MorrisonKA
You need a fucking hobby, bitch!
- Член од
- 23 март 2007
- Мислења
- 815
- Поени од реакции
- 27
,,Гарванот‘‘ е напишана пред смртта на неговата жена, така да мотивот за стиховите сигурно не е од неговиот личен живот. Инаку самиот По дава објаснување и анализа за тематиката во ,,Философија на композицијата‘‘, еден од неговите есеи од значење за теоријата на литературата.Едгар Алан По, контроверзен, талентиран но и без сомнение еден од најнесреќните американски писатели на кој поемите изобилуваат со очај, тага и жалење. Многу го почитувам овој писател поради делото "Гарванот", бидејќи поемава е напишана во неговиот најболен период кога ја загубил личноста која најмногу му значела. А често употребуваниот збор-nevermore ги предизвикува емоциите на очај кај По, а со секое повторено nevermore, барем кај мене предозвикува интензивно растење на емоциите...и мислам дека побудува многу скриени емоции кај сите што ја имаат прочитано поемава...
,,Се прашав самиот себеси- од сите најтажни теми која би била, според општо мислење, најтажна? Сосема разбирливо, одговорот беше смртта. А, кога таа најтажна тема би била и уште попоетична -се прашував понатаму. Кога ќе се поврзе со убавината...Според тоа, смртта на убавата жена е, без колебање, најпоетична тема на светот.‘‘
Инаку, расказите се феноменални. Лично јас ги сакам повеќе од поезијата.