Економска политика на Македонија

Член од
7 август 2011
Мислења
4.972
Поени од реакции
15.250
http://24vesti.com.mk/vladata-razmisluva-za-privatizacija-na-mzh-transport
Мошне социјал демократски :pos:
Железница е чисто јавно добро во мк и не постои приватњак што би стопанисувал со железницата. Нула профит. Целта треба да им биде да ја сведат на што помала загуба, а не да размислуваат ко да сме германија.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.745
Поени од реакции
25.165
http://24vesti.com.mk/vladata-razmisluva-za-privatizacija-na-mzh-transport
Мошне социјал демократски :pos:
Железница е чисто јавно добро во мк и не постои приватњак што би стопанисувал со железницата. Нула профит. Целта треба да им биде да ја сведат на што помала загуба, а не да размислуваат ко да сме германија.

cekaj koga ke ja poklonat na nekoj sto ke gi sitne prugite za staro zelezo a narodot ke go ubeduva deka nema potreba od zeleznica posto si imame koli... ne zaboravaj ovaa partija odlicno ja sprovede privatizacijata bas na toj nacin. znaat oni ubavo, smej se sega samo da ne bide na kraj placenje
 
B

Bafra

Гостин

Многу добро решение а и уште подобар доказ Државата е лош менаџер. :D
Плус како да се рани 180.000 администрација и лапне провизија ... Нема веќе автопати мора други извори да се наоѓаат.

Јас сум се што е во државна сопственост кога веќе не не бива (корумпирани и глупи) раскрчми па кој му е*е матер.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.329
Поени од реакции
15.588
cekaj koga ke ja poklonat na nekoj sto ke gi sitne prugite za staro zelezo a narodot ke go ubeduva deka nema potreba od zeleznica posto si imame koli... ne zaboravaj ovaa partija odlicno ja sprovede privatizacijata bas na toj nacin. znaat oni ubavo, smej se sega samo da ne bide na kraj placenje
Мж транспорт е превозникот, не инфраструктурата.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.972
Поени од реакции
15.250
Не сакам да звучам ко партиско гласило затоа чекам да искочи нешто за критика да постирам.
Неколку ствари што ми искочија деновиве:

1. Кочо ги укина царините за акомулатори, а сеуште нема збор за странскиот инвеститор што го најавуваше. Во моментов само он е ќар од укинатата царина ама ај да оставиме простор за преговори. Јас сум скептик. Ако има вистина во тоа дека пољаците ќе отвараат фабрика за електрични автобуси треба град скопје да почека со набавката на истите, па да проба да издејствува некоја поволна цена од нив, а не да купува кинески бусеви од бугарски фабрики. Мада да повторам мене ми смрди на типичен булшит ова со пољаците.

2. Прошлава недела најавија 81/82 милиони странски инвестиции и 1500/1600 вработувања од истите. Дур не се започне со реализација на инвестицииве ги рачунам ко вмровски пиар.

3. Во штип ќе се гради и обвнови водоводната мрежа за сума од 20 милиони евра во следните три години, со средства обезбедени од ИПАРД програмата. Капиталната инвестиција не е воопшто значајна за економијата во целина, ама ми се допаѓа насоката на движење. Моменталнава власт има поголема способност, и пред се има поголема воља кај странците да даваат пари за вакви проекти. Сам по себе проектот не е голем, ама ако се соберат неколку слични проекти годишно ќе се акомулира поголема сума која и те како е важна за градежната индустрија.

4. Горивата се намалуваат за 2.5 денари во следните 14 денови. Ова се должи на сеуште слабиот долар (иако имаше мал раст) и намалувањето на цената на нафтата и нафтените деривати. Ова го ставам тука, иако не е поврзано со економската политика на Македонија, за да доловам колку беше смешна дискусијата дека покачувањето на акцизата ќе доведе до огромна инфлација. Цената на нафтата варира постојано за суми многу поголеми од три денари, колку што е акцизата.

Прашање: Дали знаете каде може да се најдат и да се аплицира за државни грантови модернизација и надградба на МСП, ако воопшто може? Најдов грант од УСАИД и го прекинаа проектот ради тоа што се поклопувал со проект на Владата, а не можам да најдам каде може да се аплицира.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.349
Поени од реакции
21.733
1. Кочо ги укина царините за акомулатори, а сеуште нема збор за странскиот инвеститор што го најавуваше. Во моментов само он е ќар од укинатата царина ама ај да оставиме простор за преговори. Јас сум скептик. Ако има вистина во тоа дека пољаците ќе отвараат фабрика за електрични автобуси треба град скопје да почека со набавката на истите, па да проба да издејствува некоја поволна цена од нив, а не да купува кинески бусеви од бугарски фабрики. Мада да повторам мене ми смрди на типичен булшит ова со пољаците.
Секако дека смрди на булшит. Да не беше булшит царината за акумулаторите ќе ја укинеа откако инвеститорот ќе имаше реална потреба од укинување, а не сега, кога се уште нема ни официјални преговори, а камо ли отворање на фабрика.

2. Прошлава недела најавија 81/82 милиони странски инвестиции и 1500/1600 вработувања од истите. Дур не се започне со реализација на инвестицииве ги рачунам ко вмровски пиар.
Сѐ тоа океј, но речиси сите инвестиции што ги најавија се договорени од претходната влада. Некои од нив веќе работат. Ваквото лажење и китење со туѓи перја, претставувајќи ги туѓите инвестиции како свои, за жал е многу полошо и победно од вмровски пиар.

- Германски Кеслер отвора фабрика во Македонија од областа на електромашинската индустрија
- 1.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: „ВИК“ влегува во Македонија
- Германската компанија „Костал“ ќе инвестира 50 милиони евра за фабрика во Струга
- Ќе се вработат 200 лица - „Чагатај кабло“ во јули почнува со изградба

3. Во штип ќе се гради и обвнови водоводната мрежа за сума од 20 милиони евра во следните три години, со средства обезбедени од ИПАРД програмата. Капиталната инвестиција не е воопшто значајна за економијата во целина, ама ми се допаѓа насоката на движење. Моменталнава власт има поголема способност, и пред се има поголема воља кај странците да даваат пари за вакви проекти. Сам по себе проектот не е голем, ама ако се соберат неколку слични проекти годишно ќе се акомулира поголема сума која и те како е важна за градежната индустрија.
И ова ли го прикажуваш како голема победа на актуелната влада? :D

Не се работи за никаква поголема способност на владата, странските донации се редовна практика за финансирање на земји во развој. Без разлика кој е на власт, пари од странците секогаш имало и ќе има.

4. Горивата се намалуваат за 2.5 денари во следните 14 денови. Ова се должи на сеуште слабиот долар (иако имаше мал раст) и намалувањето на цената на нафтата и нафтените деривати. Ова го ставам тука, иако не е поврзано со економската политика на Македонија, за да доловам колку беше смешна дискусијата дека покачувањето на акцизата ќе доведе до огромна инфлација. Цената на нафтата варира постојано за суми многу поголеми од три денари, колку што е акцизата.
Пазарната цена на дизелот може да варира колку сака, но тоа не го менува фактот дека акцизата, како нова непотреба давачка за цедење пари од народот, е дополнителен товар без разлика колкава е моментално цената на нафтата на пазарот.

Стварно не разбирам како може да правдате и релативизирате нови давачки наметнати од државата кои се донесени исклучиво за полнење буџет и финасирање на партиски куртони и паразити во администрација. :toe:
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.972
Поени од реакции
15.250
@Con Artist ај вака:
1. Се согласуваме не знам зошто си цитирал воопшто. Првичната идеја за укинување на таа давачка е за кочо да оствари ќар, па после све друго. Ако дојдат пољаците ок, ако не нека си ја вратат царината.
2. Ако пола се на прошлата влада, значи другата половина се на оваа. Со тоа што денес, нема спам по медиуми како што имаше во минатото. Па на овие четири линкови што си ги постирал бројката достигнува 3000 вработувања :pos: Тоа ако не е пр не знам што е. Како и да е, дур не почнат да работат фабриките не верувам, поучен од минатото кога по десет пати се најавуваа инвестиции што не се случија.
3. Читаш што пишувам или само да се цитираш. Ти викам сумата е ништо за економијата во целина, ама тој грант не е единствен, туку има уште редица други. Ќе сумираме на крај на годината дали ова било како и сите години и влади или грантовите биле највисоки во историјата на Македонија. Си пишав убаво клучна е желбата странците да дадат пари на моменталнава гарнитура, па после е се друго. А за тоа дека се поспособни да дојдат до странски пари, верувај дека се. Ако за нешто ги бива нџо вошките во влада, тоа е аплицирање и реализирање на грантови.
4. Пак не ме читаш. Воопшто не дискутирам дали акцизата е добра или лоша давачка. Кога таа се најави цвикавте тука дека ќе предизвика инфлација без притоа да анализирате кој е нејзиниот удел во цената. Нафтата варира постојано за суми поголеми од 3 денари. Тие што работиме приватно и користиме комбиња и сл знаеме дека нејзиниот удел во цената на нашите добра и услуги е премал за сама по себе да доведе до инфлација.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.349
Поени од реакции
21.733
2. Ако пола се на прошлата влада, значи другата половина се на оваа. Со тоа што денес, нема спам по медиуми како што имаше во минатото. Па на овие четири линкови што си ги постирал бројката достигнува 3000 вработувања :pos: Тоа ако не е пр не знам што е. Како и да е, дур не почнат да работат фабриките не верувам, поучен од минатото кога по десет пати се најавуваа инвестиции што не се случија.
Со муабетиве веќе навлегуваш во класично мерење куреви, правејќи споредби на која власт ѝ бил (или ќе ѝ биде) поголем. Искрено, it's not my cup of tea. Така да, да не губиме време во непотребно натегање, мојата забелешка конкретно се однесуваше на циганскиот пиар на актуелнава влада.

Онакво лажење и китење со туѓи перја, претставувајќи ги туѓите инвестиции како свои, и тоа на прес-конференција пред новинари, а подоцна и спамирано низ сите електронски и тв медиуми, е прилично очаен и мизерен потег, да не речам ѓупски. Но кога ќе ми текне дека таквото ѓупско однесување и лажење им е редовна практика откако се на власт, и не ми е така чудно.

Инаку, да не ме сфатиш погрешно, ги поддржувам инвестициите, без разлика колку се, и дајбоже во иднина да има повеќе.
 
B

Bafra

Гостин
Овде те цитирав ради линкот за ништо друго ;)

Историјата изгледа ќе се повторува.
Дали парите од 2иот столб со притискање на копче можат да завршат во друга земја, нешто слично ко депозитите пред 25+години :D
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.972
Поени од реакции
15.250
http://www.mrt.com.mk/node/47147
Нешто позитивно од вчера.
Овде те цитирав ради линкот за ништо друго ;)

Историјата изгледа ќе се повторува.
Дали парите од 2иот столб со притискање на копче можат да завршат во друга земја, нешто слично ко депозитите пред 25+години :D
Целиов пензиски систем е трагедија. Идејата на вториот столб е измочана од керамиди со тоа што најголем дел од портфолиото е во државни обврзници. Фактички иаме втор столб од кој се полни буџетот од кој се финансира првиот столб :pos:
Ако вака планираат боље нека го вратат едностолбениот пензиски систем, нема потреба од тростолбен кога го изигруваат. Џабе плаќаат провизии луѓево.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
http://www.mrt.com.mk/node/47147
Нешто позитивно од вчера.

Целиов пензиски систем е трагедија. Идејата на вториот столб е измочана од керамиди со тоа што најголем дел од портфолиото е во државни обврзници. Фактички иаме втор столб од кој се полни буџетот од кој се финансира првиот столб :pos:
Ако вака планираат боље нека го вратат едностолбениот пензиски систем, нема потреба од тростолбен кога го изигруваат. Џабе плаќаат провизии луѓево.
Треба да дозволат поагресивно вложување од втор и трет столб. Вака во право си пари од втор и трет сполб пак се од државата. Првиот столб е катастрофа. Нормално сега зборуваат за зголемување на старосна граница за пензија. Немаат никаква обврска кон идни пензионери...може што сакаат да прават старосни граници да менуваат пензии да намалуваат итн. Јас лично би сакал да има опција да излезеш од пензиски систем и сам фонд да си правиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom