Зависи. Ако видам нешто што стварно ми се свиѓа, и е ефтино, ќе го купам. Ако најдам нешто во што буквално ќе се заљубам на прв поглед, ќе го купам. Затоа што не заработувам, може и да се случи мајка ми да искоментира нешто за да ме предомисли, но во моја корист е тоа што паѓа на треп-треп. Но да купам нешто што не ми се свиѓа затоа што е ефтино, подобро ќе носам стара и искината гардероба се додека ми се свиѓа. Кај мене може да се најде и нешто премногу скапо и нешто за кое сеуште не ми се верува како е можно да било толку ефтино а преубаво. Во принцип, Скопје и не изобилува со премногу скапа гардероба.