобри наплатата на ДДВ што е основа за зголемување на приходите во буџетот. Тоа држи вода, ама зголемување на ДДВ бе :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom