Економска политика на Македонија

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Владата веќе размислува за покривање на дефицитите со странски позајмици и зголемени даноци.

Рада И. Маневска ● 13:13 25 октомври 2017 ● Прочитано 2924


Измената на даноците нема да биде на штета ниту на граѓаните ниту на бизнисите, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска на отворањето на саемската манифестација „Технома“.

- Било какви измени на даноците да се донесат ќе бидат во прилог на граѓаните и стопанствениците и нема да се случи без поширока расправа за што целата јавност ќе биде навремено информирана – изјави Анѓушев на констатацијата дека стопанствениците и граѓаните веќе реагираат дека не се консултирани за овие предлози и дека некои од нив ќе бидат дополнително оптоварување за нив.

Владата разгледува опции за интервенција во насока на фискална консолидација. Се бара начин како и од каде да се покрие хроничниот недостиг од пари, но и да се покријат долговите направени од претходната влада. Се размислува за поволни странски позајмици во комбинација со зголемување на даноци. Во консултација со експерти веќе се разгледуваат повисоки придонеси, повисок данок на добивка, па дури и повисок данок на додадена вредност.

Експерти кои се вклучени во изнаоѓењето решенија веќе најавија дека се размислува за зголемување на ДДВ за 2 до 3 отсто со што би се обезбедил добар прилив на пари во буџетот, а последиците би биле минимални бидејќи би се зголемиле цените на некои производи, а други би останале на исто ниво.

Од Министерството за финасии во кое се води дсикусијата за идните промени во даночната политика за Плусинфо пак изјавија дека не се размислува за промена на стапката на Данокот на додадена вредност.

Од таму додаваат дека до крајот на годината ќе се отвори јавна дебата за евентуално воведување на прогресивна стапка за персоналниот данок на доход.

http://plusinfo.mk/vest/131454/angjushev-promenata-na-danocite-nema-da-bide-na-shteta-na-gragjanite-i-biznisite

Олигархија го скрои планот а ти народе се има да платиш..
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.696
Vo slabo kontrolirani državi...pokačucanjeto na danocite vodi kon danočna evazija...i budzetot ke strada.
Sega veće ke se isplati da krieš danok.....sumata e pogolema
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Vo slabo kontrolirani državi...pokačucanjeto na danocite vodi kon danočna evazija...i budzetot ke strada.
Sega veće ke se isplati da krieš danok.....sumata e pogolema
А бе данок колку ќе скриеш, се има да поскапи ако ддв поскапи.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.042
Поени од реакции
19.612
Во консултација со експерти...
Експерти? :pos:

Експертите се всушност некои од типот на Бранче шашавиот ленинист од Левица, бидејќи само на такви идиоти може им текне дека повисоки даноци, давачки и еден куп други регулативи може да бидат корисни за развој на бизнисот и претприемништвото.

Малку беа груевистичките даноци и давачки, сега требало уште поголеми да има.

Наместо да ја ослободат економијата од прангите на државата, да намалат даноци, регулативи, цена на поштенски и царински услуги, за да може секој еден достојно и чесно да си го заработи лебот, тие ќе земаат од способните и успешните, за да им дадат плати на неспособната Твитер администрација кои се изнапикаа како вошки во Влада, без конкурси, без ништо, како и за шестиот ешалон штабски овци и паразити кои ќе се исповработат после локалниве избори.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Тоа е Животот во Македонија не е ефтин а пуни се со кредити и долгови...очекувано...да скратеа на трошења ќе ме изненадеа.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Не можи да скратат, односно можат кај што е најтенко кај грците на пример им ги намалија пензиите за 7 проценти, данокот на добивка од 27.5 на 55 проценти. Кај хрватите ддв од 18-19 на 21 или 23 проценти не се сеќавам добро. Сега сме ние на ред...

Бонус видео на млад хрватски политичар и негов говор во Саборот хрватски, немаме ние таков.

[DOUBLEPOST=1508948222][/DOUBLEPOST]Изборот е помеѓу змијата и магарето :icon_lol:.

Да кратат да оданочуваат повеќе, или да печатат пари и хиперинфлација, како и да е го кркавме :icon_lol:.
 
Последно уредено:

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Владата веќе размислува за покривање на дефицитите со странски позајмици и зголемени даноци.

Рада И. Маневска ● 13:13 25 октомври 2017 ● Прочитано 2924


Измената на даноците нема да биде на штета ниту на граѓаните ниту на бизнисите, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев,.
Haha muabetov ....nemozam vise:pos:

Emi na koj more..na steta na imigrantite li ke bide? Koi klovnovi ni ja vodat drzavata..koj eban cirkus sme nie!
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.648
Поени од реакции
1.538
Една од првите мерки на Груевски беше намалувањето на данокот од 18% на 5% за компјутерските делови, што влијаше позитивно на цените на компонентите (со исклучок на ССД дисковите). Големото ДДВ е нешто што ја кочи продажбата и ја уништува конкуренцијата, многу луѓе си прават шопинг во Солун и си имаат поврат на ДДВ. Ова е најголемата причина зошто производите во Европа се многу поскапи од тие во САД.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Уште една честитка не почекаа ни вториот круг избори да заврши, многу се брза лоша работа.

Во кои општини ќе „скокне“ цената на водата и за колку?

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2017



inShare

Триесет Јавни претпријатија од целата Maкедонија чекаат од Регулаторната комисија да им одреди која е максмалната, а која е минималната цена по која може на граѓаните да им ја наплаќаат водата за пиење.

Барања на јавните претпријатија со предложени цени се веќе доставени. Денеска заврши рокот во кој засегнатите страни можеа да поднесат жалби, но засега тоа никој не го сторил, велат од Регулаторната комисија за енергетика за телевизија 24.

Во Врапчиште, Дебар, Босилово, Тетово, Брвеницца, се бара цена од 11 до 18 денари за метар кубем. Во Скопје Желино, Кавадарци, Гостивар, Долнени, Киќевио, Неготино, цената се движи од 20 до 28 денари. Во населбата Илинден, потоа во Битола, Ресен, Радовциш, Прилеп, Виница, Струга, Куманово и Берово, се предлагаат цени од 30 до 39 денари за кубен метар. Пробиштип, Струмица, Охрид, Свети Никлоле и Велес од 40 до 45 денари за метар кубен, додека најскапа е Кочани од 55 денари за метар кубен.

http://faktor.mk/vo-koi-opshtini-kje-skokne-cenata-na-vodata-i-za-kolku
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

Министерот Тевдовски (д.) најави можност за издавање еврообврзница

Догодина можна еврообврзница

Во игра е и засилување на задолжувањето на странските пазари. Министерот за финансии Драган Тевдовски неодамна во интервју за Блумберг најави и можност за издавање еврообврзница во текот на 2018 година. Ова, според него, е една од опциите за покривање на тековните трошоци и дефицитот кој според плановите треба да се намали на 2,9%.

Експертите сметаат дека власта треба да размислува на подинамично задолжување на странските пазари, каде условите стануваат поповолни, но предупредуваат парите доминантно да се насочуваат кон стопанството и негова поддршка, не само за креирање работни места, туку и за зголемување на платите.

Дека на македонската економија ѝ се потребни серија мерки за подобрување на состојбите сугерираше и Меѓународниот монетарен фонд. Минатиот месец тие препорачаа подобрување на ефикасноста во наплатата на даноците, зголемување на старосната граница за пензионирање, поскапување на горивата. Власта тогаш изрази подготвеност за примена на дел од мерките, но нагласи дека не размислува за промена на условите во делот на пензионирањето.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
233
Поени од реакции
93
Чекај нели ќе имавме намалување на ддв-то за 15%.:icon_lol:
Овие се најпреваранти до сега. Ќе си го бараме вмро ние. Не дека тие беа сјајни ама овие се катастрофа

Кочо сам си дели тендери.
Се закануваат на луѓе
Пуштија еден куп криминалци.

Еб*ти животот. Економијата е урнисана.

Уште штерјо да ни го вратат и пак да биде закон во државава и мислам се ќе се заврши.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Чекај нели ќе имавме намалување на ддв-то за 15%.:icon_lol:
Овие се најпреваранти до сега. Ќе си го бараме вмро ние. Не дека тие беа сјајни ама овие се катастрофа

Кочо сам си дели тендери.
Се закануваат на луѓе
Пуштија еден куп криминалци.

Еб*ти животот. Економијата е урнисана.

Уште штерјо да ни го вратат и пак да биде закон во државава и мислам се ќе се заврши.
Ќе има ќе збираш фискални и некаде 1-3% од сумата ќе ти вратат на крајот на годината...зависи од стапката на ддв или дали е луксуз. Плаќаш, собираш, пресметуваш па ти враќаат на крај...ала лајонесс...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.696
Еве да вмешам гола политика во оваа тема(оправдано). Од тезите на Грујо штоќе следи во македонија, ова е веќе првиот зицер кој го погоди-покачувањето на даноците.

за другите овде не е тема за пишување...мислам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom