Економска политика на Македонија

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Да де екстра е он, да го донесат ама откако ќе се вратат сите пари што се украдоа у негово време како пратеник (транзиција) и у време Грујово. Па после да видиме дали ќе има потреба од зголемување на данок или ќе има доволно пари за субвенции за штрафчиња како што вика он. Сите стручњаци свесно и намерно го прескокнуваат проблемот со дефицитот и што треба да се направи за да се среди тоа, и одат кон полесната варијанта - даночни корекции. Никој да каже, чекајте луѓе данокот на крај. Прво потекло на имот, второ судски процеси за секој украден денар од буџет, судски процес за транзицијата (не ме занима дали Бранко донел закон дека е легална), укинување на државен интервенционизам до даљнег, пребројување и укинување на непотребната администрација, ревидирање на сите постоечки договори за набавки со пари од буџетот. ПООООООСЛЕ можеме да збориме за даноци.
За средување на распашаната команда што е на државна цицка се покажа многу добро, после првото владеење на грујо, кога беше само министер.
А и го имаат прашано, ама кажа дека нема да се прифати, бидејќи знае колку е заебана работата.
А за враќање на украдени пари, треба некој со железна рака у стил на грујо, само со шмек на Тито т.е да гледа за народот, бидејќи ако се чека на политичарите, гледаат само за избори.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
од "Економска политика на Македонија" само сврзникот "на" може да се коментира во темава
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.070
Поени од реакции
11.435
Прогресивниот данок ќе донесе до 40 милиони евра плус во буџетот, велат експертите

Класичен пример како фунционира мозокот на „економисти“ во јавна управа кои никогаш не виделе како изгледа реалниот свет:
-Колку пари собравме лани од персоналец од 2% од најплатените вработени ?
-40 милиони евра.
-Епа ај ќе им ја дуплираме стапката на данок и ќе собереме дупло следната година.

Wroooong. Само ќе ја зголемат даночната евазија, барем во ова интернет време има 1000 начини да се снајдеш за да не се пријави и таа основица што до сега се се пријавувала. Или да се отвори нерезидентна сметка кај некој од комшиските народи и да се плаќа 10% на туѓа држава, наместо 18% на оваа. Или да го плаќаат ИТ кадарот во криптовалути. Или...

Друго прашање е како тоа на камата на депозит не се плаќа ич данок, има народ што зема илјадници евра секоја година по овој основ, може да се стави и таму праг над кој ќе мора да се плаќа барем 10% данок.

Така да едиствен сигурен ефект што ќе се постигне ако помине оваа мерка е бркање во странство на се што има барем 2 сиви келии во глава, и така најзасегнати со ова се инжинери и доктори (наводни богаташи со 1.xxx евра плата).
 
"Експертите објаснуваат дека прогресивното оданочување всушност ќе го опфати збирот на сите приходи на даночниот обврзник по сите основи, и од земјата и од странство, а данокот ќе се плаќа на бруто основица"
Ова значи дека фирмите сега ќе плаќаат повеќе данок и лош сигнал за странските инвестиции што сакаат да плаќаат добри плати.
1200е бруто е за плата од 800е, ко ќе се направи пресметка ќе излезе дека во Македонија ќе останат да доаѓаат фирми што ќе даваат мизерни плати што значи тешко да ќе пркне cash-flow-то во економијата.
Или со други зборови, вадете побрзо ЕУ пасош и надвор од тука, пошто се што прават е повеќе спрепки наместо повеќе слобода.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Проблеми со финансирањето на македонски фирми имаат 20 години монопол на работниците во мкд, а резултатите се мизерни плати, скоро никаков извоз, скоро сите увезуваат и ствараат само посиромашно население.
На нашата економија и требаат 20-30 странски фирми што ќе вработуваат 1-5000 луѓе и со тоа ќе се решат проблемот на Намалување на вработеноста тоа ќе повлече качување на плата во приватен сектор тоа ќе повлече помалку зависност на луѓето од партијата и менување на власта кога ќе сакаат т.е власта ќе сериозно да се занимава со проблемите на луѓето.
А за во нашата економија да дојдат 20-30 странски фирми треба да се среди судството и инспекцијата т.е да функционираат според закон и да бидат регулација на правната држава, а не орудие на властите.
Џабе се сите мерки и мачкање на очи, тоа може само 2-3% да поправи нешто, а сериозни и тектонски поместувања на економија се со средување на судство и инспекција.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
кога го предложија, кога го донесоа
Oд денеска плаќање во кеш само до 2.000 евра
Граѓаните од вчера можат да исплаќаат или примаат пари во кеш во вредност до 2.000 евра. Сè што е над оваа сума ќе мора да помине преку банка или штедилница. Претходниот износ за плаќање во готовина беше 15.000 евра.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588

Малку ни е, нека не бричат на суво. И после турско нечинело, арач збирале турците. Од овие јаничари овде кај нас не може полошо. Даноци по триста основи, уште за воздух немаат воведено. Вакви работи најлесно е да ги воведеш, само ти требаат куп продадени будали кои што ќе дигнат рака. Збирај готови пари, ни труд ни пот, нека крца јавната администрација.
Петсто евра кога? Или за тоа треба некој да засучи ракавите и да сработи нешто.
Ова ти е легална кражба на народот. Една крнтија некој да купи од '99та ќе треба сега данок да плати.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
кога го предложија, кога го донесоа
Oд денеска плаќање во кеш само до 2.000 евра
Граѓаните од вчера можат да исплаќаат или примаат пари во кеш во вредност до 2.000 евра. Сè што е над оваа сума ќе мора да помине преку банка или штедилница. Претходниот износ за плаќање во готовина беше 15.000 евра.
Оваа забрана важи за плаќањата кои ги прават и физичките, но и за правните лица. Плаќањата ќе мора да бидат регистрирани во платниот промет што значи дека ќе бидат оданочени.

„Во насока на намалување на сивата економија се намалува износот на забрана за вршење на готовински плаќања од 15.000 на 2.000 евра ова е исклучиво во насока на намалување на сивата економија“.

Не можам да сфатам како ќе се намали сивата економија. Ова се однесува на официјални плаќања пропратени со документи. Јас како што знам во сива економија нема документи, така да :toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Не сум приватник и не знам како ова ќе се одрази на правните субјекти. Треба да се види што точно содржи оти мала ми е сумата некако, дури и за физички лица.
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
многу побитно според мене е да се примени закон за потекло на парите (само не знам дали на олигарсите, политичките гарнитури, криминалците..ќе им одговара), се друго е мачкање очи и делумно полнење на ептен празниот буџет со пари од сиромашните граѓани.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom