Економска политика на Македонија

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263

Нови 600 милиони евра за пругата :pos::pos::pos::pos:
Скенирај македонче, плачи за вода по болниците, моли за кислород, брани ги Зајко и Мицко, важно за пругата која ја НЕМА, сме потрошиле:
Б.Ц. - 200 милиони евра
Грујо - 500 милиони евра
Заев - 600 милиони евра

Машала, машала, а од пругата само трасата досега е направена.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.360
Поени од реакции
19.913
Македонската економија и официјално во рецесија
Првично проектираниот пад на економијата од 3,5 % народната банка го ревидираше на пад од 4,9% во последните макро економски проекции.

Ова според гувернерката на народната банка се должи на послабите остварувања во првата половина на годината и оценките за побавно закрепнување во втората половина, поради вториот бран на пандемијата. Падот на економијата всушност ќе се случува во целиот свет, така што и ММФ го ревидираше падот на глобалната економска активност на 4,4 % за годинава.

Најголем пад од 13% се бележи кај бруто инвестициите заради намалените странски директни инвестиции како и послабиот интерес на домашните инвеститори. Но пад има во сите клучни сектори. Личната потрошувачка бележи пад од 4%, Извозот е проектиран со пад од 11,7% а заради послабата потрошувачка се очекува пад и на увозот од 12% како и пад од 26% на дознаките од странство односно на парите кои како девизи ги праќа дијаспората.

На среден рок народната банка предвидува постепено, но поумерено закрепнување со стапки на раст од 3,9% следната година, 3,6% во 2022 и 4% во 2023 година. Ова значи дека ќе бидат потребни 2 години за економијата да се врати на преткризното ниво..

Во исто време и државниот завод за статистика објави дека БДП за третото тромесечје изнесува -3,3% со што Македонија влегува во рецесија бидејќи по вториот квартал кој беше 14,9% во минус сега има два последователни квартала во минус.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Не само кај нас, туку и во светот - пристапот кој се тера е одржување на зомби компании и економии на апарати. Вистинскиот резултат ќе го видиме штом прекинат субенциите за плати ;)
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Фино интервју кое ги детектира дел од забанциите во економијата
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.334
Не знам дали е соодветно видеово за темава ама добар документарец од АРТЕ за текстилната индустрија и условите на Балканот и Македонија:

 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263

Академик Фити вели дека инфлацијата не треба да не плаши. Цените на храната и на суровините во светски рамки се очекува да почнат се стабилизираат веќе од јули. А за инфлаторниот притисок има ефикасни механизми тоа да го контролира Централната банка.
Да да секако дека има ефикасни механизми. Историски докажано е дека НЕМА, иско како што видовме дека нивните механизми со години претходно не успеваа во подигнување на инфлацијата.

Владата да го стегне ременот и да намали со трошење за автомобили, мебел и се она што не е продуктивно. Академик Таки Фити, покрај намалување на расходите, на Владата и препорачува, за стабилизирање на финансииите, благо да зголеми некои даноците.

Раст на ДДВ не треба да има зашто тоа ќе го погоди најсиромашните. Но за повеќе пари во буџетот потребна е блага прогресија на персоналецот, на данокот на имот, а треба да се размисли и за еколошки данок, кој веќе го има во развиените земји.
70% од трошењата на владата се непродуктивни, ама никако да се прекинат тие трошења.
Нормално ќе бараш поголеми даноци, повеќе да се земе од народот, кога цел живот се богатиш од државната чешма. Сега и ќеркичката си ја намести од таа чешма да си полни.
Лесно е да е*аваш народ, кога без проблем и без казна, им ги е*еш ќерките на факултет.

Оправдување за дефицитите и за празнење на буџетот, секако ќе е короната. Реално ниту потрошија нешто повеќе во здравството, а и тоа што го потрошија, се видоа резултатите.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Тие ќе зборуваат дека треба да ги намалат трошоците на државниот апарат, но тоа е така оти мора и тие нешто да придонесат, во случајот намалување на трошоците, за да побараат зголемување на цената на струјата (као поради зелени инвестиции во енергетиката) или зголемување на даноците (као поради социјална еднаквост). Струјата и даноците ќе ги кренат секако оти тоа им е најлесно. А за намалување на трошоците тоа не можат да го испорачаат освен малку шминкерски и со помпа. Државниот апарат е со фабричка грешка. Тие во старт грешно се регрутирани и вработени. Ниту сакаат ниту можат да подигнат продуктивност таму. Јас мислам дури и напротив, ако им го олабавиме каишот тие уште ќе привработат. Така што оштро против нив за ваквите предлози! Нека испуштат све непродуктивно, рамковно, некадарно, нека укинат полно агенции до преклопени надлежности... И ако навистина направат тоа и се покажат сам ќе им дадам повеќе за данок. Вака како што е цело јато апаши на едно место, јок!
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
А, да земат да ја укинат глупоста наречена данок на имот?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Долгот е голем но не е толку голем за да го уништи растот. Ако се задржи на ова ниво или успеат да го намалат ќе тера мк уште нагоре. Инфлацијата е надворешна и ќе забави. Но проблем се долговите на д јужуал саспект ПИИГС...ако рипнат бондс ќе има повторно 2012 та...можно сценарио.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Оф леле :) Штимање има кај некои помалку важни информации, но во клучните економски параметри? Дали е штимање или грешка ќе видиме деновиве. На толку фалење на Битиќи добро е што некој проверил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom